Жељко Јоксимовиќ
| Жељко Јоксимовиќ | ||
|---|---|---|
| Основни податоци | ||
| Родено име | Жељко Јоксимовиќ | |
| Роден(а) | 20 април 1972 |
|
| Потекло | Валево | |
| Жанр(ови) | Поп, класична музика | |
| Занимање/ња | Пејач | |
| Прод. куќа/ќи | Minacord/City Records | |
| Сродни групи | Јелена Томашевиќ, Тоше Проески, Јована Јанковиќ | |
| Веб-место | www.zeljkojoksimovic.com | |
Жељко Јоксимовиќ (српски: Жељко Јоксимовић) (роден на 20 април 1972, во Белград, СР Србија, СФРЈ) е популарен српски пејач, продуцент и композитор. Тој е добро познат во Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Германија, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора и во други европски земји. На изборот за најдобра песна на Европа за 2004 година, Евровизија 2004, кој се одржи во Истанбул, Турција, Жељко ја претставуваше Србија и Црна Гора со песната „Лане Моје“ и заврши на второто место после украинската пејачка Руслана.[1]
Содржина |
Рани почетоци [уреди]
Жељко Јоксимовиќ е роден на 20 април 1972 година во Белград, Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Годините од неговото детство и училиштето го поврзуваат со Валево.[2] Неговиот прв меѓународен успех доаѓа кога тој има само 12 години кога тој ја добил наградата со наслов „Прва хармоника на Европа“ на престижен музички фестивал во Париз. Тој го заввшил Музичкиот факултет во Белград и од 1997 година неговата професионална кариера започнува. Во 1998 победува на „Музички Фестивал Будва“ (денеска познат како „Песна на медитеранот“) кој традиционално се одржува секоја година во Будва со песната „Песма сирена“ и оваа награда му овозможила учество на два престижни фестивали во Белорусија. И на двата фестивали во кои учестувал ја добил Гранд-при наградата. [3]
1999-2004: Амајлија, Вретено и 111 [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Биографија на Жељко Јоксимовиќ“. http://artists.letssingit.com/zeljko-joksimovic-23nqm/biography. проверено на 12 јуни 2010. (англиски)
- ↑ „Профил на Жељко Јоксимовиќ“. www.bebo.com. http://www.bebo.com/Profile.jsp?MemberId=3920143569. проверено на 12 јуни 2010. (англиски)
- ↑ „Официјална биографија на Жељко Јоксимовиќ“. www.zeljkojoksimovic.com. http://www.zeljkojoksimovic.com/. проверено на 12 јуни 2010. (англиски) (српски)