Ричард Вебер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Д-р Ричард Вебер
Dr. Richard Webber
лик од Вовед во анатомија
Џејмс Пикенс Џуниор како Ричард Вебер
Прво појавувањеA Hard Day's Night
СоздавачШонда Рајмс
ТолкуваЏејмс Пикенс Џуниор
Информации
ЗвањеШеф на хирургија, Доктор по медицина, F.A.C.S..
ЗанимањеХирург по општа хирургија во Сиетл Грејс
СопружникАдел Вебер (жена)
Д-р Елис Греј (љубовница/љубовна афера)
ДецаНема

Ричард Вебер (англиски: Richard Webber) е име на измислен лик од телевизиската серија на ABC Вовед во анатомија. Ликот го толкува глумецот Џејмс Пикенс Џуниор. Тој е шеф на хирургија.

Позадина[уреди | уреди извор]

Водел мирен и добар живот. Не е познато каде завршил факултет или што било друго поврзано со неговото многу далечно минато. Откако ја запознал Адел тој почнува врска со неа и стапуваат во брак. За време на своето стажанството кое го поминал со Сиетл Грејс тој ја запознава Елис Греј и почнува тајна врска со неа. Иако двајцата биле во брак тие биле страствено заљубени меѓу себе. Елис била толку решена да се омажи за Ричард и затоа го оставила Тачер Греј а ја задржила Мередит. Но Ричард немал доволно храброст да се разведе од Адел и затоа ја оставил Елис велејќи дека тоа била добра одлука за животот на Елис бидејќи тој секогаш и бил само пречка да успее во тоа што сака. Но иако Ричард верува дека и помогнал на Елис тој од тага станал алкохоличар. Почнува да посетува состаноци за анонимни алкохоличари. Таму запознава една жена со која има мала врска. Откако опоравува станува шеф на хирургија во Сиетл Грејс. Жената од анонимните алкохоличари е примена во болницата во втората сезона и таму Ричард пред цел медицински персонал покажува дека е алкохоличар бидејќи оди на уште еден состанок со жената. По се Ричард мисли дека сепак успеал да води нормален живот бидејќи Адел сѐ уште го сака сè додека Ричард не дознава шокантна вест на финалето во втората сезона а тоа е дека Адел знаела се дури и за аферата со Елис и изјавува дека отсега нивниот брак ќе се смени. Со крајот на втората сезона ова останува нерешено.

Краток преглед[уреди | уреди извор]

Историја на ликот[уреди | уреди извор]

Прва сезона[уреди | уреди извор]

Најважни работи во оваа сезона за Ричард:Неговата болест и операцијата на мозокот.

Ричард Вебер како шеф на хирургијата во Сиетл Грејс секогаш доведува строги правила и секогаш се грижи што ќе биде со болницата. Кога Ричард првпат ја сретнува Мередит (а тоа е на нејзиниот прв ден на работа) веднаш забележува дека Мередит Греј е ќерка на Елис Греј. По ова почнува повеќе да се распрашува за тоа каде е сега Елис Греј. Тајната што ја крие е дека тој имал тајна врска со Елис но Мередит сѐ уште не го знае тоа. Ричард покажува дека кога ќе си оди во пензија ќе го постави Дерек за шеф на хирургија а не Бурк. Бурк е лут и постојано бара објаснување зошто Ричард повеќе го претпочита Дерек, но кога Ричард вели дека тоа не е така туку дека само Бурк не работи прекувремено и е многу арогантен за разлика од Дерек, Бурк почнува целосно да се менува. Во оваа сезона Ричард признава дека е стар и дека неговиот живот е пропаст и му кажува на Бурк дека тој е како него мисли само на работата и заслугите и не сака да направи ништо повеќе во животот. Признава и дека неговата човечка половина полека исчезнува и дека е само обична машина без чувства во човечко тело.

Втора сезона[уреди | уреди извор]

Трета сезона[уреди | уреди извор]

Четврта сезона[уреди | уреди извор]

Петта сезона[уреди | уреди извор]