Птичји грип

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Птичји грип е заразна болест на птиците која ја предизвикуваат одредени видови на вируси од типот Influenza virus A (некои други видови на тој вирус предизвикуваат епидемии на човечки грип). Вирусот е варијабилен и подлежен на постојани генетски промени (мутациски измени на генетската структура) поради што се појавува во голем број поттипови. Еден таков патоген вид е подтипот Х5Н1, за прв пат забележан во 1997 година вo Хонг Конг и од тогаш се проширил во поголемиот дел од Азијa и источна Европа.