Кит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Китови
Период: Ран еоцен - денес
Кит Megaptera novaeangliae
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Потколено: ‘Рбетници
Класа: Цицачи
Ред: Cetacea
Бризон, 1762
Подредови

Mysticeti
Odontoceti
Archaeoceti (изумрен)

Китот е голем цицач кој целиот свој живот го поминува во вода. Китовите имаат рибовидно тело; но нивните опашни перки се хоризонтални наместо вертикални како кај рибите. Тие имаат весловидни предни екстремитети. Нивната кожа е мазна и сјајна и, во зависност од видот, може да е црна, бела или да е со различни бои и шари. Под кожата се наоѓа тенок слој на масно ткиво, наречено китово масло, кое дава изолација и служи како извор на складирана енергија.

Китовите не се риби. Рибите се ладнокрвни и дишат под водата користејќи жабри. Од друга страна, китовите одржуваат топла и константна телесна температура од околу 37 °C и дишат воздух со помош на бели дробови. За разлика од рибите, кои ги движат своите вертикални опашни перки од една страна на друга додека пливаат, китовите ги движат нивните хоризонтални опашни перки горе-долу за да се пропелираат себеси низ водата.

Китовите припаѓаат на мамалискиот ред Cetacea. Научниците ги класифицираат китовите во две групи. Една група, позната како вилични китови (Odontoceti), имаат вилици со остри заби кои ги користат при ловењето на риби, лигњи и друг плен. Во вилични китови се вбројуваат делфините и порпоизите. Другата група на китови е безвилични китови (Mysticeti) кои немаат заби. Овие китови користат гигантски и флексибилни чешловидни структури за филтрирање на мали риби и ситни ракови од водата.

Китовите можат да се најдат во сите светски океани, па дури и во неколку реки. Еден вид на делфин, виолетов речен делфин, живее само во реката Амазон и нејзините поголеми притоки. Некои китови, вклучувајќи ги синиот, грбестиот и сивиот, мигирираат на огромни растојанија, патувајќи меѓу тропските региони во зима и субполарните води во лето. Другите китови не мигрираат на долги растојанија или, како на пример китот-убиец, талкаат без специфични мигрирачки патишта.

Физички опис[уреди]

Китовите се огромни во споредба со сите други животни. Синиот кит е еден од најголемите животни воопшто, со должина од преку 24 m и тежина од 150 метрички тони. Неговото срце е големо колку фолксваген буба, а неговото тело е речиси големо и тешко како тоа на најголемиот познат диносаурус.

Китовите поседуваат кружно тело заострено во задниот дел во пар на широки хоризонтални опашни перки. Коските на опашните перки ги претставуваат екстремитетите на копнените цицачи. Многу китови имаат дорзална перка лоцирана на или позади центарот на грбот.