Грип

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грип
Класификација и надворешни извори

Микроскопски преглед на вируси кои предизвикуваат грип (зголемено 100.000 пати)
МКБ-10 J10, J11
МКБ-9 487
DiseasesDB 6791
MedlinePlus 000080
eMedicine med/1170 ped/3006
MeSH D007251

Грипот (или инфлуенца) е заразна болест предизвикана од вирусите на рибонуклеинската киселина (од фамилијата на вирусите на грипот) која најчесто ги напаѓа птиците и цицачите. Најчести симптоми кои што се јавуваат при оваа болест се треска, настинкa, воспалено грло, болки во мускулите, неподносливи главоболки, кашлање, изнемоштеност или омалаксаност и неудобност. Иако грипот често се заменува со други болести кои се слични на грипот особено со обичната настинка, тој е многу посериозна болест и се предизвикува од друг тип на вирус. Особено кај децата грипот може да предизвика гадење и повраќање, но овие симптоми најчесто се јавуваат кај многу поразличниот гастроентерит, кој понекогаш се нарекува и ‘’ стомачен вирус ‘’ или ‘’ 24 часовен вирус ‘’ .

Микроскопски преглед на вируси кои предизвикуваат грип

Обично, грипот се пренесува преку воздухот со кашлање или кивање, создавајќи аеросоли кои што го содржат вирусот. Исто така грипот може да се пренесе и преку директен контакт со птичји измет или со назалните секрети, или во контакт со загадени површини.Се смета дека аеросолите во воздухот се главните виновници за повеќето инфекции ,а фактот дека се главна причина за пренесувањето се уште не е докажан. Вирусите на грипот можат да се уништат преку сончева светлина, со средства за дезинфекција и со детергенти. Бидејќи сапунот го уништува вирусот, ризикот од заболување се намалува со почесто миење на рацете .

Вируси кои веќе развиле грип

Грипот се шири насекаде низ светот во сезонски епидемии од кои секоја година околу 500.000 луѓе го губат својот живот. Кога годината е пандемична, бројката го надминува и милионот. Од 1979 година до 2001 година во САД просечно околу 41.400 луѓе починаа од грип. Во 2010 год, од Центарот за контролирање на болести во САД го сменија извештајот за триесетгодишната проценка на смртната стапка. Сега годишно се регистрирани помалку смртни случаи, од 3.300 па се до 49.000 .

Во XX век се појавија три пандемии на грип и однесоа 10 милиони човечки животи. Тие беа предизвикани со појавата на нов вид на вирус кај луѓето. Најчесто, овие нови видови се појавуваат кога веќе постојниот вирус на грипот се пренесува од некои други видови животни на луѓето, или пак кога постојниот вид на вирус кај човекот собира нови гени од вирусот што најчесто ги напаѓа птиците или свињите.Откако во Азија во деведесетите години се појави птичјиот вирус H5N1, тој предизвика голема загриженост од нова пандемија на грип, меѓутоа не се разви во форма која лесно се распространува меѓу луѓето. Во април, 2009 година, се разви нов вирус на грип со комбинирани гени од човек, свиња и од птичји грип, кој најпрво беше наречен ‘’ свински грип” или грип А/ H1N1. Се појави во САД - Мексико и во некои други земји.На 11 јуни 2009 година, Светската Здравствена Организација официјално прогласи дека избувнувањето на вирусот е пандемично. Изјавата на СЗО "пандемично ниво" 6 беше показател за распространетост, меѓутоа изјавата беше несериозна бидејќи овој вид на вирус всушност има помала смртна стапка отколку сезонскиот. Вакцинирањата против грип најчесто им се достапни на луѓето од развиените земји. Живината најчесто се вакцинира за да се избегне целосно уништување. Најпознатата вакцина наменета за луѓето е тривалентната вакцина против грип “ TIV “ која содржи чисти и неактивни антитела против трите вирусни видови. Обично оваа вакцина содржи дел од двата А подтипови на грип и од Б типот. Со“TIV” нема ризик од пренесување на болеста и постои мала веројатност за повторување. Бидејќи грипот брзо се развива и старите видови на вирусот веднаш се заменуваат со нови, вакцината која што била примена во текот на една година може да не биде ефикасна во наредната. Грипот може да се лекува со лекови против вирусот и со најефикасните антибиотици.

Класификација[уреди]

Типови на вируси[уреди]

Градба на вирусот кој предизвикува грип. Хемаглутининот(HA) и невраминидазата (NA) се белковини кои се прикажани на површината од честичката. Вирусните РНК кои го формираат геномот се прикажани како црвени спирали во внатрешноста на честичката и се закачени за рибонуклеинските белковини (РНБ)


Според класификацијата на вируси, вирусите на грипот спаѓаат во групата на РНК вируси кои воедно се и трите од можните пет видови во фамилијата вируси на грипот :


• грип- вирус А

• грип- вирус В

• грип- вирус С


Овие вируси речиси и немаат никаква врска со човечките вируси на парагрип и се рибонуклеински вируси што припаѓаат на парамиксовирусната група . Најчесто кај децата предизвикуваат воспаленија на респираторниот тракт како што е воспаление на грлото, но и кај возрасните можат да предизвикаат болест која е слична на грипот.


Грип - вирус А[уреди]

Во оваа група има еден вид а тоа е грипот предизвикан од вирусот А. Дивите водни птици се природни носители на различни видови на грипот А. Многу ретко вирусите се пренесуваат на други видови и тогаш можат да предизвикаат катастрофален размер кај домашната живина или пак да предизвикаат подем на човечките пандемии од грип. Од трите типови на грип вирусите од типот А се најопасни човечки патогени и предизвикуваат многу сериозни болести. Вирусот А може да се подели на различни серотипови кои што се темелат на антителата создадени од овие вируси. Ова се следниве серотипови кои што се појавиле кај луѓето и се подредени по бројот на пандемични смртни случаи :

• H1N1, кој во 1918 год. го предизвика шпанскиот грип и во 2009 год. свинскиот грип ;

• H2N2, кој во 1956 год. го предизвика азискиот грип ;

• H3N2, кој во 1968 год. го предизвика грипот во Хонг Конг ;

• H5N1, кој во 2004 год. го предизвика птичјиот грип ;

• H7N7, кој има чудно животинско потекло

• H1N2, кој е ендемичен кај луѓето, свињите и птиците

• H9N2

• H7N2

• H7N3

• H10N7


Грип - вирус В[уреди]

Во оваа група постои еден вид на вирус, грип предизвикан од вирусот В. Грипот В ги напаѓа речиси само луѓето и е помалку застапен од грипот А .Фоките и ласиците се единствените животни кои се подлежни на инфекција од грипот В.

Номенклатура на вирус кој предизвикува грип

Овој тип на грип мутира 2-3 пати побавно отколку А типот и според тоа тој има помала генетичка разновидност, со само еден серотип на грипот В . Како последица од недоволната антигена разновидност, најчесто уште на рана возраст се стекнува имунитет на грипот В. Сепак, грипот В мутира до таму што не е можен долготраен имунитет. Ова ја намалува стапката на антигена промена и заедно со својот мал и ограничен размер (спречувајќи ја антигената промена кај видовите),грипот предизвикан од вирусот В создава спречување на пандемиите од грипот В.


Грип - вирус С[уреди]

Во оваа група има еден вид на вирус, грип предизвикан од вирусот С, кој ги напаѓа луѓето, кучињата и свињите. Понекогаш предизвикува сериозни болести и локални епидемии. Меѓутоа грипот кој што е предизвикан од вирусот С е поредок отколку другите типови на вируси и обично предизвикува лесни настинки кај децата.



Номенклатура на подтиповите, состав и својства[уреди]

Вирусите А, В и С кои предизвикуваат грип имаат многу сличен состав. Честичките од вирусот во дијаметар се околу 120 нанометри и најчесто се речиси топчести, иако понекогаш може да се појават и во долгнавести форми. Овие долгнавести форми се најзастапени кај грипот предизвикан од вирусот С и тие можат да оформат поврзани структури од најмалку 500 микрометри кај областите со заразени клетки. Сепак, и покрај тоа што овие форми се различни, вирусните честички од сите вируси кои предизвикуваат грип се слични по составот. Тие се направени од вирусна обвивка што содржи два главни типови на гликобелковини, кои го обвиткуваат централното јадро. Централното јадро содржи вирусни геноми на РНК и други вирусни белковини кои ја образуваат и ја штитат оваа РНК. Низата на РНК скоро секогаш останува единечна, но постојат и исклучоци кога кај некои случаи е двојна. Најчесто кога се работи за вирус, неговиот геном не претставува само еден дел од нуклеинската киселина туку содржи седум или осум делови од негативно сегментираната низа на РНК . Секој дел од РНК содржи еден или два гена. На пр. грипот предизвикан од вирусот А содржи 11 гени кои се распоредени на 8 места кај РНК и се шифрирани преку 11 белковини: хемаглутинин ( HA), “ neuraminidase” (NA), белковина на НК (NP), M1, M2, NS1, NS2 (НИП : изнесување на нуклеинските белковини), PA, PB1 ( полимеризирана основа 1), PB1 -F2 и PB2.

HA и NA се двата големи надворешни гликобелковини на вирусните честички. HA е лектин кој што непосредно влијае во спојувањето на вирусот со целните клетки и пробивањето на вирусниот геном во тие клетки, додека пак NA e вклучен во ослободувањето на вирусните потомци од заразените клетки со прилепување на шеќерите кои ги врзуваат развиените вирусни честички. Оттука, овие белковини се мета на антибиотиците (лекови против вирусот). Покрај тоа постојат антигени од кои можат да настанат и антитела. Вирусите на грипот од групата А, врз основа на реакцијата на антителата од HA и NA се делат на неколку подтипови. Различните типови на HA и NA ја создаваат основната разлика помеѓу вирусите H и N, на пр. H5N1 . познати се само 16 подтипови вируси на H и 9 подтипови на N, од кои само H1, H2, H3 и N1 и N2 се пронајдени кај човекот.


Размножување[уреди]

Вирусите можат да се размножуваат само во живите клетки. Заразувањето со грип и размножувањето на грипот е процес во неколку фази : Прво, вирусот мора да се прилепи за да влезе во клетката, а потоа го испорачува својот геном на местото каде што тој може да создава нови копии од вирусните белковини и од РНК. Вирусот ги соединиува овие составни делови во нови вирусни честици и на крај излегува од клетката носител. Вирусите на грипот го спојуваат хемаглутининот со шеќерите од сијаличната киселина на површините на епителните клетки, најчесто во носот, грлото и белите дробови на цицачите и во цревата на птиците. Откако хемаглутининот се прилепува со помош на протеинозата, клетката го внесува вирусот преку ендоцитозата.

Штом вирусот ќе навлезе во клетката, киселинските услови во ендозомот предизвикуваат две работи. Прво, дел од хемаглутининските белковини ја соединуваат вирусната обивка со ципата на вакуолата . Тогаш јонскиот канал М2 им дозволува на протоните да се движат низ вирусната обвивка и да го претворат јадрото на вирусот во киселина, што предизвикува пробивање на јадрото и ослободување на вирусна РНК и јадрени белковини. И откако ќе се случи тоа, молекулите на вирусната РНК, другите белковини и РдРБ се ослободуваат во цитоплазмата. Јонскиот канал М2 се блокира со помош на лековите за спречување на грипот - амантадин .

Напаѓање на клетката домаќин и размножување на вируси кои предизвикуваат грип

Овие јадрени белковини и ВРНК создаваат сплет кој што се транспортира во клеточното јадро, каде РдРП почнува да го транскрибира позитивниот комплемент на кодирачката секвенца на ВРНК . ВРНК или е изнесена и е преведена во цитоплазмата или останува во јадрото. Повторно синтетизираните вирусни белковини или се излачуваат во Гоџиевиот систем на клеточната обвивка или се транспортираат назад во јадрото, се спојуваат со ВРНК и создаваат нови вирусни честици на геномите. Другите вирусни белковини имаат многубројни движења во клетката домаќин, вклучувајќи ја и деградираната клеточна ИРНК (информациона РНК) и користејќи ги испуштените нуклеотиди од синтезата за ВРНК, како и забранувајќи ја транслацијата на клетката-носител во ИРНК. Негативниот комплемент на кодирачката секвенца од ВРНК кој што ги создава геномите за наредните вируси, РдРП и други вирусни белковини, здружени заедно создавааат вирус.

Молекулите на хемаглутининот и невроминидазата се групираат во надуени “ мешиња” во клеточната мембрана. ВРНК и вирусните јадрени белковини го напуштаат јадрото и влегуваат во ова мембранско набабрување. Зрелите вируси се отќинуваат од клетката во сферата на домаќинот - фосфолипидната мембрана, здобивајќи се со хемаглутинин и невроминидаза од оваа мембранска обвивка. Како и порано, вирусите со помош на хемаглутининот се прилепуваат на клетката. Зрелите вируси се одделуваат кога нивната невроминидаза го одделува остатокот од сијаличната киселина од клетката-носител. Лекот што ја спречува невроминидазата, оселтамивир, попознат како „тамифлу“, оттука го спречува и ослободувањето на нови зарази и го запира размножувањето на вирусите. По ослободувањето на нови вируси на грипот, клетката–домаќин умира.

Индикации и симптоми[уреди]

Најчести симптоми на грипот се кашлање и висока температура. Тие започнуваат наеднаш, ден-два по заразувањето. Обично првите симптоми се чуство на студ и тресење, но во раната фаза од заразувањето се јавува и висока температура од 38- 39 ° С ( околу 100- 103 °F). Многу луѓе се толку болни што неколку дена неможат да станат од кревет, чуствуваат болки низ целото тело, а највеќе во грбот и нозете. Ова се следните симптоми кои што можат да се јават од грипот : • Висока температура - грозница и неиздржлив студ ( тресење од студ, морници, вкочанетост) ; • Кашлање ; • Назална блокада ;

• Болки низ целото тело, највеќе во зглобовите и во грлото ;

Најчести симптоми на грипот

• Замор ; • Главоболки ; • Иритирани, насолзени очи ; • Вцрвенети очи ,вцрвенета кожа (посебно лицето), вцрвенети: уста, грло и нос; • Кај децата се јавуваат стомачни симптоми како што се пролив и стомачни болки кои можат да бидат многу посериозни кај децата кои што се болни од грип В . Можеби е тешко да се направи разлика помеѓу обичната настинка и грипот додека се во рана фаза, но грипот се препознава по висока температура, која по премногу замор наеднаш се покачува .Во неколку случаи на птичји грип (кај човекот) се јавил симптомот на пролив, но кога се работи за обичен грип, симптомот се јавува само кај децата. Ако антибиотиците се земаат порано тие ефикасно делуваат против грипот, што е и главна причина за порано откривање на болеста. Од горенаведените симптоми, високата температура во комбинација со кашлање, воспалено грло и назална блокада можe да се утврди точна дијагноза. Две истражувања од своите сигурни анализи претпоставуваат дека при локална пандемија од грип, распространетоста ќе биде повеќе од 70 %, па оттука пациентите со која било комбинација од гореспоменатите симптоми може да се лекуваат со невроминидазни лекови, без да бидат прегледани. Дури и кога нема локална пандемија ако во сезона на грип распространетоста е над 15 %, лекувањето може да биде одобрено за возрасните . Достапните лабараториски испитувања постојано го докажуваат своето подобрување . Центарот за контрола и спречување на болести во САД го одржува и го обновува резимето на достапните лабараториски испитувања. Според него, испитувањата за брзи дијагнози во споредба со вирусните бактерии ( за вакцини) имаат деликатност од 70 - 75% и прецизност од 90- 95%. Овие испитувања можат да бидат корисни особено во сезона на грипот (распространетост од 25 % ), но кога нема локална пандемија од грип, или во пред -сезона на грипот има распространетост од 10%.


Начини преку кои се пренесува грипот[уреди]

Пренесување на болеста[уреди]

Кога некој е заразен и во исто време претставува опасност од заразување на други лица, развивањето на вирусот што го предизвикал грипот започнува пред да се појават симптомите. Тогаш вирусот се ослободува за околу 7 дена, иако кај некои луѓе е потребен и подолг период. Луѓето кои фатиле грип се најзаразни помеѓу вториот и третиот ден откако се заразиле.Се чини дека количеството на вирусното развивање е некако поврзано со високата температура. Кога вирусот најмногу се развива, тогаш температурата е највисока. Децата се многу позаразени отколку возрасните и кај нив вирусот се развива уште пред да се појават симптомите и трае две недели после заразувањето. Математички пресметаното пренесување на грипот помага да се предвиди кога вирусот ќе го нападне населението. Грипот се пренесува на 3 начини : - преку директно пренесување ( кога заразениот слузно кивнува директно во очите, носот или во устата на другото лице) ; - по воздушен пат ( кога некој ги вдишува аеросолите кои што се создадени од страна на заразениот преку кашлање, кивање или исплукување) и - преку директен допир со загадени површини ( од рацете во очите, во устата или во носот), или преку директен допир со заразаениот како што е ракувањето . Не е јасно значењето на трите начини преку кои се пренесува грипот, а сите тие можат да го распространат вирусот. Во воздухот капките се мали од 0, 5 - 5 микрометри во дијаметар, точно за човекот да може да ги вдише, а вдишувајќи само една од тие капки може да предизвика грип. Иако само една обична кивавица ослободува 40. 000 капки, повеќето од нив се големи и не се задржуваат во воздухот. Колку ќе остане грипот во воздушните капки зависи од нивото на влажност и сончевата светлина. Во зима, со ниско ниво на влажност во воздухот и со недоволно сончева светлина, опстанокот на грипот продолжува.Како што грипот може да опстане надвор од телото, исто така тој може да се пренесе и преку загадени површини како што се банкнотите, кваките, прекинувачите за светло и други домашни предмети. Времето на опстанок на вирусот врз површината е секогаш различно. Тој останува од еден до два дена врз тврдите и непорозните површини како што се пластичните или металните, околу 15 мин. останува врз хартиените марамчиња и само 5 мин, врз кожата. Сепак ако вирусот е во слузна форма, тој трае подолго ( и до 17 денови врз банкнотите). Ако се замрзнат вирусите што предизвикуваат птичји грип, тие во таква состојба можат да останат бесконечно. На температура од 56 ° С ( 133 F) најмалку 60 минути, како и со киселини (ph < 2) вирусите се уништуваат.

Патофизиологија[уреди]

Две различни заболувања од сезонски грип H1N1 и од птичјиот грип H5N1 ,прикажани во црвено

Се повеќе и повеќе се проучуваат начините на пренесување на болеста ,преку кои инфекцијата од грип предизвикува симптоми кај луѓето. Се смета дека еден од тие начини го спречува хормонот адренокортикотропин, заради што се намалува и нивото на кортизол . Со точното сознание кој вирус ги нападнал гените може да се предвиди колку ќе се заразат луѓето и колку сериозна ќе биде таа инфекција ( односно да се предвиди патофизиолошкиот вирус). На пример, дел од процесот кој им овозможува на вирусите на грипот да ги напаѓаат клетките, е деградацијата на вирусната хемаглутининска белковина од која било човечка протеаза. Кај поблагите и понесериозните вируси, структурата на хемаглутининот е таква што тој може да се оддели само од протеазите во грлото и во белите дробовии затоа овие вируси неможат да ги заразат другите ткива. Сепак, кај сериозните вируси како што е H5N1, хемаглутининот може да се оддели од голем број на протеази, што всушност и му дозволува на вирусот да се рашири низ целото тело. Вирусниот хемаглутинински процес е одговорен за : кои видови ќе бидат нападнати од страна на вирусот и во кој дел од респираторниот тракт на човекот ќе се прицврсти вирусот. Вирусите кои лесно се пренесуваат помеѓу луѓето имаат хемаглутинински белковини кои се врзуваат за рецепторите ( молекулии на белковината) во горниот дел на респираторниот тракт - во носот, во грлото и во устата. За разлика од тоа, фаталниот вирус H5N1 се врзува за рецепторите кои најчесто се наоѓаат во белите дробови. Оваа инфекција се разликува по тоа што вирусот H5N1 предизвикува тешка и сериозна бронхопневмонија, но не се пренесува лесно кај луѓето т.е. не се пренесува преку кашлање и кивање. Како резултат на големи количества од воспалени цитокини и хемокини ( како што се интерферонот или маркерот за некрозен тумор ), кои произлегуваат од клетките заразени со грип, најчесто се јавуваат симптоми од грипот - висока температура, главоболки и замор . За разлика од риновирусот кој предизвикува обична настинка, грипот ги оштетува ткивата . Со ова се докажува дека симтомите не се јавуваат само заради воспалението. Огромната имуна реакција може да предизвика цитокинска бура која е опасна по животот. Оваа последица се смета за главна причина за необичната смрт од двата H5N1 птичји грипови и се смета дека е пандемичниот вирус од 1918 год. Сепак, другата можност е тоа што големите количества на цитокини се само резултат од масивноста на вирусното размножување настанато од самите вируси, а имуностасама, неможе да ја предизвика болеста.

Превенција[уреди]

Вакцинирање[уреди]

Вакцинирањето против грип со одредена вакцина често се препорачува за високо ризичните групи како што се децата и повозрасните, или пак за луѓето кои страдаат од астма, за дијабетичари, за луѓе кои страдаат од срцеви болести или за оние кои што имаат слаб имунитет. Вакцините против грип се создаваат на неколку начини . Најпознат начин е вирусот да се развие во оплодени јајца од кокошка. По чистењето вирусот не е активен ( на пр. чистење со детергент ) и од него може да се добие вакцина која ќе го уништи вирусот т.е. ќе го направи неактивен. Друг начин е кога, вирусот може да се развива во јајцата се додека не ја изгуби својата опасност и како таков може да се прими како вакцина. Но не секогаш овие вакцини против грипот се ефикасни.

Вакцинирање

Поради големата мутација на вирусите, самата вакцина против грип не заштитува повеќе од една година . Секоја година СЗО прогнозира кои видови вируси ќе нападнат наредната година, овозможувајќи им на фармацевтските компании да произведат вакцини кои ќе го направат најдобриот имунитет против тие вируси. Исто така вакцините се произведуваат за да ја заштитат живината од птичјиот грип. Овие вакцини можат да бидат ефикасни против многу видови вируси и се употребуваат како превентивна стратегија или се комбинираат со убивање на животните за да се искорени епидемијата. Можно е и покрај тоа што сте вакцинирани сепак да се заразите од грип. Вакцината се обновува во секоја сезона за неколку специфични вируси на грипот, но неможе да ги опфати сите сезонски вируси од кои заболуваат луѓето насекаде низ светот. Потребни се околу шест месеци за произведувачите да ја создадат и да ја произведат милионската доза која е потребна за справување со сезонските епидемии. Понекогаш незабележителниот и новиот вирус од кој заболуваат луѓето кои биле претходно вакцинирани, прераснува во најопасен ( како во сезоната на грип од поттипот H3N2 која се случи помеѓу 2003 и 2004 година) . Исто така можно е и да се заразите токму пред самото вакцинирање и да се разболите од токму тој вирус кој вакцината требала да го спречи, а потребни се две недели за таа да почне да делува.

Прва беше сезоната помеѓу 2006 и 2007 год кога ЦКБ ( “CDC - Centers for Disease Control and Prevention” ) предупреди дека децата кои имаат не повеќе од 59 месеци ќе се вакцинираат еднаш годишно со вакцината против грип. Ако телото било претходно заболено,вакцините може да предизвикаат реакција кај имунолошкиот систем и се јавуваат симптоми кои се најчести при заболувањето ( настинката и симптомите на грипот се само најпознатите симптоми кои се јавуваат при заболувањето) . Но обично овие симптоми не се толку сериозни и не траат толку долго како самиот грип. Најопасниот несакан ефект е сериозна алергиска реакција на вакцината или на остатоците од јајцето од кокошка во кое бил создаден грипот. Сепак, овие несакани дејства се многу ретки.

Освен вакцината против сезонскиот грип, научниците се обидуваат да создадат и вакцина против претстојните пандемии од грип.Со брзиот равој ,со производството и со дистрибуцијата на вакцините против пандемскиот грип, многу животи можат да бидат спасени. Бидејќи нема доволно време да се открие пандемскиот грип и потребата за вакцинација, научниците не го земаат предвид вакцинирањето во кое вирусот беше создаден во јајце од кокошка, туку создаваат вакцини на поинаков начин. Застарената “ јајце” техника и ново-создадените техники со белковини и вирусни честички можат да постигнат подобар транспорт и достапност . Со тоа се зголемува пристапот на луѓето од понеразвиените земји, каде е многу веројатно дека владеат пандемии од грип. Во јули, 2009 година, повеќе од седумдесет познати медицински истражувања произведоа или сеуште произведуваат вакцини против пандемскиот грип. Во септември, 2009 година, американското Биро за храна и лекови одобри четири вакцини против грипот H1N1 и од следниот месец се очекува да бидат достапни првите вакцини .


Контрола на заболувањето[уреди]

Од добри причини, во ефикасните начини на намалување на пренесувањето на грипот спаѓаат добрата индивидуална здравствена сосотојба и хигиенските навики како што се : да не ги допирате вашите очи, нос или уста, често миење на рацете ( со сапун и вода или со некои антибактериски средства), да се стави рака кога кашлате или кивате, да избегнувате близок контакт со луѓето кои се болни и да останете дома ако и вие сте болни. Се препорачува да се избегнува искашлувањето. Иако маските за лице можат да помогнат да се спречи пренесувањето додека се грижите за болниот, донесен е погрешен заклучок во врска со ова. Пушењето го зголемува ризикот од предизвикување на грип, како и од предизвикување на симптоми од многу посериозни болести. Бидејќи грипот се шири преку аеросолите и преку контакт со загадените површини, дезинфицирањето на овие површини може да помогне за да се спречат некои заболувања. Алкохолот е ефикасен прочистувач на вирусите кои што го предизвикуваат грипот, додека соединенијата на четирисложниот амонијак во комбинација со алкохолот се користат за дезинфекцијата да трае подолго. Во болниците за дезинфекција на собите или на апаратурата која била користена кај пацинетите со симптоми на грип, се користи амонијак и хидроген. Во вашиот дом ова би било ефикасно со растворен хлорен хидроген ( пр. Доместос). За време на изминатите пандемии, затворањето на училиштата, црквите и театрите го забавија ширењето на вирусот, но тоа не придонесе да се намали и смртната стапка. Неизвесно е ако се наметне јавното засилување, како примерот со кој преку затворањето на училиштата и институциите ќе се намали пренесувањето откако луѓето со грип ќе се преместат од едно место во друго. Ваквите мерки би биле тешко спроводливи и тешко прифатливи. Кога постои мал број на заболени, тие може да се изолираат, со што би се намалил ризикот од пренесување.

Лекување[уреди]

На луѓето кои што се заболени од грип им се препорачува мирување, консумирање многу течности, да избегнуваат употреба на алкохол и цигари и ако е потребно да земаат лекарства како што е парацетамолот, кој се препорачува против грозница и болки во мускулите кои се јавуваат за време на инфекцијата од грип. Децата и адолесцентите со симптоми на грип ( особено со покачена телесна температура) не треба да користат аспирин за време на заболувањето (посебно кога се работи за заболување од тип В), бидејќи аспиринот може да предизвика Раев синдром . Тоа е многу ретка но и смртоносна болест на црниот дроб. Бидејќи грипот е предизвикан од вирус, антибиотиците воопшто не помагаат, освен ако не се препишани за некои второстепени заболувања како што е бактериската пневмонија. Лекувањето може да биде ефикасно, но одредени вируси што предизвикуваат грип можат да бидати отпорни на стандардните лекови кои се користат против вирусот.

Двата видови на лекови кои што се користат против грипот се невраминидазни инхибитори и М2 белковински инхибитори (деривати на адамантин) . Невроминидазните инхибитори моментално се пожелни при вирусни инфекции од грип, бидејќи тие не се толку токсични и се поефикасни.Во 2005 и 2006 година, за време на сезонскиот грип, центарот за контрола на болести препорача забрана за употреба на М2 инхибиторите заради преголема имуност на лековите. Во 2009 година бремените жени беа поизложени на заболување од вирусот H1N1 отколку останатото население, па затоа препорачуваа итно лекување со антибиотици. На пресконференцијата која што се одржа во ноември, 2009 година, СЗО препорача лицата кои што спаѓаат во високо ризичните групи ( бремени жени, деца помали од 2 години, лица со проблеми со дишењето), ако осетат какви било симптоми на грип да почнат да земаат лекови против вирусот. Во тие лекови спаѓаат оселтамивирот ( Тамифлу ) и занамивирот ( Реленца).

Невроминидазни лекови[уреди]

Лековите против вирусот како што се оселтамивирот ( попознат како Тамифлу) и занамивирот ( познат како Реленца) се невроминидазни инхибитори кои се создадени за да го спречат ширењето на вирусот во телото. Овие лекови се многу ефикасни против А типот на грип и против В типот на грип. Кокранската волонтерска групација ги преиспита овие лекови и заклучи дека тие ги намалуваат симптомите и компликациите. Различните бактерии од вирусите на грипот се одликуваат со различен степен на отпорност против овие лекови. Невозможно е да се предвиди колку ќе биде отпорен наредниот пандемичен вирус.

Невроминидазни инхибитори

М2-лекови (адамантини)[уреди]

Антибиотиците амантадин и римантадин го блокираат вирусниот јонски канал (М2 белковината) и не дозволуваат вирусот да ги зарази клетките. Доколку овие лекови се применуваат во рана фаза на заболување од грипот А, тие понекогаш би можеле да бидат ефикасни . За жал тоа не важи и за заболување од грипот В, бидејќи овие вируси не содржат М2 молекули. Во 2005 година, измерената отпорност на амантадин и римантадин кај Американците заразени од вирусот H3N2 се покачи на 91%. Високото ниво на отпорност можеби се должи на лесно достапниот амантадин, кој во Кина и Русија се издава без рецепт како лек против настинка, а исто така се употребува и да ги спречи епидемиите од грип во живинарството.


Прогнозирање на грипот[уреди]

Симптомите на грипот се многу посериозни и подолготрајни отколку оние на обичната настинка. Многу луѓе сосема закрепнуваат и тоа за околу една до две недели, но кај другите се развиваат компликации опасни по животот ( како што е пневмонијата). Оттука, грипот може да биде и смртоносна болест, посебно за оние со слаб имунитет, за младите и старите и за хронично болните. Луѓето со слаб имунитет, како што се ХИВ заразените или пациентите на кои им била извршена трансплантација ( чии имуни системи медицински се задушени за да не се случи одбивање на органот), страдаат од многу тешки болести. Во другите високо ризични групи спаѓаат бремените жени и малите деца. Грипот може да ги влоши хроничните проблеми. Луѓето заболени од емфизема, хроничен бронхит или астма, за време на инфекцијата од грип може да се соочат со диспнејa ( тешкотии при дишењето), а грипот може да ја влоши коронарната срцева болест или да предизвика инфаркт. Пушењето е другиот ризичен фактор кој е поврзан со секакви сериозни болести и ја зголемува стапката на смртност од грипот. Според СЗО : Секоја зима, многу луѓе заболуваат од грип. Повеќето од нив се само настинати и се отсутни од своето работно место околу една недела, но постарите спаѓаат во високо ризичната група т.е. тие можат дури и да го изгубат својот живот заради болеста. Знаеме дека годишно има најмалку илјадници луѓе во светот кои се жртви на грипот. Но дури и во развиените земји бројот не е извесен, бидејќи овластените во здравството всушност не ни забележуваат кој починал од грип а кој починал од болест која е слична на грип. Дури и здравите луѓе можат да се заразат и можат да се здобијат со сериозни проблеми на која било возраст. Луѓето постари од 50 години, најмалите деца и хронично болните најлесно се здобиваат со компликации од грипот како што се пневмонија, бронхит, воспаление на синуси и отитис ( воспаление на увото и антрумот). Во некои случаи при заразувањето од грип се јавува автоимунитетно пореметување кое може да прерасне и во Гијен-Бареов синдром. Сепак, додека многу други заболувања можат да го зголемат ризикот од оваа болест, грипот го прави тоа само во време на епидемија. Постојат тврдења и дека овој синдром е резултат од несаканите дејства кои се јавуваат од вакцините против грип. Иако истражувањето најде само еден случај од милиони вакцинации, едно големо истражување во Кина кое е сместено и во “NEJM” и истражило околу 100 милиони дози на вакцина против H1N1, свинскиот грип кој се појави во 2009 година пронајде само единаесет случаи на Гијен – Бареов синдром. Од вкупниот број на вакцинирани лица (0,1%) единаесетте случаи се всушност помалку и од нормалната стапка на заболени во Кина, а и не се забележани други несакани дејства. Пропорционалноста помеѓу ризикот и добивката, за што всушност и говори самата медицина како и вакцините и одат во прилог на вакцинацијата, и тоа во голема мера. Самото заразување од грип го зголемува ризикот за смрт ( најмалку 1 од 10.000) и го зголемува ризикот од заболување од ГБС многу повеќе отколку што може да предизвикаат несаканите дејствија при вакцинација (повеќе од 10) .

Епидемиологија[уреди]

Сезонски варијанти[уреди]

Грипот кулминира во зима .Но бидејќи на Северниот и на Јужниот Пол зимата не настапува во ист временски период, секоја година се појавуваат два различни сезонски грипови. Затоа и СЗО ( со помош од Државните центри за грип) препорачува две различни формулации за вакцините, од кои една е за Северниот, а другата за Јужниот Пол. Никој не можеше да открие зошто епидемиите на грипот не се појавуваат подеднакво низ годината туку сезонски. Постои едно решение – бидејќи за време на зимата луѓето почесто се дома, тие почесто имаат и директен контакт, а од ова произлегува пренесувањето од едно лице на друго. Исто така голема улога можа да има и зголемената посета на Северниот Пол за време на зимските празници. Друг чинител се ниските температури кои го сушат воздухот, а тој го суши слузот и со тоа го спречува телото целосно да ги исфрли вирусните честички. На пониски температури вирусот опстанува подолго врз површината, а исто така и пренесувањето на вирусните аеросоли тогаш е најголемо т.е. на температура пониска од 5 ° C и со релативно ниска влажност. Впрочем, ниското количество на влажност во воздухот во зима изгледа дека е главната причина за појава на сезонски грип во умерените предели. Сепак,исто така и во тропските предели се појавуваат сезонски промени во стапката на заболеност, а во некои земји и во дождовните периоди. Сезонските промени што потекнуваат од училишните услови и што се главен фактор за други болести кај децата како што се сипаници и магарешка кашлица исто така може да имаат улога кај грипот. Сите овие мали сезонски ефекти можат да прераснат во големи поради динамичната резонанца на ендогените циклуси на болести. H5N1 го одразува своето сезонско појавување и кај луѓето и кај птиците. Поразличните хипотези го објаснуваат сезонскиот грип како ефект од нивоaтa на витамин D кои се имуни на вирусот. Идејата прв ја предложил Роберт Едгар Хоуп Симпсон во 1965 година. Тој објаснил дека причината за појавата на епидемии на грип за време на зимата можеби е поврзана со сезонските варирања на витаминот D, кој се создава под кожата како резултат на сончеви ( или вештачки) УВ зраци. Ова може да разјасни зошто грипот најчесто се појавува во зима и за време на тропските дождовни периоди . Тоа е бидејќи луѓето тогаш се затворени дома ,тие се далеку од сонцето и нивото на витаминот D им опаѓа.

Ширење на епидемии и пандемии[уреди]

Антигенското струење создава вируси кои предизвикуваат грип со помалку модифицирани антигени, додека антигенската промена создава вируси со сосема нови антигени

Бидејќи грипот е предизвикан од најразлични видови на вируси, во годината во која се појавил некои вируси изумираат, некои создаваат епидемии, а пак некои пандемии. Најчесто во текот на годината се појавуваат два сезонски грипа ( по еден на секоја полутопка) . Регистрирани се околу 5 милиони случаи заразени од тешката болест и најмалку 500. 000 смртни случаи насекаде низ светот, што и теоретски претставува годишна епидемија на грип. Иако опсегот на грипот знае да биде доста различен од година во година, во САД секоја година се појавуваат приближно околу 36. 000 смртни случаи и повеќе од 200.000 хоспитализирани лица од грип. Грубо кажано, пандемијата се појавува три пати на 100 години, заразува голем дел од светското население и убива десетици милиони луѓе. Всушност, едно истражување покажало дека ако денес се појави опасниот вирус од 1918 година што предизвикувал грип ,тој може да убие околу 80 милиони луѓе.

Антигената размена или реасортиманот може да резултира со нови и високо патогени вируси кои предизвикуваат грип кај човекот

Новите вируси на грипот најчесто се создаваат преку мутација или преку генетски реасортиман на вирусот . Мутациите можат да предизвикаат мали промени во хемаглутининските и навроминидазните агенси кои се наоѓаат на вирусната површина. Ова се нарекува антигенско струење, кое полека создава повеќе вируси се додека не се создаде вирусот кој ги заразува луѓето што биле имуни на претходните вируси.Тогаш оваа нова варијанта ги заменува претходните вируси со тоа што брзо се шири низ населението и предизвикува епидемија. Меѓутоа, бидејќи вирусите кои настанале со струењето ќе бидат слични на оние претходните што е и сосема нормално, некои луѓе ќе бидат имуни и на нив. За разлика од нив, кога вирусите на грипот се прегрупираат, тие се здобиваат со комплетно нови антигени . На пр. кога вирусите од птичјиот грип и од грипот кај човекот ќе се измешаат, тоа се нарекува антигенска промена. Ако вирусот што предизвикува грип кај човекот има сосема нови антигени, сите ќе бидат скептични, новиот вирус ќе се прошири надвор од сите граници и ќе предизвика пандемија. За разлика од овој вид пандемии кои се темелат на антигенско струење и антигенска промена, се предлага нов метод во кој периодичните пандемии се создаваат по пат на интеракции помеѓу луѓето и постојаната група вируси со константно менување на повеќе имунитети во однос на различните вируси.


Грипот низ историјата[уреди]

Пандемии[уреди]

Пандемија од досега најстрашниот Шпански грип во 1918 год.

Пред околу 2.400 години Хипократ за прв пат ги открил симптомите од грипот кој се јавува кај луѓето. Иако изгледа дека вирусот предизвикувал епидемии низ човековата историја, историските податоци за грипот тешко се разбираат бидејќи симтомите не се разликуваат од оние симптоми на другите респираторни болести. Можно е болеста од Европа да се проширила во Америка уште за време на Европската Колонизација во Америка, бидејќи речиси целото домородно население на Антилите изумрело од епидемија која наликувала на грип и се проширила во 1943 година, по пристигнувањето на Кристофер Колумбо. Првиот најголем рекорд на пандемичниот грип била епидемијата во 1580 година која започнала во Русија и преку Африка се проширила во Европа . Во Рим околу 8000 луѓе го изгубиле својот живот, а некои градови во северна Шпанија биле сосема уништени. Пандемиите спорадично продолжиле вo XVII и XVIII век. Со пандемиите од 1830 до 1833 година кои биле многу распространети, се заразиле скоро една четвртина од изложените луѓе. Најпознатата и најсмртносната епидемија е пандемичниот грип од 1918 година ( Шпански пандемичен грип) ( грип – вирус А, поттип H1N1), кој траел од 1918 до 1919 година. Не се знае прецизниот број на смртни случаи, но се проценува дека имало од 20 до 100 милиони. Оваа пандемија е опишана како “ најголемиот медицински холокауст во историјата” кој како и Чуматa, однел милијарди човечки животи. Огромниот број на смртни случаи се должи на превисоката стапка на заразеност ( над 50% ), како и на тешките симптоми за кои се верувало дека се предизвикани од цитокинезата. Всушност, симптомите од 1918 година биле толку необични што грипот порано бил дијагностициран како заразна тропска треска, колера или тифус. Еден експерт изјавил :

- Еден од најстрашните симптоми беше крварење од слузните мембрани посебно од носот, желудникот и од цревата .Исто така се појавуваше крварење од ушите и пукање на капиларите под кожата. Повеќето беа жртви на бактериската пневмонија, второстепено заболување предизвикано од грипот, но вирусот исто така директно ги убиваше луѓето предизвикувајќи им масивни белодробни крварења или ендем. Пандемскиот грип од 1918 година ( Шпански пандемичен грип) беше навистина глобално проширен, се прошири дури и на Арктикот и на најдалечните острови на Пацификот. Исклучително тешката болест уби околу 20 % од заболените што е спротивно на обичниот грип чија смртна стапка е 0,1 %. Друга ретка карактетристика на оваа пандемија е тоа што од неа умирале младите луѓе, со 99 % смрност на луѓе кои имаат помалку од 65 години, и повеќе од 50 % кај млади луѓе на возраст од 20 до 40 години. Ова е навистина чудно бидејќи грипот обично е опасен по животот за најмладите ( помали од 2 годинки ) и за најстарите ( постари од 70 години) . Не е познат точниот број на смртни случаи од пандемијата во 1918 и 1919 година, но се проценува дека измурело околу 5% од светското население. Како што Сидата за 25 години однесе 25 милиони жртви,така и пандемичниот грип го направи истото, но само за 25 недели. Пандемичните грипови кои се појавиле подоцна, не биле толку сериозни. Тука спаѓаат Азискиот грип од 1957 година ( тип А, вирус H2N2) и грипот во Хонг Конг од 1968 година ( тип А, вирус H3N2), но дури и од овие помали епидемии изумреле милиони луѓе. Во подоцнежните пандемии антибиотиците можеле да ги спречат второстепените заболувања, со што помогнале да се намали смртноста во споредба со шпанскиот грип од 1918 година. Првиот самостоен вирус на грипот бил пронајден кај живината , кога во 1901 год. “ кокошкината чума “ поминала низ Чемберлендовите филтри. Тие имале пори кои биле премногу мали за бактеријата да може да излезе. За прв пат била откриена етимолошката причина за грип кај свињите од страна на Ричард Шоп во 1931 год. После ова следело откритието на вирус од грип кај човекот од страна на една група предводена од Патрик Ледлоу од Советот за медицински истражувања во Обединетото Кралство во 1933 год.

Градба на тутунски мозаичен вирус

Сепак, бесклеточната природа на вирусите постојано се потценувала се додека Вендл Стенли не го кристализирал тутунски мозаичниот вирус во 1935 год. Првиот значителен чекор за спречување на грипот го направил Томас Френцис во 1944 год. со создавање на вакцина која го убива вирусот. На ова работел и Австралијанецот Френк Мекфарлејн Брнет и покажал дека вирусот кога е одгледан во оплодено јајце од кокошка ја губи својата опасност. Примената од ова истражување на Френцис овозможила неговата група истражувачи при Универзитетот во Мичиган и со поддршка од американската армија да создаде прва вакцина против грипот . Исто така и армијата била вклучена во ова истражување заради нивното искуство со грипот во Првата светска војна, кога за само неколку месеци вирусот убил илјадници трупи. Во споредба со вакцините, создавањето на лекови против грипот било малку побавно . Амантадинот добил дозвола во 1966 год., а речиси триесет години подоцна бил создаден нов вид на лекови ( невроминидазните инхибитори) .

Подтипови на вирусот кој го предизвикал грипот А кај човекот


Влијанието на грипот во општеството и културата[уреди]

Заради непродуктивноста на медицинските третмани грипот создава директни трошоци, а заради превентивните мерки индиректни трошоци. Во САД, заради грипот, за една година се трошат околу 10 милијарди долари, додека пак се проценува дека за време на наредната пандемија ќе се потрошат стотици милијарди долари на директни и индиректни трошоци. Сепак, во претходните пандемии не било истражено економското влијание .Некои автори тврдат дека наспроти огромното намалување на работната маса и сериозните краткотрајни депресивни ефекти, шпанскиот грип всушност позитивно влијаел во приходот по глава на жител . Други истражувања се обиделе да ги предвидат трошоците во американската економија од сериозна пандемија како шпанскиот грип од 1918 год. од кој се заразиле 30 % од работниците , а починале 2,5% . Стапката на заболеност од 30% и три неделната болест би го намалиле бруто домашниот производ на 5%. Медицинските третмани за околу 45 милиони луѓе ќе создадат дополнителни трошоци, а вкупните економски трошоци би биле околу 700 милијарди долари. Исто така и превентивните трошоци се многу големи. Владите насекаде потрошија милијарди американски долари при подготвувањето и при планирањето на можна пандемија од H5N1 птичји грип. Тука беа вклучени трошоците од купените лекови и вакцини како и создавањето на итни обуки и стратегии за подобрување на граничните контроли. На 1 ноември, во 2005 год., американскиот претседател Џорџ В. Буш ја откри државната стратегија за безбедност од опасната пандемија на грип која беше поддржана со барање до Конгресот на САД од 7,1 милијарди долари за да се започне спроведувањето на планот. На 18 јануари, 2006 год. на дводневната Меѓународна донаторска конференција за птичјиот и сезонскиот грип во Кина , донаторските земји вложија 2 милијарди американски долари за борба против птичјиот грип. Во проценката на пандемијата од вирусот H1N1 од 2009 год. кај одредени држави од Северната полутопка податоците покажуваат дека сите држави се соочиле со некои повремени или географско изолирани социоекономски последици . Исто така се соочиле и со опаѓање на туризмот ,најверојатно заради стравот од болеста H1N1 од 2009 год.Сепак, се уште е рано да се каже дали пандемијата од H1N1 предизвикала некои посериозни економски последици.

Истражување за грипот[уреди]

Истражување за грипот

Во истражувањето за грипот се вклучени : студиите за молекуларна вирологија, како вирусот ја предизвикува болеста ( патогенеза), имунитетскиот систем на домаќинот, вирусни геномики и на кој начин се шири вирусот ( епидемиологија) . Овие студии играат голема улога во создавањето на превентивни мерки против грипот . На пр. подобро познавање на човековиот имунолошки систем помага при создавање на вакцините, а деталната слика од тоа како грипот ги напаѓа клетките помага при создавање на лекови против вирусот. Една едноставна, но многу значајна истражувачка програма е “ Influenza Genome Sequencing Project “, која создава многу секвенци на грипот. Овие секвенци треба да расчистат кои фактори го прават вирусот посмртоносен од останатите, кои гени највеќе влијаат на имуногеноста и како за одреден временски период почнува да се создава вирусот. Истражувањето за новите вакцини е многу важно, бидејќи моменталните вакцини многу бавно се произведуваат, а и многу чинат и треба да се реформулираат секоја година. Секвенцирањето на геномот на грипот и новосоздадената технологија на ДНК може да го забрзаат создавањето на нови видови вакцини, така што научниците ќе можат да ги заменат претходно создадените вакцини со нови антигени. Исто така новите технологии се создадени за да произведат вируси во клеточната култура. Тие ветуваат поголема продуктивност, помали трошоци, подобар квалитет и огромен капацитет. Истражувањето за стандардната вакцина против А грипот кое цели кон надворешниот домен на трансмембранскиот вирусена М2 белковина (М2е), е направено од страна на Волтер Фјерс и Хавиер Селенс заедно со нивниот тим, при Универзитетот во Гент. Ова истражување успешно ги реши првостепените клинички случаи.Се истражуваа многу биолошки, терапевтски и имунобиолошки вакцини за лекување на инфекцијата предизвикана од вируси. Терапевтските вакцини се создадени за да го разбудат имунолошкиот систем против вирусите или антигените. Обично вакцините не целат кон метаболизмот како што тоа го прават лековите против вирусот. Но живите имуни клетки како што се лимфоцитите, макрофагите или присутните антигенски клетки, се обидуваат да го натераат имунолошкиот систем да создаде цитотоксичен ефект против вирусот. Разните видови на грип од кои еден е и глувчешкиот грип се погодни видови за проверка на дејствијата од превентивните и терапевтските вакцини. На пр. лимфоцитниот терапевтско-клеточен имунолошки модулатор го спречува вирусното зголемување во грипот кај глувците.



Заболување кај другите животни[уреди]

вирус H5N1, поттип кој предизвикува грип А

Грипот се јавува кај многу други видови на животни, а исто така се појавува и пренесување на вирусот. Птиците се сметаат за главни носители на вируси од грипот.Идентификувани се шеснаесет форми на хемаглутинин и девет форми на невраминидаза . Кај птиците се присутни сите познати поттипови ( HxNy), но многу подтипови се ендемични кај луѓето, кучуњата, коњите и свињите, камилите, ласиците, мачките, фоките, визоните . Исто така и кај китовите имало доказ за некоја изложеност или инфекција од грип. Понекогаш различните видови вируси на грипот се именуваат според видот кој што го напааат . Тука спаѓаат : птичји грип, сезонски грип, свински грип, коњски грип, кучешки грип ( мачешкиот грип највеќе се однесува на рихотрахеитна инфекција кај мачките или мачешки вирус кој не е предизвикан од грипот). Кај свињите, коњите и кај кучињата симптомите на грипот се слични со оние кај луѓето, кашлање, покачена телесна температура и намален апетит. Фреквентноста на болестите кај животните не е толку проучена како кај луѓето, но епидемијата на грип кај крајбрежните фоки во 1979 и во 1980 год предизвикала околу 500 мртви фоки на брегот од Нова Англија. Од друга страна, епидемиите кај свињите се вообичаени и не се толку сериозни .


Птичји грип[уреди]

Знак за преголема пандемија од птичји грип

Симптомите од грипот кај птиците се различни и понекогаш се многу чудни. Симптомите што произлегуваат од инфекцијата на ниско патогенскиот птичји грип можат да бидат и полесни . На пр . помалку несење јајца, губење на тежина или поблага респираторна болест. Бидејќи овие благи симптоми можат да ја отежнат дијагнозата, за да се открие ширењето на птичјиот грип потребно е лабараториско тестирање со заразените птици. Некои вируси како што е Азискиот грип H9N2, се многу заразни за живинатa и можат да предизвикаат посериозни симптоми и значителна смтност. Кога грипот се појавува во најразвиена патогенска форма, тој за два дена кај кокошките и кај мисирките предизвикува 100%смрт. Бидејќи вирусот во пренаселени услови брзо се шири, кај интензивното фармерство на кокошки и мисирки овие епидемии можат да предизвикаат големи економски загуби за живинарите. Птичјиот високо патогенски вирус H5N1 ( наречен HPAI A(H5N1), “ високо патогенски вирус кој предизвикува птичји грип од тип А и поттип H5N1” ) . Птичјиот грип е епидемичен кај многу населенија, а посебно во Југоисточна Азија. Азискиот домороден вирус HPAI A (H5N1) ( нечовечки епидемии) и епизотиката ( болест која напаѓа најразлични видови животни, посебно во една широка област) се шират насекаде низ светот. Со обидот да се стави контрола на ова ширење ,беа убиени десетици милиони птици, а се зголеми и убивањето на птици од другите видови. Моментално HPAI A(H5N1) претставува птичји грип и не постои доказ за негово пренесување помеѓу луѓето. Во речиси сите случаи, заразените имале долготраен контакт со заразени птици. Можеби во иднина, птичјиот грип ќе мутира и ќе се развие до таму што ќе се пренесува од една личност на друга . За да се случи ова, постојат некои чудни предуслови кои никој не може да ги разбере. Сепак, бидејќи птичјиот грип е опасен и смтоносен, заради неговото ендемско присуство и заради огромните биолошки носителски резервоари, во 2006 и 2007 година птичјиот сезонски грип беше прогласен за најголема пандемична закана во светот. Се потрошија милијарди долари за да се истражи птичјиот грип, како и за да се подготви населението од нова пандемија .

Свински грип[уреди]

Симптоми на свинскиот грип

Свинскиот грип кај свињите предизвикува треска, млитавост, кивање, кашлање, тешкотии при дишењето и намален апетит. Во некои случаи заболувањето може да предизвика и потфрлање. Иако овој вирус не е толку смртоносен, тој може да предизвика намалување на телесната тежина и намален раст, што за фармерите претставува економска загуба. Заразените свињи можат да загубат и до 12 килограми од својата телесна тежина во период од 3 -4 недели. Можно е директно пренесување на грипот од свињите на луѓето ( анимален свински грип ). Во сите 50 човечки случаи вирусот бил идентификуван уште во XX век и резултирал со 6 смртни случаи. Во 2009 год. свинскиот вирус H1N1 познат како свиснки грип ја предизвика пандемијата, но немаше докази дека има епидемии и кај свињите, т.е. наместо вирусот да се пренесува од свињите кај луѓето, тој се пренесуваше од едно лице на друго. Овој вирус е измодифицирана верзија од повеќе вируси на H1N1, кои најчесто се среќаваат кај луѓето, кај птиците и кај свињите .