Новак Ѓоковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Новак Ѓоковиќ
Novak Djokovic Hopman Cup 2011.jpg
Прекар Ноле, Џокер
Земја  Србија
Место на живеење Монте Карло, Монако
Дата на раѓање 22 мај 1987
Место на раѓање Белград, Србија
Висина 1.88м
Тежина 80 кг
Професионалец 2003
Игра со десна рака
Заработка $45.686.497
Синглови
Резултат: 582-138
Титули во кариера: 35
Највисок дострел: Бр. 1 (4 јули 2011 година)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен П (2008, 2011, 2012, 2013)
Ролан Гарос Ф (2012, 2014)
Вимблдон П (2011, 2014)
УС Опен П (2011)
Двојки
Резултат: 34-49
Титули во кариера: 1
Највисок дострел: Бр. 114 (30 ноември 2009 година)

Инфокутијата е последен пат надоградена на:
27 јануари 2013.

Медали
Тенис во машка конкуренција
Натпреварувач за  Србија
Олимписки Игри
Бронза 2008 Пекинг Синглови

Новак Ѓоковиќ (српски: Новак Ђоковић / Novak Đoković; р. 22 мај 1987) е професионален тенисер од Србија.

Тој има освоено седум Гренд Слем титули, 2008, 2011, 2012 и 2013 година на Австралијан Опен, 2011 и 2014 на Вимблдон и 2011 на УС Опен со што стана првиот тенисер кој ја претставувал Србија и освоил Гренд Слем титула во поединечна категорија, и најмладиот играч кој стигнал до полуфинале на еден Гренд слем тунир, одделно и последователно.[1] Тој е исто така еден од четирите играчи (заедно со Давид Налбандијан, Давид Ферер и Рафаел Надал) кој го победил Роџер Федерер трипати во една календарска година. Тој е исто така еден од трите играчи (заедно со Налбандијан и Николај Давиденко) кој ги победил и Федерер и Надал во еден ист турнир двапати, постигнувајќи го тој подвиг кога го освои илјадитиот Мастерс во Индијан Велс во 2011 година. Тој е исто така најмладиот играч од поновата ера кој ги победил трите најдобри тенисери еден по друг кога во Роџерс купот во 2007 година тој ги победи третиот во светот Енди Родик, вториот Рафаел Надал и првиот Роџер Федерер. Тој е еден од двајцата играчи кои го победиле Федерер во полуфиналната фаза или подоцна на еден Гренд Слем турнир, како и на последователни турнири (покрај Надал). Ѓоковиќ беше вицешампион на отворениот турнир во САД во 2007 и во 2010 година (последователно по Федерер и Надал), и освои бронзен медал претставувајќи ја Србија на Олимписките игри во 2008 година. Во продолжение Ѓоковиќ го освои тенискиот Мастерс куп во 2008 година и победи на осум турнири од Мастерс сериите. Во 2010 година тој ја водеше Србија до победата во Дејвис купот. Ѓоковиќ ги завршуваше АТП турнирите како број 3 во светот четири последователни години од 2007 до 2010 година. Од финалето во Дејвис купот во 2010 година до Мастерсот во Рим во 2011 година Ѓоковиќ направи низа од 36 последователни победи, што ги вклучува титулите на Австралијан Опен, Дубаи, Мастерсот во Индиан Велс, Србија Опен и Мастерсот во Мадрид. Тој победи на 41 последователни натпревари од почетокот на 2011 година, што е втора најдолга низа од почетокот на годината од 1980 година зад Џон Мек Енроу (42-0 во 1984 година). Тој е двоен добитник на наградата најдобар спортист во Србија и најдобар спортист според Олимпискиот Комитет на Србија. Тој се смета за најдобриот машки (видете исто така и за освојувачката на 9 Гренд Слем титули Моника Селеш) тенисер кој произлегол од Србија и поранешна Република Југославија. Ѓоковиќ беше наградуван со Орденот на Св. Сава најголемиот орден на СПЦ.

Биографија[уреди]

Новак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година од родителите Срѓан и Дијана Ѓоковиќ. Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, се исто така тенисери со професионални аспирации. Тој е во врска со Јелена Ристиќ изминативе пет години.[2] Тој започна да игра тенис на четири години, и беше забележан од југословенската тениска легенда Јелена Генчиќ на осумгодишна возраст, која изјави: ова е најголемиот талент кој сум го видела од Моника Селеш.[3][4] На 12 годишна возраст тој помина 3 месеци во тениската академија на Никола Пилиќ во Минхен, Германија, а на 14 години, започна неговата меѓународна тениска кариера, победувајќи на европскиот шампионат во поединечна, дубл и тимска конкуренција. Тој моментално живее во Монте Карло, Монако каде што го тренира поранешниот Словачки тенисер, Мариан Ваида; во август 2009 година тој исто така почна да работи со поранешниот американски тенисер кој се наоѓаше во топ петте во светот Тод Мартин. Ѓоковиќ е исто така познат по неговите хумористични имитации на неговите пријатели помеѓу играчите надвор од теренот, повеќето од кои се негови пријатели. Ова стана видливо за тенискиот свет по неговата победа во 2007 година на УС Оупен во четвртфиналето над Карлос Моја, каде што ја забавуваше публиката имитирајќи го Рафаел Надал и Марија Шарапова. Тој исто така направи и имитација на тенискиот великан Џон Мек Енроу по завршувањето на неговиот финален прелиминарен натпревар на УС Опен во 2009 година, пред да одигра краток натпревар со Мек Енроу, најмногу поради задоволството на публиката. Поради неговиот добродушен карактер тој го заработи прекарот “Џокер” врз основа на неговото презиме и зборот шегаџија (Џокер).

Тениска кариера[уреди]

Рана кариера[уреди]

Како член на националниот тим на СР Југославија тој стигна до финалето на Јуниорскиот Дејвис Куп до 14 години во 2001 година, каде што го загуби мечот во поединечна категорија. На почетокот на неговата професионална кариера Ѓоковиќ главно играше во групната фаза на турнирите, освојувајќи по три од секој од нив од 2003 до 2005 година. Неговиот прв турнир за пласман беше во Умак во 2004 година, каде што се соочи со Фелипо Воландри во 32-та рунда каде загуби со 6-7 и 1-6. За прв пат се појави на еден Гренд Слем турнир квалификувајќи се за Австралијан Опен во 2006 година каде се сретна со Марат Сафин како негов противник во првата рунда каде што загуби со 6-0, 6-2 и 6-1. Сафин продолжи понатаму и го освои турнирот.

2006 година[уреди]

Можноста за неговата петчлена фамилија да се пресели од Србија и да живее во Британија внесе огромна внимание од јавноста. Сите тие гласини не влијаеја на играта на Ѓоковиќ. Тој набргу стигна до 40-тото место на светската ранг листа поради пласманот во четврфиналето на Ролан Гарос, пласманот во четвртата рунда на Вимблдон. Три недели после Вимблдон, тој ја освои својата прва титула на Дач Оупен во Амстердам без да загуби ниту еден сет, победувајќи го Николас Масу во финалето. Ѓоковиќ ја освои неговата втора титула во кариерата на Оупен де Моселје во Мец и дојде до првите дваесет во светот за прв пат во неговата кариера.

2007 година[уреди]

Ѓоковиќ ја започна годината победувајќи на турнирот во Аделаид, победувајќи го Австралиецот Френк Гукон во финалето, за потоа да изгуби во четвртата рунда на Аvстралијаn Опен од наредниот шампион Роџер Федерер во два сета. Неговите достигнувања при појавувањата на турнирите во Мастерс сериите во Индијан Велс, Калифорнија и Ки Бискејн, Флорида, каде беше вицешампион и шампион последователно, го ставија во десетте најдобри тенисери во светот. Ѓоковиќ го загуби финалето во Индијан Велс од Рафаел Надал, но го победи Надал во Ки Бискејн во четвртфиналето пред да го победи Гилермо Канастор за титулата во финалето. Веднаш по неговата прва титула во Мастерс сериите тој се врати дома за да и помогне на својата земја да стигне до светската група во Дејвис Купот. Србија се соочи со Грузија и Ѓоковиќ донесе поен со победата над Џорџ Чантуриа. Ова беше турнир каде што тој се подготвуваше за сезоната за игрите на песок. Ѓоковиќ играше и во Мастерс сериите на Монте Карло Опен, каде што беше поразен од Давид Ферер во третата рунда, и во Есторил Опен, каде што го победи Ричард Гаске во финалето. Ѓоковиќ потоа стигна до четвртфиналињата на двете Интернационал д Италија во Рим и во Мастерс сериите во Хамбург но губеше од Надал и Карлос Моја последователно. На Ролан Гарос Ѓоковиќ стигна до своето прво Гренд Слем полуфинале каде што загуби од подоцнежниот шампион Надал. За време на Вимблдон Ѓоковиќ победи во петчасовен меч со Маркос Багдатис со 7-6, 7-6, 6-7, 4-6, 7-5. Во неговиот прв полуфинален меч со Надал тој мораше да се откаже поради проблеми со стапалото и грбот.

Ѓоковиќ продолжи освојувајќи ги Мастерс Сериите во Роџерс Купот во Монтреал. Тој го победи третиот тенисер во светот Енди Родик во четврфиналето, вториoт во светот Надал во полуфиналето, и првиот во светот Федерер во финалето. Ова беше прв пат некој играч да ги победи прворангираните три тенисери во светот на еден турнир од Борис Бекер во 1994 година. Ѓоковиќ беше исто така само вториот играч, после Томаш Бердих кој ги победил и Федерер и Надал откога тие станаа двајцата најдобри тенисери во светот. После овој турнир Бјорн Борг изјави дека Ѓоковиќ е “дефинитивно кандидат за освојување на Гренд Слем турнир.[5] Меѓутоа, турнирите кои следуваа во Западниот и Јужниот Фајненшл Груп Мастерс во Синсинати, Охајо, Ѓоковиќ изгуби во втората рунда од Моја во два сета. Ѓоковиќ сепак стигна до финалето на УС Опен. Ѓоковиќ имаше пет сет топки во првиот и две сет топки во вториот сет но ги загуби и двата од прворангираниот Федерер во два сета. За време на турнирот во 2007 година Ѓоковиќ се појави како фаворит на фановите со неговите имитации на другите играчи на теренот вклучувајќи ги оние на Рафаел Надал, Енди Родик и Марија Шарапова.

2007 УС Опен

Ѓоковиќ ја освои петата титула во таа година на БиЕј-СиЕј тенискиот трофеј во Виена победувајќи го Станислас Вавринка во финалето. Неговиот нареден турнир беше Мутуа Мадрилеина Мастерс во Мадрид, каде што загуби од Давид Налбандијан во полуфиналето со 6-4, 7-6. Ѓоковиќ ја заврши годината како трет во светот со што се квалификуваше за завршницата на Тенискиот Мастерс Куп на крајот од годината но не ги помина мечевите во групната фаза. Тој доби златен беџ, награда за најдобар атлет на Србија а Олимпискиот Комитет на Србија го прогласи за најдобар спортист.

2008 година[уреди]

Ѓоковиќ на Род Лавер Арена за време на Aустралија Оупен во 2008 година

Ѓоковиќ ја започна годината играјќи во Хопман купот заедно со неговата пријателка Србинката Јелена Јанковиќ која е број 3 во светот. Тој ги доби сите натпревари во мечевите за својот тим со што тимот стана прв носител, стигнувајќи во финалето. Во финалето изгубија од вториот тим-носител Американскиот тим кој се состоеше од Серена Вилијамс и Марди Фиш. На Аустралија Опен Ѓоковиќ стигна до финалето без ниту еден изгубен сет, вклучувајќи ја и победата на двојниот бранител на овој турнир Роџер Федерер во полуфиналето, за да стигне во своето второ Гренд Слем финале по ред, со достигнувањето на полуфиналето Ѓоковиќ стана најмладиот играч кој стигнал до полуфиналињата на сите четири Гренд Слем турнири. Во финалето Ѓоковиќ го победи Французинот Џо-Вилфред Цонга кој не беше носител за да ја освои првата титула за Србија во еден Гренд Слем турнир во поединечна конкуренција во четири сета, 4-6, 6-4, 6-3, 7-6.[6] Ова беше одбележано по тоа што титулата на Аустралија Опен не беше освоена ниту од Федерер ниту Надал кои ја освојуваа од 2005 година до тогаш. Нредниот резултат на Ѓоковиќ му беше на Барклајс Тенискиот шампионат во Дубаи, каде што загуби во полуфиналето од Енди Родик.

Ѓоковиќ на Пацифик Лајф Опен во 2008 година

На Мастерс сериите на Пацифик Лајф Опен во Индијан Велс, Калифорнија, Ѓоковиќ ја освои својата деветта титула во кариерата во поединечна конкуренција, победувајќи го Американецот Марди Фиш во финале од три сета. Ѓоковиќ ја освои неговата десетта титула во кариерата во поединечна конкуренција и неговата четврта круна во Мастерс сериите на Интернационал д Италија во Рим. Наредната недела на Мастерсот во Хамбург, Ѓоковиќ загуби од Надал во полуфиналето. На Ролан Гарос во Париз, Ѓоковиќ беше трет носител зад Федерер и Надал. Ѓоковиќ загуби од Надал во полуфиналето во два сета. На трева Ѓоковиќ уште еднаш се соочи со Надал, овој пат на шампионатот Артоис во финалето во Квинс клубот, Лондон, каде загуби со 7-6, 7-5. На Вимблдон Ѓоковиќ беше трет носител, меѓутоа, загуби во втората рунда од Марат Сафин: со ова беше прекината серијата од пет последователни Гленд Слем турнири каде стигнуваше барем до полуфиналето.

Кога го освои Мастерс купот

Ѓоковиќ потоа не успеа да ја одбрани неговата титула од 2007 година во поединечна конкуренција на Роџерс купот во Торонто. Тој беше елиминиран во четвртфиналето од Енди Мареј со 6-3, 7-6. Наредната недела на Мастерсот на Западната и Јужна Финансиска Група во Синсинати, Охајо, Ѓоковиќ се пласираше во финалето победувајќи го Надал, а во финалето повторно загуби од Мареј во два сета. Неговиот следен турнир беше Олимпијадата во Пекинг]], неговата прва Летна Олимпијада. Тој и Ненад Жимониќ беа втори носители во дубл за мажи, а беа елиминирани во првата рунда од Чешкиот пар Мартин Даманд и Павел Вишнер. Како трет носител во поединечна конкуренција, Ѓоковиќ загуби во полуфиналето од Надал со 6-4, 1-6, 6-4. Ѓоковиќ потоа го победи Џејмс Блејк, поразениот од другиот полуфинален меч, во натпревар за бронзениот медал со 6-3, 7-6. По Олимпијадата Ѓоковиќ влезе на УС Опен како трет носител. Тој заработи неколку повреди за време на натпреварите на турнирот поттикнувајќи досетка од Енди Родик дека Србинот има “16 повреди” вклучувајќи САРС, птичји грип и вообичаена настинка. Ѓоковиќ го победи Родик во четвртфиналето, и во интервју после мечот изрази неодобрување на коментарите на Родик зголемувајќи ја подршката од публиката во Њу Јорк. Неговата серија на УС Опен заврши кога беше поразен во полуфиналето од Роџер Федерер со 6-3, 5-7, 7-5, 6-2 во реванш од финалето на УС Опен во 2007 година. Ѓоковиќ играше четири турнири после УС Опен. Во реванш од финалето на Австралија Опен, тој загуби во финалето на Тајланд Опен од Џо-Вилфред Цонга во два сета. Во ноември Ѓоковиќ беше втор носител на последниот тениски Мастерс куп во Шангај бидејќи Надал не можеше да учествува. Во првиот меч од групата на турнирот тој го победи Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро во два сета. Потоа го победи Николај Давиденко во три сета, пред да го загуби последниот меч во групата против Цонга со 1-6, 7-5, 6-1. Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето победувајќи го Жиле Симон 4-6, 6-3, 7-5. Во финалето Ѓоковиќ го победи Давиденко повторно за да ја освои неговата прва тениска Мастерс куп титула.


2009 година[уреди]

Ѓоковиќ ја започна годината на Бризбејн Интернешнл во Бризбејн, каде што беше изненаден од Ернест Губи во првата рунда.[7] На Медибанк Интернешнл во Сиднеј тој загуби од Јарко Ниеминен во полуфиналето. Ѓоковиќ ќе беше број 2 во светот доколку го победеше овој меч. Како бранител на титулата на Австралијан Опен, Ѓоковиќ се повлече од неговиот четвртфинален меч со поранешниот број 1 во светот Енди Родик додека губеше во четвртиот сет со 6-7, 6-4, 6-2, 2-1 поради исцрпеност од жештината, грчеви во мускулите и болка. Неговото повлекување навлече критики од неколкуте играчи кои останаа на турнирот, вклучувајќи го и Роџер Федерер. Откако загуби во полуфиналето на Оупен 13 турнирот во Марсеј од Џо-Вилфред Цонга, Ѓоковиќ ја освои титулата во поединечна конкуренција на тенискиот шампионат во Дубаи, победувајќи го Давид Ферер за да ја освои својата дванаесетта титула во кариерата. Наредната недела Ѓоковиќ беше шампионот кој ја брани титулата во БиЕнПи Парибас Опен во Индијан Велс, Калифорнија, илјадитиот настан на светската АТП Мастерс турнеја, но загуби од Родик во четвртфиналето со 6-3, 6-2. На Сони Ериксон Опен во Ки Бискејн, Флорида, уште еден илјадити светски АТП Мастерс турнир Ѓоковиќ го победи Федерер во полуфиналето 3-6, 6-2, 6-3 пред да загуби од Енди Мареј во финалето.

Ѓоковиќ за време на УС Опен во 2009 година

Ѓоковиќ стигна до финалето на наредниот светски АТП Мастерс 1000 турнир, на Ролекс Мастерс во Монте Карло на песок, каде загуби од Рафаел Надал во финалето. На Интернационал ДиЕнБи д Италија во Рим, уште еден турнир од Светската АТП Мастерс турнеја, Ѓоковиќ беше бранител на трофејот, но уште еднаш загуби во финалето од Роџер Федерер. Ова предизвика Ѓоковиќ да се симне до четвртото место на АТП листата на 11 мај, завршувајќи 81 последователна недела како трет во светот. Ѓоковиќ беше прв носител на турнирот во неговиот роден град на Србија-Оупен во Белград. Тој го победи финалистот по прв пат, Лукаш Кубот за да ја освои својата втора титула во таа година. Како трет носител на Мутуа Мадриеина Мадрид Опен, Ѓоковиќ се пласираше во финалето без изгубен сет. Таму се соочи со Надал за трет пат во пет недели и, покрај трите меч топки изгуби со 3-6, 7-6, 7-6. Натпреварот, со 4 часа и 2 минути, беше најдолгиот меч во три сета во поединечна конкуренција на светската АТП турнеја во поновата ера. На Ролан Гарос тој загуби од Германецот Филип Колшраибер во третата рунда со 6-4, 6-4,6-4. Ѓоковиќ ја започна сезоната на трева на Гери Вебер Опен, каде после повлекувањето на Федерер, тој се натпреваруваше како прв носител. Тој се пласира во финалето, каде што загуби од Германецот Томи Хас. Ѓоковиќ исто така згуби од Хас и во четвртфиналето на Вимблдон со 7-6, 7-6, 4-6, 6-3. За време на Ју Ес отворените серии, Ѓоковиќ стигна до четвртфиналето во Роџерс купот во Монтреал пред да загуби од Енди Родик со 6-4, 7-6. Ова беше негов трет пораз од Родик таа година. На Мастерсот на Западната и Јужната Финансиска група во Синсинати, Ѓоковиќ го победи третиот во светот Рафаел Надал во полуфиналето со 6-1, 6-4 за да стигне до своето второ едноподруго финале на ова натпреварување. Тој загуби во финалето од светскиот рекет број 1 Роџер Федерер со 6-1, 7-5. На УС Опен во 2009 година, Ѓоковиќ стигна до полуфиналето притоа губејќи само два сета, победувајќи ги таквите како Иван Љубичиќ, 15 носител Радек Штепанек и 10 носител Фернандо Вердаско на патот до полуфиналето. Сепак тој загуби од Федерер во полуфиналето во тешка и тврда средба со 7-6, 7-5, 7-5. Ѓоковиќ потоа учествуваше во Чајна Опен во Пекинг. Тој го победи Виктор Ханеску, Виктор Троицки, Фернандо Вердаско и Робин Содерлинг на патот до финалето, каде го победи Мартин Чилиќ во два сета 6-2, 7-6 освојувајќи ја третата титула таа година. Ѓоковиќ го достигна 3-тото место во светот на 19 октомври, како резултат на неговата изведба на овој турнир.и повлекувањето на Енди Мареј од Шангај Мастерс во 2009 година. На воведот во Шангај АТП Мастерс 1000 Ѓоковиќ загуби во полуфиналето од шестиот носител и подоцнежен шампион Николај Давиденко со 6-4, 4-6, 6-7 во меч од 3 часа. На Давидоф Свис Индорс во Базел, Ѓоковиќ го доби првиот меч во кариерата неречен дупли ѓеврек победувајќи го Јан Хенрих со 6-0, 6-0 за пласман во четврт-финалето. Таму се врати од дефицит од еден сет и еден брејк до победа против Станислас Вавринка во четврт-финалето, 3-6, 7-6, 6-2. Во полуфиналето тој спаси три меч топки за да дојде до победа против Радек Штепанек, 6-7, 7-5, 6-2. Во финалето тој го победи домашниот фавотит и бранителот на три титули во ова натпреварување Роџер Федерер со 6-4, 4-6, 6-2 за да ја освои четвртата титула таа година. Со таа победа Ѓоковиќ го задржа перфектниот резултат од 15-0 на Светските АТП 500 турнири во 2009 година. На последниот Мастерс 1000 настан во годината БиЕнПи Парибас Мастерс во Париз, Ѓоковиќ конечно ја освои својата прва титула во Мастерс 1000 таа година. Го победи Рафаел Надал со 6-2, 6-3 во полуфиналето во 77 минути удурајќи 31 винер на пат кон победата. Во финалето Ѓоковиќ издржа неколку враќања во мечот од страна на Гаел Монфис конечно преовладувајќи, 6-2, 5-7, 7-6. Ближејќи се кон крајот на годината, финалето на АТП светската турнеја во Лондон бранителот на титулата Ѓоковиќ го победи Николај Давиденко во неговиот прв натпревар во групата 3-6, 6-4, 7-5, зголемувајќи ја својата победничка серија на 11 мечеви. Неговата серија беше сепак прекината во вториот меч, каде Ѓоковиќ кој изгледаше уморно изгуби за прв пат во неговиот шести меч во кариерата против Робин Содерлинг, 7-6, 6-1. И покрај победата против Рафаел Надал, 7-6, 6-3 во финалниот меч Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналето поради процентот на добиени сетови кој беше инфериорен со оној на Давиденко во нерешениот резултат помеѓу Содерлинг, Давиденко и Ѓоковиќ (сите тројца ја завршија оваа фаза со учинок од 2-1). Ѓоковиќ ја заврши годината како трет во Светот, трета година по ред. Ѓоковиќ одигра 97 натпревари за време на целата година повеќе од било кој играч на АТП светската турнеја со резултат 78-19 победи наспрема порази. Во продолжение како предводник на АТП светската турнеја во победи во мечевите, тој ги достигна најдобрите во кариерата 10 финалиња, освојувајќи 5 титули.

2010 година[уреди]

Ѓоковиќ ја започна годината играјки во Којонг Класик, егзибиционистички настан. Во неговиот прв натпревар тој го победи Томи Хас, но изгуби од Фернандо Вердаско во вториот. Ѓоковиќ учествуваше во егзибиционен натпревар против Австралиецот Бернард Томиќ кој е 291 во светот и загуби. На Австралијан Опен, Ѓоковиќ беше елиминиран во четврт-финалето од Џо-Вилфред Цонга во пет сета 6-7, 7-6, 6-1, 3-6, 1-6 борејки се со болката од почетокот на мечот и од четвртиот сет па натаму.[8] И покрај поразот Ѓоковиќ го достигна највисокото место во кариерата број 2 во светот.

Ѓоковиќ на Роџерс купот во 2010 година

Тој стигна до полуфиналето на Светскиот Турнир ЕЈБиЕн АМРО во Ротердам, каде загуби од Михаил Јужни 6-7, 6-7, и покрај тоа што имаше сет топка во вториот сет каде се играше тај брејк. На тенискиот шампионат во Дубаи во О.А.Е., Ѓоковиќ стигна до неговото второ последователно финале на овој турнир откако ги победи своите противници во 3 сета од првата рунда па натаму. Во финалето тој го победи Русинот Михаил Јужни 7-5, 5-7, 6-3 со што ја освои првата титула таа година. Ова беше прв пат во неговата кариера да одбрани една титула. Тој потоа учествуваше во Дејвис купот за Србија во пресметката против САД на песок во Белград. Тој и помогна на Србија да стигне до своето прво четврт-финале во еден Дејвис куп со победата од 3-2, победувајќи го Сем Кереј во четири сета, и Џон Ишнер во пет сета. Ѓоковиќ потоа учествуваше во првиот Мастерс 1000 настан таа година во Јужна Америка. На БиЕнПи Парибас во Индијан Велс, тој загуби во четвртата рунда од подоцнежниот шампион Иван Љубичиќ 5-7, 3-6. На Сони Ериксон Оупен во Мајами, тој претрпе шокантен пораз, губејќи го својот прв меч од Оливие Рохус 2-6, 7-6, 4-6. Ова беше неговиот прв пораз уште во првата рунда од поразот од Фабрик Санторо на БиЕнПи Парибас Мастерс во 2007 година. Ѓоковиќ тогаш објави дека престанал да работи со Тод Мартин како негов тренер. Тој призна дека Мартин направил обид да го смени неговото движење при сервисот, мала промена во техниката што предизвикало тој да направи голем број на дупли грешки за време на неговите мечеви и значително да ја намали заканата при сервирањето. Во неговиот прв турнир на песок таа година Ролекс Мастерсот во Монте Карло топ носителот Ѓоковиќ стигна до полуфиналето со победата над Станислас Вавринка и Давид Налбандијан кој се наоѓаше во одлична форма. Во полуфиналето тој загуби за прв пат во неговите пет средби со Фернандо Вердаско 2-6, 2-6. Ѓоковиќ повторно загуби од Вердаско на Интернационал БиЕнЕл д Италија во Рим, овој пат во четврт-финалето 6-7, 6-3, 4-6. Ѓоковиќ подоцна рече дека неговата моментална форма е ограничена од алергиите кои ги има во последните два месеци. Како шампион бранител на турнирот во неговиот роден град, Србија Опен во Белград, тој се повлече во четврт-финалето додека губеше од 330 во Светот Филип Краијновиќ со 4-6. Тој подоцна најави и повлекување од Мутуа Мадрилеина Опен во Мадрид поради болест. Ѓоковиќ настапи на Ролан Гарос како трет носител. Тој ги победи Евгениј Королев, Кеи Нишикори, Виктор Ханеску и Роби Гинепри на патот до четврт-финалето каде загуби од Јурген Мецер во пет сета 3-6, 2-6, 6-2, 7-6, 6-4. Кога Мецер сервираше за победа во мечот при 5-4 во петтиот сет, Ѓоковиќ удри форхенд дијагонала што би му донела предност од 0-30. Подоцнежната одлука утврдена од судијата Карлос Бернандез беше аут, одлука на која Ѓоковиќ негодуваше. Ѓоковиќ го загуби поенот и мечот. Подоцнежното испитување соколово око покажа дека Ѓоковиќ бил во право и дека топчето навистина било внатре; тоа беше прв пат Ѓоковиќ да загуби еден Гренд Слем натпревар во поединечна конкуренција откако ги добил првите два сета. Ѓоковиќ уште еднаш влезе на шампионатот во Вимблдон како трет носител, го победи Оливие Рохус, Тејлор Дент, Алберто Монтанес, Лејтон Хјуит, Јен Хсу Лу на патот до полуфиналето, каде загуби од Томаш Бердих во три сета 6-3, 7-6, 6-3. Ѓоковиќ потоа се натпреваруваше на Роџерс купот во Торонто каде што се соочи со Роџер Федерер во полуфиналето и загуби 6-1, 3-6, 7-5. Ѓоковиќ исто така се натпреваруваше во дубл со Рафаел Надал во своевремено, високопрофилно партнерство. Ова беше прв пат после 1976 година Кога Џими Конорс и Артур Аше како број еден и број два се споија правејќи дубл дрим тим. Меѓутоа, тие изгубија во првата рунда од Канаѓаните Милош Раонич и Васек Пописил. Ѓоковиќ загуби во четврт-финалето на Мастерсот на Западната и Јужна Финансиска Група во Синсинати од Енди Родик.

Ѓоковиќ за време на меч од Дејвис купот против Чешка
Ѓоковиќ на УС Опен 2010 година

Како трет носител на УС Опен, Ѓоковиќ беше многу блиску до пораз во првата рунда, кога заостануваше два сета и уште еден му требаше за да изгуби, брејк во четвртиот сет и неколку брејк поени кои би го оставиле пократок за два брејка во четвртиот сет за да го победи својот сонародник Виктор Троицки во средината на екстремната жештина. Ѓоковиќ на крајот победи 6-3, 3-6, 2-6, 7-5, 6-3. Потоа тој ќе ги победи Филип Печнер, Американците Џејмс Блејк и Марди Фиш и 17 носител Гаел Монфис сите во три сета за да стигне до полуфиналето на УС Опен четврта година по ред. Во полуфиналето тој се соочи со Роџер Федерер, од кого изгуби во финалето во 2007 и 2008 година и во полуфиналето во 2009 година. Многу блиску до пораз, Ѓоковиќ се врати до победа 5-7, 6-1, 5-7, 6-2, 7-5, спасувајќи две меч топки при 5-4 на негов сервис во последниот сет. Со победата ја прекина низата од четири последователни порази во Гренд Слем полуфиналињата. Ова исто така беше првата победа на Ѓоковиќ над Федерер на УС Опен во четвртиот обид, и негова прва победа над Федерер во еден Гренд Слем од Австралија Опен во 2008 година. Ова исто така го направи еден од двата играчи кои го победиле Федерер повеќе од еднаш на Гренд Слем турнирите од кога Федерер стана број 1 (другиот е Надал). Ѓоковиќ изгуби од Надал во финалето со 4-6, 7-5, 4-6, 2-6, во меч во кој Надал ја комплетираше својата кариера во освоени Гренд Слем титули. Откако и помогна на Србија да ја победи Чешка со 3-2 за да стигне до финалето на Дејвис купот, Ѓоковиќ се натпреваруваше на Чајна Опен како прв носител и шампион бранител на титулата. Тој ја освои титулата втора година по ред по победата над Маоксин Гонг, Марди Фиш (Американецот се повлече па оваа победа се сметаше за “заминување”), Жиле Симон и Џон Ишнер на патот до финалето. Ѓоковиќ таму го победи осумнаесетиот носител Шпанецот Давид Ферер со 6-2, 6-4. На Мастерсот во ШангајЃоковиќ стигна до полуфиналето каде изгуби од Роџер Федерер со 4-6, 5-7. Ѓоковиќ го одигра својот последен турнир таа година во Финалето на Барклајс АТП Светската Турнеја во Лондон. Ѓоковиќ се наоѓаше во групата А заедно со Рафаел Надал, Томаш Бердих и Енди Родик. Ѓоковиќ го доби неговиот прв меч од групата против Бердих 6-3, 6-3. Потоа се соочи со Надал каде загуби во два сета со 5-7, 2-6. Ѓоковиќ изјави после мечот дека едвај гледал со неговото десно око и дека при 4-4 во првиот сет Ѓоковиќ морал да ги смени контактните леќи. Низ мечот, Ѓоковиќ сменил три вида на контактни леќи во обид да го реши проблемот. Тој го победи Родик со 6-3, 6-2 во последниот меч во групата и беше со сигурност во полуфиналната фаза, завршувајчи втор во својата група за да се намести за вкусна пресметка со Роџер Федерер. Тој загуби од подоцнежниот шампион Федерер со 1-6, 4-6. Ѓоковиќ ја заврши годината на третото место во светот четврта година по ред на оваа позиција. Тој беше награден со титулата “Српски спортист на годината“од страна Олимпискиот Комитет на Србија и “Српски атлет на годината” од страна на Ди Ес Ел спорт.

2011 година[уреди]

Шампион на Австралија Опен 2011


Ѓоковиќ како го држи трофејот на Aвстралија Опен за 2011 година

Во 2011 година Ѓоковиќ започна во австралискиот егзибициски Хопман куп, каде што не загуби ниту еден меч. Ѓоковиќ тогаш продолжи во првиот Гренд Слем турнир таа година турнирот Австралијан Опен 2011, каде што беше трет носител зад Рафаел Надал и бранителот на титулата Роџер Федерер. Тој ја започна неговата кампања на Австралијан Опен победувајќи го Марсел Гранолес во првата рунда со 6-1, 6-3, 6-1 и тогаш продолжи до мечот со Иван Дродиг, победувајќи го во четири сета 7-5, 6-7, 6-0, 6-2. Неговиот колега од Дејвис купот и близок пријател Виктор Троицки се повлече во третата рунда, поради повреда при водство на Ѓоковиќ од 6-2. Во четвртата рунда тој брзо го победи Шпанецот Николас Алмагро повторно победувајќи во три сета 6-3, 6-4, 6-0. Во четврт-финалето тој му се одмазди на Томаш Бердих за поразот на Вимблдон победувајќи го со 6-1, 7-6 (5), 6-1. Потоа тој го победи бранителот на титулата Роџер Федерер во три сета 7-6(3), 7-5, 6-4, за да стигне до финалето каде што го победи Енди Мареј со 6-4, 6-2, 6-3 освојувајќи ја неговата втора титула на] Австралијан Опен и втора Гренд Слем титула.[9] Следниот турнир на Ѓоковиќ беше на АТП светската турнеја Тенискиот шампионат во 2011 година во Дубаи, О.А.Е. каде што беше втор носител. Тој беше двоен бранител на титулата и фаворит за титулата заедно со првиот носител Роџер Федерер. Тој го отпушти Микаел Лодра во едностраната прва пресметка победувајќи 6-3, 6-3. Потоа тој стигна до финалето победуваќи ги Лопез, Маер и Бердих. (кој се повлече). Во финалето тој го победи Федерер во два изненадувачки еднострани сета со 6-3, 6-3 за да го комплетира својот прв хет-трик на титули (со други зборови победувајќи на турнирот три пати по ред) во Дубаи. Ѓоковиќ потоа играше на 2011 БиЕнПи Парибас Опен, прв АТП Мастерс во сезоната, како трет носител. Се пласираше во финалето победубајќи го Роџер Федерер во полуфиналето со 6-3, 3-6, 6-2 за да се намести за пресметка со првиот во светот Рафаел Надал во финалето. Ѓоковиќ ја продолжи неговата убава победничка форма освојувајќи ја Индијан Велс титулата, победувајќи го Надал 4-6, 6-3, 6-2 со што ја зголеми својата победничка серија од финалето на АТП светската турнеја на 20 последователни мечеви. Со победата над Федерер во полуфиналето неговиот ранг скокна до 2 место во светот на 21 март, 2011 година. Како последица на тоа, тој беше втор носител на АТП Мастерс турнирот на годината на Сони Ериксон Опен во Ки Бискејн, Мајами. Ѓоковиќ тогаш успеа да стигне до своето четврто последователно финале таа година, губејќи само 14 гема на патот до него, победувајќи ги Денис Истомин 6-0, 6-1, Џејмс Блејк 6-2, 6-0, Виктор Троицки 6-3, 6-2, Кевин Андерсон 6-4, 6-2 и Марди Фиш 6-3, 6-1. Во финалето Ѓоковиќ го победи Надал 4-6, 6-3, 7-6 (4) во меч кој траеше 3 часа и 21 минута. Со оваа победа Ѓоковиќ ја зголеми својата победничка серија на 26 последователни меча и сеуште немаше пораз во таа сезона. Тој е исто така првиот играч кој победил на Австралијан Опен, Индијан Велс и Мајами Мастерс од кога тоа му успеа на Роџер Федерер во 2006 година. Ѓоковиќ тогаш се повлече од Мастерсот во Монте Карло поради повреда на коленото. После тоа, тој ќе ја отвори сезоната на песок на домашно тло на Србија Опен 2011 во Белград. Како прв носител тој директно се пласираше во втората рунда каде го победи Адриан Унгур со 6-2, 6-3 за да ја отвори кампањата на песок. Во четврт-финалето го победи Блаж Кавчич со 6-3, 6-2. Ова ја зголеми неговата победничка серија на 28. Со повлекувањето на Јанко Типсаревиќ во полуфиналето Ѓоковиќ стигна до своето петто последователно финале каде го победи Фелициано Лопез 7-6(4), 6-2 за нешто повеќе од 2 часа. Ова ја зголеми неговата победничка серија на 29 (27 од почетокот на сезоната). Неговиот следен турнир беше четвртиот АТП Мастерс во годината, Мутуа Мадрилена Мадрид Опен 2011 година. Како втор носител тој директно се пласираше во втората рунда каде го победи Кевин Андерсон со 6-3, 6-4. Во третата рунда тој го растури Гиљермо Гарсија Лопез со 6-1, 6-2 добивајќи 100 % од поените на негов сервис. Во четврт-финалето Ѓоковиќ тешко излезе на крај со шестиот во светот Давид Ферер од Шпанија победувајќи 6-4, 4-6, 6-3. Оваа победа му дозволи на Ѓоковиќ да го помине рекордот на Иван Лендл од 29-0 од почетокот на сезоната. Потоа, тој го победи разиграниот Томаш Белучи 4-6, 6-4, 6-1 во полуфиналето за да се намести за финална пресметка со светскиот рекет број 1 - Рафаел Надaл. Таму, тој го победи Надал во два сета со 7-5, 6-4, зголемувајќи ја победничката серија на 34 (32 победи од почетокот на сезоната).

2012 година[уреди]

2013 година[уреди]

На 6 октомври 2013 година, Ѓоковиќ победил на турнирот во Пекинг, победувајќи го во финалето Надал, во два сета. Но, и покрај победата, тој паднал на второто место на АТП листата, додека на врвот се искачил Надал. Само една недела подоцна, на 13 октомври 2013 година, Ѓоковиќ го освоил 39. трофеј во кариерата, со победата над Хуан Мартин дел Потро во финалето на Мастерс-турнирот во Шангај, со 6-1, 3-6 и 7-6(3) и на тој начин ја одбранил титулата освоена претходната година. Претходно, во полуфиналето, Ѓоковиќ бил поуспешен од Цонга, со 6-2 и 7-5.[10]

2014 година[уреди]

На гренд слем турнирот "Вимблдон", Ѓоковиќ по втор пат ја освоил титулата. Во четврт-финалето го победил хрватскиот тенисер Марин Чилиќ со 3:2 (6-1, 3-6, 6-7, 6-2, 6-2),[11] во полуфиналето бил подобар од бугарскиот тенисер Димитров, додека во финалето го победил Федерер.

Дејвис Куп[уреди]

Во 2006 година, Ѓоковиќ ја оствари одлучувачката победа против Велика Британија победувајќи го Грег Руседски во четири сета во четвртиот меч со што му донесе на својот тим водство од 3-1 во серијата подобар од 5 со што ја задржа Србија и Црна Гора во Првата група од Евро/Африканската зона во Дејвис купот. После овој меч се појавија многу медиумски пријатели од кампот на Ѓоковиќ кои преговараа со Асоцијацијата за тенис на трева за тоа Ѓоковиќ да ја смени меѓународната лојалност со тоа што ќе се приклучи во Британските тениски редови. 19 годишниот Ѓоковиќ кој беше број 63 на АТП листата во тоа време, главно ја негираше вакавата приказна велејќи дека разговорите околу тоа не биле сериозни, опишувајќи ги како “Британците се многу љубезни кон нас после Дејвис купот”. Сепак, нешто повеќе од три години подоцна во октомври 2009 година, Ѓоковиќ потврди дека разговорите помеѓу неговата фамилија и ЛТА (тениската лига во Англија) во април и мај 2009 година биле навистина сериозни.


Британците ми понудија многу можности и им требаше некој бидејќи Енди Мареј беше единсвениот и сеуште е. Тоа сигурно е разочарување за сите пари кои тие ги вложуваат. Но не ми требаа сите пари што ги имав направено. Почнав да заработувам нешто за себе, доволно за да можам да си дозволам да патувам со тренер, и реков, “Зошто се грижам?” Јас сум Србин, јас сум горд што сум Србин, и не сакав да го расипам сето тоа само затоа што некоја друга држава имала подобри услови. Доколку играв за Велика Британија, сигурно дека ќе играв исто како што играм за мојата земја но длабоко во себе, никогаш немаше да почувствувам дека припаѓам таму. Јас бев тој кој ја донесе одлуката.


Победувајќи во сите три мечеви, Ѓоковиќ одигра клучна улога во плеј- оф победата во 2007 година над Австралија, промовирајќи ја Србија во Светската група во 2008 година. Во натпреварот на Србија со Русија на почетокот на 2008 година Ѓоковиќ беше надвор од екипата поради грип и беше принуден да го пропушти неговиот меч во поединечна конкуренција. Потоа се врати за да го добие мечот во дубл, во тим со Ненад Жимоњиќ, пред да биде принуден да се повлече во неговиот меч во поединечна конкуренција против Николај Давиденко. Ѓоковиќ исто така имаше голема улога во промовирањето на Србија во Светската Група во 2009 година. Од 6-8 март тој играше клучна улога во доведувањето на Србија до четврт-финалето во Светската Група за прв пат во нејзината независна историја, на домашно тло провив САД (против Сем Кереј и Џон Ишнер). Подоцна Србија се пласираше во финалето на Дејвис купот, со победите над Хрватска (4-1) и Чешка (3-2). Србија се врати од негатива од 1-2 до победа од 3-2 против Франција во финалната пресметка во Белград за да го освои првиот Дејвис куп шампионат за нацијата. Во финалето Ѓоковиќ оствари две победи во поединечна категорија за Србија, победувајќи ги Жиле Симон и Гаел Монфис. Тој беше ‘рбетот на српскиот состав, остварувајќи 7-0 во поединечна конкуренција за да ја доведе својата нација до титула, иако честа за добивање на одлучувачката пресметка во финалето отиде кај неговиот сонародник Виктор Троицки.

Ривалитети[уреди]

Парибас Опен 2011 беше 22 пат како Ѓоковиќ и Федерер играат помеѓу себе, среќавајќи се осум пати од септември 2010 до март 2011 година. Федерер водеше во нивните меѓусебни пресметки со 13-8. Во 2008 година Ѓоковиќ и Надал се сретнаа за 26 пат во Мадрид, и со оглед на тоа дека се стари 23 и 24 години последователно можно е да ги поминат 36-те одиграни мечеви на Иван Ленди и Џон МекЕнроу. Моментално Надал води во нивните меѓусебни средби со 16-10.

Стил на игра и опрема[уреди]

Ѓоковиќ е играч на сите делови од теренот со нагласок на агресивна игра на основната линија. Неговите удари од земја од двете крила се постојани, длабоки и пенетрирачки. Неговиот бекхенд нашироко се смета за еден од најдобрите во денешнава игра. Неговото најдобро оружје е неговиот бекхенд кој го удира кон линијата со големо темпо и прецизност. Тој е исто така познат како еден од најдобрите движачи по теренот со супериорна агилност, покриеност на теренот и одбрамбена способност. После големи тешкотии во техниката во сезоната во 2009 година, неговиот сервис е повторно едно од неговите најголеми оружја носејќи му многу лесни поени, неговиот прв сервис е типичен рамен удар додека преферира да го удира својот втор сервис сечено и отворено. Дарен Кејхил изјави дека Ѓоковиќ, заедно со Давид Ферер е најдобриот враќач на сервис кај мажите. Повремено Ѓоковиќ го удира топчето од земјата – најмногу заради разлутување на неговите противници – како и добро маскиран бекхенд вртен дроп-кик удар и сечење на бекхенд ударот. Додека неговата навика да го удира топчето полека почна да исчезнува за време на минатата година неговите дроп удари сеуште имаат тенденција на повлекување кога удира под притисок и без претходна подготовка. Ѓоковиќ употребува рекети Хед исползувајќи вообичаена ПиЏеј (пеинт џоб) на врвот на Ју Трек Спид Про рекет, после употребата на Вилсон до крајот на 2008 година. Во 2011 година на Австралијан Опен тој почна да користи вообичаен ПиЏеј на главата на ЈуТрек АјГи Спид ЕмПи 18/20 со технологија на инегра влакна. Ѓоковиќ има жици кои се состојат од негов сопствен хибрид од главно природен Гат на главата и од Луксилон Биг Бенгер Алу Пауер Раф на вкрстувањата. На крајот на 2009 година Ѓоковиќ премина од Адидас на Серџо Тахини потпишувајќи десетгодишен договор со Италијанската компанија за облека. Ѓоковиќ од скоро почна да носи вообичаена црвена и плава Адидас барикада 6,0 ‘ патики кои се во бојата на српското национално знаме. Ѓоковиќ моментално го тренира поранешниот Словачки професионален тенисер Мариан Ваида. Во мај, 2012 година Ѓоковиќ го раскина договорот со Серџо Тачини и потпиша петгодишен договор со Јапонската компанија за облека Уникло.

Гренд Слем Турнири[уреди]

Временска изведба на Гренд Слем турнирите[уреди]

Турнир 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 Кариера СР Кариера Поб-Пор Победи %
Гренд Слем Турнири
Отворено првенство на Австралија A A 1R 1R 4R W QF QF W W W 4 / 9 39–5 87.19
Ролан Гарос A A 2R QF SF SF 3R QF SF F 0 / 8 31–8 79.49
Вимблдон A A 3R 4R SF 2R QF SF W SF 1 / 8 32–7 82.05
Отворено првенство на САД A A 3R 3R F SF SF F W F 1 / 8 39–7 84.78
Победи-Порази 0–0 0–0 5–4 9–4 19–4 18–3 15–4 19–4 25–1 24–3 7–0 6 / 33 141–27 83.12

Гренд слем финалиња[уреди]

Сингл: 10 (6 титули, 4 пати вицешампион)[уреди]

Исходu Година Шампионат Подлога Противник во финалето Резултат во финалето
Вицешампион 2007 Отворено првенство на САД Тврда  Швајцарија Роџер Федерер 6–7(4), 6–7(2), 4–6
Победник 2008 Отворено првенство на Австралија Тврда Франција Жо-Вилфред Цонга 4–6, 6–4, 6–3, 7–6(2)
Вицешампион 2010 Отворено првенство на САД Тврда Шпанија Рафаел Надал 4–6, 7–5, 4–6, 2–6
Победник 2011 Отворено првенство на Австралија Тврда Велика Британија Енди Мареј 6–4, 6–2, 6–3
Победник 2011 Вимблдон Тврда Шпанија Рафаел Надал 6-4, 6-1, 1–6, 6–3
Победник 2011 Отворено првенство на САД Тврда Шпанија Рафаел Надал 6–2, 6–4, 6–7, 6-1
Победник 2012 Отворено првенство на Австралија Тврда Шпанија Рафаел Надал 5–7, 6–4, 6–2, 6–7(5), 7–5
Вицешампион 2012 Ролан Гарос Земја Шпанија Рафаел Надал 4-6, 3-6, 6-2, 5-7
Вицешампион 2012 Отворено првенство на САД Тврда Велика Британија Енди Мареј 6–7(10–12), 5–7, 6–2, 6–3, 2–6
Победник 2013 Отворено првенство на Австралија Тврда Велика Британија Енди Мареј 6-7(2), 7-6(3), 6-3, 6-2

Статистики во кариерата[уреди]

Записи[уреди]

Турнир Година Постигнат успех Поврзаност на играчот
Канада 2007 Најмлад играч кој ги победил трите најдобри играчи едноподруго Самостојно
Mајами Мастерс 2007 Најмлад играч кој победил на еден шампионат (19 години, 10 месеци)) Самостојно
Aвстралијан ОпенРолан ГаросВимболдонУС Опен 2007–2008 Најмлад играч кој стигнал до сите четири Гренд Слем полуфиналиња Самостојно
АТП турнеја 2006–2009 Најмногу последователни недели како број 3- 91 Самостојно
АТП турнеја 2011 Самостојно
Мадрид 2009 Најдолгиот подобар-во-три сета натпревар кој некогаш е одигран (4 часа, 3 минути Рафаел Надал
Aвстралијан ОпенИндијан ВелсМајами Мастерс 2011 Победник во првите "Големи 3" турнири во една сезона Роџер Федерер, Андре Агаси, Пит Сампрас
ATП Мастерс Светска Турнеја 2007–2011 Достигнување на најмногу различни Мастерс 100 финалиња (8/9) Рафаел Надал, Роџер Федерер

Oрденот на Св. Сава[уреди]

На 28 април 2011 година во Белград, Патријархот на Србија Иринеј , му го предаде на Ѓоковиќ Oрденот на Св. Сава од 1 класа, Српската Православна Црква. Орденот му беше даден на него бидејќи тој искажа љубов спрема црквата, и обезбеди помош за српскиот народ, црквите и манастирите на Српската Православна Црква, особено во Косово и Метохија.

Во поновата култура[уреди]

Во 2009 и 2010 година Ѓоковиќ доби Оскар за популарност за најпопуларен атлет во Србија.I. Тој беше специјален гостин во полуфиналето на Евровизискиот натпревар во 2008 година во Белград. Тој фрли големо тениско топче кон публиката, објавувајќи го почетокот на гласањето. Заедно со презентерот на шоуто Жељко Јоксимовиќ Ѓоковиќ испеа песна за Белград. Ѓоковиќ е исто така вклучен и во музичкиот спот на песната "Хелоу" на Mартин Солвег и Драгонет. Спотот, снимен на Теренот на Ролан Гарос, го прикажува Солвег како се соочува со Боб Синклер, уште еден Ди Џеј, во тениски меч. Кога судијата ја прогласува клучната топка за “аут”, Влегува Ѓоковиќ на игралиштето и го убедува судијата во спротивното. Во 2010 година, Српскиот блуз-рок бенд Зона Б ја сними песната “Џокер” која му ја посвети на Ѓоковиќ.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Roger Federer vs. Novak Ðoković Australian Open Preview“. http://www.tennis-x.com/story/2008–01–24/h.php. конс. 24 октомври 2011. 
  2. „Novak Djokovic's Girlfriend Jelena Ristic Watches Him Win 1st US Open Title – Jelena Ristic“. Zimbio. 12 септември 2011. http://www.zimbio.com/Jelena+Ristic/articles/Ol59RXZuV3l/Novak+Djokovic+Girlfriend+Jelena+Ristic+Watches. конс. 29 октомври 2011. 
  3. Drucker, Joel (14 февруари 2008). „Behind every good man is an even better woman coach“. ESPN. http://sports.espn.go.com/sports/tennis/news/story?id=3243000. конс. 8 јули 2011. 
  4. „Novak Djokovic's Official Website“. Novakdjokovic.rs. http://www.novakdjokovic.rs/bio_profile.php?jezik=2. конс. 29 октомври 2011. 
  5. „Borg: 'Djokovic can win a Grand Slam'“. BlackRock Tour of Champions. 13 август 2007. архивирано од оригиналот на 29 септември 2007. http://web.archive.org/web/20070929132024/http://www.blackrocktourofchampions.com/5/news/2007/borg_djokovic.asp. конс. 13 август 2007. 
  6. Hodgkinson, Mark. „Novak Djokovic wins Australian Open“, „The Daily Telegraph“, 27 јануари 2008.
  7. „Djokovic Upset In First Round Match At Brisbane“. The Sports Network. Canadian Press. 6 јануари 2009. http://www.tsn.ca/canadian_hockey/story/?id=262117. конс. 17 септември 2011. 
  8. „Djokovic blames illness“. 28 јануари 2010. http://au.sports.yahoo.com/tennis/news/article/-/6730661/djokovic-blames-illness. конс. 28 јануари 2010. 
  9. Schlink, Leo (30 јануари 2011). „Novak Djokovic wins in straight sets“. „heraldsun.com.au“. The Herald and Weekly Times. http://www.heraldsun.com.au/ipad/djokovic-wins-in-straight-sets/story-fn6bn7je-1225997095404. конс. 30 септември 2011. 
  10. "Ѓоковиќ го одбрани Шангај", Дневник, број 5289, година XVII, понеделник, 14 октомври 2013, стр. 27.
  11. "Ѓоковиќ во полуфиналето на "Вимблдон" против Димитров", Дневник, година XVIII, број 5507, 4 јули 2014, стр. 26.

Надворешни врски[уреди]

Официјална веб страна на Новак Ѓоковиќ