Белоглав мршојадец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Белоглав мршојадец
Во американска зоолошка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
Фамилија: Accipitridae
Род: Gyps
Вид: Белоглав мршојадец
Биномен назив
Gyps fulvus
(Hablizl, 1783)
Dark green: areas of year-round habitation

Белоглавиот мршојадец (Gyps fulvus) е голема птица, која спаѓа во фамилијата на јастребите. Ја има во Македонија.

Опис[уреди]

Белоглавиот мршојадец е долг 93-122 cm, и со распон на крилјата од 2,3-2,8m. Maжјаците тежат 6,2-10,5kg, а женките 6,5-11,3 kg.[2][3] Типичниот стар вид на мршојадците е со бела глава, со голем распон на крлјата и краток опаш. Тие имаат бел грб и жолтеникава боја преку целото тело. Имаат големо тело и темни пердуви.

Живеалиште[уреди]

Како и другите мршојадци тој е чистач и главно се храни од мртвите животни кои ќе ги забележат бидејќи тие најчесто се движат во јата. Живеат на карпите и од таму имаат голем преглед на просторот. Максималниот животен век на еден мршојадец е 41 година[4] за примерок во заробеништво.

Размножување[уреди]

Женките најчесто се гнездат на карпи и несат по едно јајце. Го лежат двата родитела, а инкубацијата трае 48-53 дена. Младенчето го напушта гнездото на возраст од 3 месеца.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. IUCN redlist.
  2. Raptors of the World by Ferguson-Lees, Christie, Franklin, Mead & Burton. Houghton Mifflin (2001), ISBN 0-618-12762-3
  3. Ali, S. (1993). „The Book of Indian Birds“. Bombay: Bombay Natural History Society. ISBN 0-149-563731-3. 
  4. Carey, James R.. „Longevity Records: Life Spans of Mammals, Birds, Amphibians, Reptiles, and Fish“. „Monographs on Population Aging, 8“. Odense University Press. http://www.demogr.mpg.de/longevityrecords/0303.htm. конс. 13 септември 2011. 

Надворешни врски[уреди]