Астма
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Кај луѓето со Бронхијална астма дишните патишта се осетливи. Кога овие луѓе се изложени на одредени предизвикувачи, нивните дишни патишта се стеснуваат отежнувајќи им го дишењето. Кај астматичарите, дишните патишта се стиснуваат поради тоа што понекогаш има вид алергично воспаление каде што нивната внатрешна слузокожа создава повеќе леплива течност (слуз). Исто така понекогаш мускулот што ги обвиткува дишните патишта се стегнува предизвикувајќи сличен ефект.
Содржина |
[уреди] Предизвикувачи
Обични предизвикувачи на астма се:
- Настинка или грип
- Физички вежби
- Поленов прав, мувла или трева
- Влакна од животни
- Прашина
- Чад
- Промени во температурата на воздухот
- Одредени лекови на пр., аспирин
- Хемикалии или парфеми
- Храна со конзерванси, бои или средства за подобрување на вкусот
- Некои емоции на пр., стрес
[уреди] Добивање астма
Причините што предизвикуваат да се појави астма не се знаат потполно, меѓутоа, кај оние со астма често во семејството постои историја на астма или алергија. Астмата може да се појави на било која возраст. Кај децата, чии мајки пушат за време на бременоста и децата кои, во раното детство, се изложени на чад од цигари, ризикот да добијат астма е поголем. Исто така човек кој живее во голем градови со загаден воздух може да добие астма.
[уреди] Главни знаци на астмата
- Рапав, пискав звук или свирење при дишењето
- Стегање во градите
- Задишеност
- Кашлање
[уреди] Извор
- http://www.mhcs.health.nsw.gov.au/mhcs/publication_pdfs/6000/DOH-6000-MAC.pdf Астма - Основните Факти, © Астма Австралија, февруари 2002.
[уреди] Надворешни врски