Жо-Вилфрид Цонга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жо-Вилфрид Цонга
Jo-Wilfried Tsonga on the practice court.jpg
Земја  Франција
Место на живеење Гингинс, Швајцарија
Роден на 17 април 1985 (1985-04-17) (29 г.)
Роден во Ле Ман, Франција
Висина 1.88 м
Професионалец 2004
Игра со • десна рака
• дворачен бекхенд
Заработка $ 12,727,861
Синглови
Победи-порази 295–135
Титули 10
Највисок дострел Бр. 5 (27 февруари, 2012)
Моментално место Бр. 12 (14 април, 2014)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен F (2008)
Ролан Гарос SF (2013)
Вимблдон SF (2011, 2012)
УС Опен QF (2011)
Други турнири
Tour Finals F (2011)
Олимписки игри QF (2012)
Во двојки
Победи-порази 68–43
Титули во кариера 4
Највисок дострел Бр. 33 (26 октомври, 2009)
Моментално место Бр 190 (14 април, 2014)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен 2R (2008)
Ролан Гарос 1R (2002, 2003, 2009)
Вимблдон Q1 (2007)
Други турнири во двојки
Олимписки игри Silver medal.svg Сребрен медал (2012)
Ажурирано на: 20 март, 2014.
Медали
Натпреварувач за  Франција
Олимписки игри
Сребро 2012 Лондон Двојки

Жо-Вилфрид Цонга (француски изговор: [(d)ʒo wilfʁid t͡sɔŋɡa]; роден на 17 април 1985(1985-04-17) во Ле Ман) е француски професионален тенисер. Негово највисоко место на АТП листата е петтото место, кој што го достигнал на 27 февруари, 2012 година.

Цонга стана познат на јавноста по извонредниот настап на Отвореното првенство на Австалија во 2008 година, кога, како неносител, стигна до финалето, претходно победувајќи четири носители на турнирот, вклучувајќи ја и победата во три сета над Светскиот Бр. 2 Рафаел Надал во полуфиналето. Во финалето, Цонга не успеа да стигне до Гренд слем титулата, и беше поразен од Светскиот Бр. 3 Новак Ѓоковиќ во четири сета.

По финалето во Мелбурн, Цонга успеал да стигне и до својата прва АТП Мастерс 1000 титула, освојувајќи го Мастерсот во Париз во 2008, и со тоа го заверил пласманот на АТП завршниот Мастерс во годината во Шангај, Кина. Три години подоцна, Цонга успеал да стигне до финалето на АТП завршниот Мастерс во годината, каде бил поразен од петкратниот освојувач и бранител на титулата, Роџер Федерер.

Тој е еден од малкуте активни играчи кој успеал да стигне до четвртфиналата рунда на сите четири гренд слем турнири. Тој исто така е единствениот тенисер кој има остварено гренд слем победи над сите од големата четворка (Рожер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј).

Кариера[уреди]

Јуниор[уреди]

Како јуниор, Цонга остварил вкупен резултат од 90 победи и 28 порази во поединечна конкуренција, и се искачил на 2-то место на јуниорската ИТФ листа на 13 октомври, 2003 година.[1]

Јуниорски Гренд Слем резултати:

Отворено првенство на Австралија: Полуфинале (2002, 2003)
Отворено првенство на Франција: Полуфинале (2003)
Вимблдон: Полуфинале (2003)
Отворено првенство на САД: Победник (2003)

Рана кариера[уреди]

Цонга имаше успешна кариера како јуниор, освојувајќи ја јуниорската титула на Отвореното првенство на САД во 2003 победувајќи го Маркос Багдатис во финалето. Тој исто така успеа да стигне до полуфиналето на останатите три Гренд слем турнири.

Откако станал професионалец во 2004, за Цонга следел незгоден период во кој забележал низа на повреди. Најпрво кон крајот на годината, тој боледувал од дискус хернија, а потоа во 2005 се здобил со две повреди на десното рамо. Од октомври 2005 па се до февруари 2006, Цонга имал проблеми со грбот и стомачните мускули и кон крајот на 2006 тој повторно се здобил со повреда на стомачните мускули. Вкупно, за тоа време тој одиграл само осум турнири.

Ривалства[уреди]

Цонга - Ѓоковиќ[уреди]

Најпознато ривалство на Жо-Вилфрид Цонга е ривалството со Новак Ѓоковиќ.[2] Цонга и Ѓоковиќ досега се имаат сретнато 16 пати, и Цонга има негативен биланс од вкупно 5 победи и 11 порази.[3] Тие за прв пат играле еден против друг во финалниот натпревар на Отвореното првенство на Австралија во 2008 година; откако претходно во полуфиналните натпревари, двајцата тенисери забележале победи над најдобрите двајца тенисери во светот, Роџер Федерер[4] и Рафаел Надал[5] во три сета. Ѓоковиќ забележал победа во финалето во четири сета, и успеал да ја освои својата прва гренд слем титула.[6] Потоа францускиот тенисер остварил серија од четири победи во низа, која Ѓоковиќ ја запрел на Мастерсот во Мајами во 2009.

Нивната следна средба на гренд слем турнир била повторно на Отвореното првенство на Австралија, во четвртфиналето од 2010 година, точно две години откако Ѓоковиќ бил подобар од Цонга и успеал да ја освои својата прва титула на гренд слем турнирите. Овојпат Цонга бил подобар и успеал да забележи победа во пет сета.[7] По година и пол, двајцата тенисери го одиграле својот прв меѓусебен дуел на трева, во полуфиналето на Вимблдон 2011 – и тука влогот бил многу поголем, бидејќи победникот на натпреварот ќе стигнел до своето прво финале на терените на Ол Ингланд клубот. Ѓоковиќ успеал да забележи победа во четири сета и да се пласира во финалето на гренд слемот,[8] а со тоа и успеал да ја прекине доминацијата од седум и пол години на Роџер Федерер и на Рафаел Надал на врвот на АТП листата, искачувајќи се на првото место. Во 2012, на Отвореното првенство на Франција, Цонга и Ѓоковиќ повторно се сретнале во важен натпревар, во четвртфиналето на турнирот. Откако го изгубил првиот сет, Цонга се вратил во натпреварот и ги освоил следните два сета, а потоа во четвртиот сет имал две меч топки на сервис на Ѓоковиќ, кои не успеал да ги искористи, при што србинот го однел четвртиот сет во тај-брејк. Во тај-брејкот, Цонга успеал да ги спаси првите две сет топки, но во третиот обид, Ѓоковиќ успеал да го освои сетот и да го однесе натпреварот во петти одлучувачки сет. Цонга не успеал да се пласира во полуфиналето, и петтиот сет го загубил со убедливи 6–1.[9]

Два месеци подоцна, Цонга бил поразен од Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот на Летните олимписки игри 2012 со 6–1, 7–5 .[10] Во првата недела од октомври, српскиот тенисер повторно бил поуспешен и успеал да слави над Цонга во финалето на Отвореното првенство на Кина во два сета.[11] Последниот натпревар во 2012 година, Ѓоковиќ и Цонга го одиграле во ракмите на групната фаза од АТП завршниот Mастерс, каде Ѓоковиќ бил поуспешен и победил во два сета.[12] Тоа било за Цонга петти пораз од Ѓоковиќ во 2012.

Двајцата тенисери последен пат се сретнале во полуфиналето на Мастерсот во Шангај во 2013 година, и Ѓоковиќ успеал да оствари победа во два сета.[13]

Стил на игра[уреди]

Цонга е познат по своите силни сервис удари, како и по моќниот форхенд удар и одличното чувство на игра на мрежа. Тој игра напаѓачки стил на игра од основната линија, но често знае да ги комбинира своите удари и да истрчува на мрежа. Тој моментално е еден од малкуте активни играчи кој често практикува сервис-волеј игра. И покрај висината, неговото движење на теренот се смета за многу добро.

Сервис[уреди]

Сервисот на Цонга е еден од неговите најбрзи, најсилни и најдоминантни удари. Брзите сервиси проследени со ротација често му овозможуваат на Цонга да создава и освојува лесни сервис поени. Неговите силни сервиси често достигнуваат брзина и до 225 км/ч.

Подлоги[уреди]

До денес, Цонга најдобрите резултати ги има постигнато на тврда подлога, посебно на Отвореното првенство на Австралија, каде играше во финалето во 2008, во четвртфиналната фаза во 2009 и во полуфиналето во 2010. Во својата АТП кариера, поголемиот дел од финалињата Цонга ги одигра на тврда подлога. На трева, тој беше полуфиналист на Вимблдон во 2011 и 2012, и финалист на Квинс Клуб Шампионатот во 2011. По правило, Цонга не бележи добри резултати на земјина подлога, иако неговите способности на оваа подлога напредуваат, а резултат на тоа се четвртфиналињата на Отвореното првенство на Франција, Мастерсот во Монте Карло и Мастерсот во Рим во 2012 година. Во 2013, тој заигра уште подобро на оваа подлога. Впрочем, Цонга стигна до своите први две полуфиналиња на земја, најпрво на Мастерсот во Монте Карло, каде беше поразен од Рафаел Надал[14] и на Отвореното првенство на Франција, каде беше поразен од Давид Ферер, откако претходно забележа победа над Рожер Федерер.

Цонга играјќи волеј на мрежа против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон 2011.

Удари и игра на мрежа[уреди]

Цонга е познат по своите агресивни удари. Неговиот форхенд и бекхенд се доста ефективни при одигрувањато на поените. Неговиот силен, остар и прецизен форхенд е негов најпостојан удар, посебно кога е испратен право на страната на противникот. Иако неговиот бекхенд не е главно толку силен како неговиот форхенд за време на поените, сепак тој е способен да нападне преку својот бекхенд удар. Неговата игра на мрежа е паметна, посебно кога напаѓа во поените. Тој знае да игра и еднорачен и дворачен бекхенд.[15] Тој го додаде еднорачниот бекхенд во својот репертоар на удари во средината на 2011, видлив во финалето против Мареј на Квинс Клуб Шампионатот и против Федерер во четвртфиналето на Вимблдон.

АТП финалиња во кариерата[уреди]

Поединечно: 19 (10-9)[уреди]

Легенда
Гренд Слем (0–1)
АТП завршен Мастерс во годината (0–1)
АТП Мастерс 1000 (1–1)
АТП World Tour 500 Series (1–2)
АТП World Tour 250 Series (8–4)
Финалиња по подлога
Тврда (10–8)
Земја (0–0)
Трева (0–1)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Финалист 1. 31 јануари, 2008 Отворено првенство на Австралија, Мелбурн Тврда Србија Новак Ѓоковиќ 6–4, 4–6, 3–6, 6–7(2–7)
Победник 1. 28 септември, 2008 Бангкок, Тајланд Тврда Србија Новак Ѓоковиќ 7–6(7–4), 6–4
Победник 2. 2 ноември, 2008 Париз, Франција Тврда Аргентина Давид Налбандијан 6–3, 4–6, 6–4
Победник 3. 2 февруари, 2009 Јоханесбург, Јужна Африка Тврда Франција Жереми Шарди 6–4, 7–6(7–5)
Победник 4. 16 февруари, 2009 Марсеј, Франција Тврда Франција Микаел Лодра 7–5, 7–6(7–3)
Победник 5. 5 октомври, 2009 Токио, Јапонија Тврда Русија Микаил Јужни 6–3, 6–3
Финалист 2. 13 февруари, 2011 Ротердам, Холандија Тврда Шведска Робин Седерлинг 3–6, 6–3, 3–6
Финалист 3. 13 јуни, 2011 Лондон, УК Трева Велика Британија Енди Мареј 6–3, 6–7(2–7), 4–6
Победник 6. 25 септември, 2011 Мец, Франција Тврда Хрватска Иван Љубичиќ 6–3, 6–7(4–7), 6–3
Победник 7. 30 октомври, 2011 Виена, Австрија Тврда Аргентина Хуан Мартин дел Потро 6–7(5–7), 6–3, 6–4
Финалист 4. 13 ноември, 2011 Париз, Франција Тврда Швајцарија Роџер Федерер 1–6, 6–7(3–7)
Финалист 5. 27 ноември, 2011 АТП завршен Мастерс во годината, Лондон, УК Тврда Швајцарија Роџер Федерер 3–6, 7–6(8–6), 3–6
Победник 8. 7 јануари, 2012 Доха, Катар Тврда Франција Гаел Монфилс 7–5, 6–3
Победник 9. 23 септември, 2012 Мец, Франција (2) Тврда Италија Андреас Сепи 6–1, 6–2
Финалист 6. 7 октомври, 2012 Пекинг, Кина Тврда Србија Новак Ѓоковиќ 6–7 (5–7), 2–6
Финалист 7. 21 октомври, 2012 Стокхолм, Шведска Тврда Чешка Томаш Бердих 6–4, 4–6, 4–6
Победник 10. 24 февруари, 2013 Марсеј, Франција (2) Тврда Чешка Томаш Бердих 3–6, 7–6(8–6), 6–4
Финалист 8. 22 септември, 2013 Мец, Франција Тврда Франција Жил Симон 4–6, 3–6
Финалист 9. 23 февруари, 2014 Марсеј, Франција Тврда Латвија Ернест Гулбис 6–7(5–7), 4–6

Во двојки: 8 (4-8)[уреди]

Легенда
Гренд Слем (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (1–0)
Олимписки игри (0–1)
АТП World Tour 500 Series (0–0)
АТП World Tour 250 Series (3–3)
Финалиња по подлога
Тврда (3–3)
Земја (0–0)
Трева (0–1)
Тепих (1–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
Победник 1. 22 октомври, 2007 Лион, Франција Тепих Франција Себастијан Грожан Полска Лукаш Кубот
Хрватска Ловро Ѕовко
6–4, 6–3
Победник 2. 7 јануари, 2008 Сиднеј, Австралија Тврда Франција Ришар Гаске САД Боб Брајан
САД Мајк Брајан
4–6, 6–4, [11–9]
Победник 3. 11 јануари, 2009 Бризбејн, Австралија Тврда Франција Марк Гикел Шпанија Фернандо Вердаско
Германија Миша Ѕверев
6–4, 6–3
Победник 4. 18 октомври, 2009 Шангај, Кина Тврда Франција Жулијен Бенето Полска Мариуш Фурстенберг
Полска Марчин Матковски
6–2, 6–4
Финалист 1. 20 февруари, 2011 Марсеј, Франција Тврда Франција Жулијен Бенето Холандија Робин Хасе
Велика Британија Кен Скупски
3–6, 7–6(7–4), [11–13]
Финалист 2. 26 февруари, 2012 Марсеј, Франција (2) Тврда Германија Дастин Браун Франција Николас Мау
Франција Едуард Рожер-Васлен
6–3, 3–6, [6–10]
Финалист 3. 5 август 2012 Летни олимписки игри 2012, Лондон, УК Трева Франција Микаел Лодра САД Боб Брајан
САД Мајк Брајан
4–6, 6–7(2–7)
Финалист 4. 22 септември, 2013 Мец, Франција Тврда Франција Николас Мау Шведска Јохан Брунстрем
ЈАР Равен Класен
4–6, 6–7(5–7)

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Награди
Претходник
Бенџамин Бекер
АТП Нов играч на годината
2007
Наследник
Кеј Нишикори