Пушење
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Пушење е вдишување на чадот од растение што гори, особено тутун од цигара, пура или луле. И покрај социјалните и медицински совети против пушењето, оваа навика е раширена насекаде во светот. Никотинот и другите слични алкалоиди влијаат на психоактивната состојба и заедно со катранот (остаток кој содржи смола и други пропратни соединенија) имаат негативни здравствени последици. Тие последици вклучуваат рак на белите дробови, рак на грлото и орален рак, срцеви болести, удари, емфисема, хроничен бронхитис и дегенерација на кожата. Пушењето, исто така го зголемува ризикот од други болести. Пасивното пушење (вдишувањето на чадот од другите пушачи) го зголемува ризикот на непушачите од рак на белите дробови и ризикот од синдромот на ненадејна смрт кај бебињата. Програмите за самопомош и докторската помош, заедно со никотинските лепенки и гуми за џвакање кои ја обезбедуваат потребната доза на никотин, спаѓаат во помагалата кои им се на располаѓањена оние кои сакаат да се откажат од цигарите. Многубројните кампањи против пушењето во САД го намалија бројот на пушачи, иако во останатите држави тој сѐ уште е во пораст.
