Бременост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бременост
Класификација и надворешни извори
PregnantWoman.jpg
Бремена жена.
МКБ-10 Z33
МКБ-9 650
DiseasesDB 10545
MedlinePlus 002398
eMedicine article/259724
MeSH D011247

Бременост (латински: Graviditas) — развивање на еден или повеќе плодови во матката на жената, познати како фетус или ембрион. Повеќеплодова бременост е можна како што е случајот со близнаци или тројка. Бременоста кај човекот е повеќе проучувана за разлика од бременоста кај цицачите. Гинекологија и акушерство е хируршка област што ја проучува и се грижи за високо ризичната бременост. Медицинските сестри (народно познати како бабици) се дел од нехируршката област која води сметка за бременоста и бремените жени.

Породувањето се случува околу 38та гестациска недела или приближно 40 недели од последниот нормален менструален период на жената. Медицински, за нормален датум за породување се смета доколку тој се паѓа во текот на 14 дена пред или по пресметаниот датум. Пресметувањето на овој датум ја вклучува претпоставката за редовен менструален период после секои 28 дена. Според тоа бременоста трaе речиси девет месеци. Во медицинската заедница, точната дефиниција на англискиот збор бременост е предмет на политичка контроверзност, не и на суштинска контроверзност.

Терминологија[уреди]

Еден од научните термини за состојбата бременост е гравидитет, а бремената жена понекогаш е позната и како гравидна.[1] Ниту еден од овие зборови не се употребува во секојдневниот говор. Слично, терминот паритет (скратено пара) се користи за бројот на претходно живи родени деца. Медицински, жена која што никогаш не била бремена се нарекува ,,негравидна’’ додека со секоја наредна бременост, жената е позната како ,,мултигравидна’’ или ,,мултипара’’. [2][3][4] Според ова, жена која е бремена по втор пат се означува како ,,гравидитет 2, пара 1’’ а по породувањето како,, гравидитет 2, пара 2’’. Недоносената бременост причинета од абортуси, пометнувања или раѓања на мртво роденче, придонесува до намалување на вредноста на паритетот за разлика од бројот на гравидитет. Од друга страна пак, повеќеплодовите раѓања би ја зголемиле вредноста на паритет. Жените кои имале спонтани абортуси пред или до 20та недела од бременоста се наракуваат нултипарни.[5] Медицинскиот термин за жена која е бремена за прв пат е ,,примигравидна .[6]

Поимот ембрион се користи за да го означи развојот на плодот за време на првите осум недели од зачетокот, а терминот фетус се користи за периодот од околу вториот месец од развојот на плодот, па се до породувањето.[7][8]

Во повеќе медицински или правни дефиниции на општеството, човековата бременост прилично арбитрарно е поделена на три тримесечја, како начин за поедноставно посочување на различните периоди од пренаталниот развој. Во првото тримесечје најголем е ризикот од пометнување на плодот (природна смрт на ембрионот или фетусот). За време на второто тримесечје, развојот на фетусот може полесно да биде следен и дијагностициран. Честопати почетокот на третото тримесечје се приближува кон фазата на согледување на отпорноста односно способноста на фетусот да преживее надвор од матката, со или без медицинска помош.[9]

Развој[уреди]

Фази на бременоста

Зачнување[уреди]

Бременоста настанува како резултат на пенетрација на женската јајце-клетка или ооцит од страна на гаметот на мажот, т.е сперматозонот, во процесот којшто во медицината се нарекува оплодување или обично познат како ,,забременување’’. Веднаш по фертилизацијата настанува нова клетка т.е. зигот. Соединувањето на машкиот и женски гамет вообичаено настанува преку сексуален однос. Како и да е, појавата на вештачка инсеминација и ин витро оплодувањето, исто така се покажа успешна во случај кога преку сексуален однос не доаѓа до оплодување (на пр. по желба или во случај на стерилност кај мажот/жената.)

Преднатален период[уреди]

Како преднатален се означува периодот околу породувањето, поточно од 22 гестациски недели (154 дена), до полни 7 дена по породувањето.[10]

Правните прописи во различни земји ја вклучуваат гестациската возраст од 16 до 22 недели (5 месеци) пред породувањето.

Постнатален период[уреди]

Главен напис: Постнатален период

Постнаталниот период започнува веднаш по породувањето и трае до 6от месец после породувањето. За време на овој период, телото на мајката се враќа во претходната состојба, а истото се однесува и за големината на матката и нивото на хормони.

Должина на бременоста[уреди]

Отчекуваниот датум за породување (ПДП) е по 40 недели, сметајќи од последната менструација. Породувањето се случува помеѓу 37-та и 42-та недела.[11] Бременоста вообичаено трае точно 38 недели по зачнувањето. Иако бременоста започнува по оплодувањето, попрактично е да се смета од првиот ден на последната менструација на жената, или од датата на зачнување ако се знае. Последниот датум за породување може да се пресмета со една од овие дати. Основата на правилото на Наегел за процена на датумот за породување е 40 недели т.е девет месеци и шест дена. Поточните и пософистицирани алгоритми земаат предвид други променливи, на пример дали станува збор за прво или второ дете (т.е. бремената жена е прворотка или не), етничка група, возраста на родителот, должината на менструалниот циклус и менструалната редовност.

Породувањето се случува по 37-та недела, но не порано од 42-та (помеѓу 259 и 294 денови сметани од последната менструација). Бебињата родени пред крајот на 37-та недела (259 дена) се сметаат за недоносени, а оние родени по 42-та недела (294 дена) се сметаат за преносени.[12] Кога бременоста трае повеќе од 42 недели (294 дена) ризикот од компликации за жената и фетусот значително се зголемува.[11][13] Поради тоа, во случај кога бременоста е некомплицирана, т.е. во периодот помеѓу 41-та и 42-та недела, гинеколозите вообичаено преферираат да го предизвикаат породувањето.[14][15]

Последната медицинска литература ѓи преферира термините недоносено за предвреме родено и преносено во случај на пречекорување на терминот. Недоносено и преносено се јасно дефинирани погоре, додека предвреме родено и родено по 42-та недела имаат историско значење и повеќе се однесуваат на големината и состојбата на развојот отколку за должината на бременоста.[16][17]

Помалку од 5% од породувањата се случувааат во последниот термин, 50% од породувањата се случуваат во текот на неделата на последниот термин и речиси 90%, 14 дена пред или по пресметаниот термин.[18] Далеку покорисно е дотогаш да се имаат предвид повеќе термини, отколку само еден определен ден, на пример, неколку пресметани последни термини со помош на онлајн калкулатори кои ни ја даваат оваа информација.

Точното датирање на бременоста е особено важно бидејќи се користи за пресметување на резултатите од различни пренатални тестови ( трикратните тестови). Гинекологот може да реши да предизвика породување (со провокација) доколку забележи дека фетусот е преносен. Освен тоа, доколку според последниот менструален период и датирањето од ултразвукот се предвидуваат различни соодветени термини (со датирањето од ултразвукот земено како последен термин), може да се однесува на забавен ембрионален раст, и поради тоа повнимателен преглед е потребен.

Породување[уреди]

Главен напис: Породување

Породувањето претставува нормален природен процес кај жените со кој се раѓа дете. Многумина сметаат дека породувањето претставува почеток на нов живот. Во повеќето култури, возраста релативно се дефинира во согласност овој процес.

Породувањето започнува со појавата на контракциите на матката кои се повторуваат во правилни временски интервали, заедно со промени на нејзиниот цервикс-првично скратување и раширување. Иако, општо прифатено е дека породувањето е болен процес, некои жени имаат безболен пораѓај, други пак сметаат дека концентрирањето на породувањето помага за забрзување на истото и олеснување на возбудата. Повеќето вагинални породувања завршуваат успешно, но доколку дојде до зголемување на компликациите, тогаш се прави царски рез.

Мајката и бебето хормонално се поврзани и по породувањето преку ослободување на окситоцин од страна на мајката, хормон кој се ослободува преку доењето.

Дијагноза[уреди]

'Главен напис:Гинекологија и Акушерство

Бременоста може да биде откриена на различни начини, од страна на бремената жена без никакво медицинско тестирање или преку медицински тестови со или без помош на доктор.

Повеќето бремени жени имаат одредени симптоми кои укажуваат на бременост. Такви симптоми се гадење и повраќање, прекумерена поспаност и умореност, желба за определена храна која што порано не и била толку омилена на бремената и често мокрење, особено во текот на ноќта.

Определен број на рани медицински знаци се поврзуваат со бременоста.[19][20] Овие знаци вообичаено се појавуваат во првите неколку недели од зачнувањето. Иако не секогаш сите знаци се присутни, ниту пак истите се дијагностицирани, сите заедно ја формираат дијагнозата за веројатна бременост. Вакви знаци се присуството на хуман хорионски гонадотропин (hCG) во крвта и урината, задоцнет менструален период, мало крварење за време на 3та или 4та недела од последната менструација како резултат на имплантација-нидација на ембрионот во матката, постојано зголемена базална телесна температура во период од две недели по овулацијата, знакот на Чадвик, (потемнување на грлото на матката, вагината, и вулвата), знакот на Гуделс, (омекнување на вагиналниот дел на грлото на матката), знакот на Хегар (омекнување на утерус истимус), и пигментирање на белата линија на абдоменот (потемнување на кожата на средната линија на абдоменот, причинето од хиперпигментација која резултира од хормоналните промени, вообичаено се појавува во средината од бременоста).[19][20]

Бременоста може да биде откриена со помош на различни тестови за бременост со кои се препознаваат хормоните создадени од страна на новоформираната плацента. Со клиничките тестови преку крв и урина, бременоста може да се открие веднаш по имплантацијата, односно од 6 до 8 дена по оплодувањето. Тестовите за откривање бременост преку крвта се далеку поточни од оние за откривање бременост преку урина.[21] Со тестовите за откривање бременост наменети за домашни услови, бременоста не може да се открие порано од 12 до 15 дена по оплодувањето.Со клиничките и тестовите наменети за домашни услови може да се открие бременост, но не и да се утврди возраста на ембрионот.

Во постимплантационата фаза, бластоцистата (развиеното јајце) лачи хормон наречен хуман хорионски гонадотропин, кој го стимулира хуман лутеум (жолтото тело) во јајникот на жената да продолжи со лачење на прогестерон. Ова влијае врз одржување на ѕидот на матката со цел ембрионот да продолжи да се храни. Жлездите во ѕидот на матката ќе отечат како резултат на бластоцистата, а капиларите во тој дел ќе бидат стимулирани за раст. Ова на бластоцистата и овозможува да ѓи прима витално хранливи материи од жената.

Покрај сите овие симптоми, некои жени неможат да забележат дека се бремени се дури до последните месеци од бременоста, а во некои случаи, сè додека не започнат породилните болки. Ова може да биде резултат од повеќе фактори, вклучувајќи го нередовниот менструален период, (обично кај тинејџерите), одредени типови лекувања (кои не се однесуваат на забременување), и дебелината кај жените кои не обраќаат внимание на зголемената тежина. Други може да ја негираат својата состојба.


Со помош на рани сонографски снимки, прилично точно може да се утврди големината на бременоста. Во практиката, докторите големината на бременоста (т.е возраста на ембрионот ) ја пресметуваат во однос на "датата на менструација" базирана врз првиот ден од последната менструација на жената, според податоците дадени од страна на трудницата. Точната дата на забременување не е позната доколку бременоста е резултат од некои типови третмани за плодност, освен ако нејзината последна сексуална активност е ограничена, или водела евиденција за нејзините циклуси. Трудницата може да нема утринска мачина. Честопати единствен очигледен знак за бременост е прекин на нејзиниот нормален месечен менструален циклус ( т.е.,,задоцнет период") .Од тука произлегува дека менструалниот датум претставува само општа образовна проценка за големината на фетусот која е просек од две недели покасно од првиот ден на последната менструација на жената. Терминот ,,датум на забременување" понекогаш може да се употреби кога тој датум е повеќе сигурен, иако дури и докторите можат да погрешат со нивната употреба на два различна термина. Последниот термин може да биде пресметан со правилото на Наегел. Очекуваниот датум за породување, исто така може да биде пресметан со гледање на фетусот со помош на сонограм .Овој метод е малку поточен од методите базирани брз последната менструација на жената.[22] Почетокот на породувањето во 3,6 % од случаите, започнува на денот утврден според последниот менструален период, и на денот предвиден според сонографските снимки во 4,3 % од случаите.[23]

Критериуми за воспоставување дијагноза се: жената која има менструални циклуси и е сексуално активна, каснење на менструалниот период од неколку денови или недели може да претставува знак за бременост, или покачена Бета-хцГ за околу 100 000 mIU/mL за 10 гестациски недели.


Психологија[уреди]

Терминот тримесечје се спомнува во оваа статија. За употрбата на овој термин во академска смисла, видете Академски термин.

Бременоста обично е поделена на три периоди, или тримесечја, секое по околу три месеци. Овие разлики се корисни за опишување на промените кои настануваат во текот на бременоста и покрај тоа што нема цврсто утврдени правила.

Прво тримесечје[уреди]

Споредба на растот на абдоменот кај бремена жена помеѓу 26 недела и 40 гестациска недела.

Докторите бременоста обично ја мерат во зависност од соодветни фази, вклучувајќи го денот на последната менструација, овулација, фертилизација, имплантација и хемиското откривање. Во медицината, бременоста често е дефинирана како зародиш кога развиениот ембрион се вгнездува во ендометриумот на матката на жената. Во некои случаи кога компликациите се зголемени, оплодената јајце клетка може да се имплантира во јајцеводите или цервиксот , со што настанува ектопична бременост или уште позната како вонматерична бременост. Повеќето жени немаат некакви специфични знаци или симптоми за време на всадувањето на ембрионот во матката, иако вообичаено е минимално крварење при всадувањето односно имплантацијата. Кај некои жени, исто така за време на првото тримесечје, може да се јави грчење. Ова не е сериозно освен ако има крварење. По имплантацијата утробниот ендометриум се нарекува децидуа . Плацентата која се формира одделно од децидуата и одделно од надворешниот слој на ембрионот, ги пренесува хранливите материи и кислородот, а ги отстранува непотребните материи од фетусот. Папочната врвца ги поврзува ембрионот или фетусот до плацентата. За време на ембрионалниот развој, развиениот ембрион трпи огромен пораст и промени.


Утринска мачнина имаат околу 70 проценти од бремените жени и обично истата се подобрува по првото тримесечје.[24]


Во првите 12 недели од бременоста, брадавиците и ареолата потемнуваат како резултат на привременото зголемување на хормоните. [25]

Најголем број на спонтани абортуси се случуваат во овој период .

Второ тримесечје[уреди]

Бремена жена во својата 26та недела

Периодот од 4от до 6от месец од бременоста се нарекува второ тримесечје. Во овој период повеќето жени имаат повеќе енергија и почнуваат да се дебелеат, додека симптомите на утринска мачнина се повлекуваат или евентуално се губат .

Во дваесетата недела матката, мускулниот орган којшто го држи развиениот фетус, може 20 пати повеќе да ја зголеми својата нормална големина. Иако фетусот почнува да се движи и да се оформува во текот на првото тримесечје, движењето на фетусот обично познато како ,,клоцкање" може да се почувствува во второто тримесечје. Ова вообичаено се случува во 4от месец, поточно од 20та до 21та недела или во 19та недела ако жената била бремена и претходно. Како и да е, нормално е некои жени да не го почувствуваат движењето на фетусот и покасно. Плацентата во овој период целосно функционира, фетусот создава инсулин и мокри. Преку репродуктивните органи може да се забележи дали фетусот е машко или женско.

Трето тримесечје[уреди]

Во овој период од бременоста доаѓа до последното зголемување на телесна тежина, што всушност преставува и најголемо зголемување на тежината. Фетусот во оваа фаза нагло расте, придавајќи по 28гр. на ден. Стомакот на жената ќе се трансформира во зависност од спуштањето на фетусот во надолна позиција, подготвен за породување. Во текот на второто тримесечје стомакот на жената е во исправена положба, додека во третото тримесечје почнува постепено да се спушта надолу. Фетусот почнува правилно да се движи и истото го чувствува жената. Феталното движење може да биде посилно и вознемирувачко за жената. Папокот на жената понекогаш може да биде конвексен, ,,испупчен" поради ширењето на стомакот. Овој период од бременоста може да биде непријатен, поради симптомите како што се слаба контрола врз мочниот меур и болки во грбот. Движењето на фетусот станува посилно и почесто и со помош на развиениот мозок, очи и функција на мускулите, фетусот е подготвен за опстанок надвор од матката. Жената може да го почувствува ,,вртењето" на фетусот кое може да причини болка или неудобност доколку истото се случува во близина на ребрата или 'рбетот на жената.

Бебето родено во овој период има најголема шанса да преживее.Употребата на модерна медицинска технологија за интензивна нега значително ја зголеми веројатноста за преживување на предвреме родените бебиња, повлекувајќи ја границата за способност на преживување на фетусот надвор од матката до порани датуми, често пати и без медицинска помош за разлика од порано.[26] Покрај сиот развој, предврменото породување е најголема закана за фетусот, и без разлика доколку бебето преживее, може да резултира со болести во подоцнежниот живот.

Пренатален развој и сонографски снимки[уреди]

Види исто така: Пренатален развој

Пренаталниот развој е поделен на два основни биолошки стадиуми. Прв е ембрионскиот стадиум, кој трае околу два месеци. Од тука започнува феталниот стадиум.[27] Во почетокот на ембрионалната фаза ризикот од спонтани абортуси нагло се зголемува. Воглавно, структурата на фетусот е оформена. Рацете, стапалата, главата, мозокот се присутни и продолжуваат да се развиваат. На почетокот на феталниот стадиум, фетусот обично е околу 30 мм (1,2 инчи) во должина, а отчукувањето на срцето може да се слушне со помош на сонограф, фетусот ја врти главата, и исто така прави основни движења и стресувања на целото тело.[28] Прстите почнуваат да растат во почетокот на феталната фаза.[29]

Електричната мозочна активност првпат се забележува помеѓу 5та и 6та гестациска недела, сепак сѐ уште се смета за обична нервна активност за разлика од почетокот на свесното разбирање, кое се развива подоцна во бременоста. Синапсата почнува да се формира во17та недела и околу 28та недела почнува да се зголемува со забрзано темпо кое трае се до 3от или 4 от месец по породувањето. До 23та недела фетусот не може да преживее надвор од матката, и покрај големата медицинска помош. До тогаш фетусот сѐ уште нема оформено витален човечки мозок.[30]

Еден од начините за следење на пренаталниот развој е со помош на ултразвучно снимање. Модерното 3Д ултразвучно снимање овозможува повеќе детали за пренаталната дијагноза за разлика од старата 2Д ултразвучна технологија.[35] Додека 3Д снимањето е популарно кај родителите кои сакаат да имаат пренатална фотографија,[36] 2Д и 3Д снимањата не се препорачливи за немедицинска употреба од страна на Управата за храна и лекарства.[37] [38] Како и да е, нема дефинитивни студии кои ултразвукот го поврзуваат со било какви неповолни медицински ефекти.

Психолошки промени во бременоста[уреди]

За време на бременоста, телото мора да го промени својот психолошки и хомеостатски механизам поради потребите на фетусот. Неопходно е зголемување на нивото на шеќер во крвта, како и дишење и ефективно испумпан крвен волумен (што се исфрла од едната во другата срцева комора за минута време).

Хормонски промени[уреди]

За време на бременоста, нивото на прогестерон и естероген постепено се зголемува, потиснувајќи ја оската на хипоталамусот а потоа и менструалниот циклус. Жената и плацентата исто така произведуваат многу хормони.

Нивото на пролактин се зголемува поради проширување на Хипофизната (елипсовидна) жлезда на мајката за 50%. Ова доведува до промени во структурата на млечната жлезда од каналниот до алвеоларниот мал резен. Со зголемување на калциум во утробата и селективна реапсорпција на супстанции од бубрезите доаѓа до зголемување на Паратироидниот хормон. Нивото на бубрежни хормони како што се кортизол и алдостерон исто така се зголемува.

Плацентата го произведува плацентарниот лактоген којшто ги стимулира липолизата и масната киселина, конзервирајќи глукоза во крвта за фетусот. Плацентарниот лактоген, исто така ја намалува чувствителноста на мајчиното ткиво на инсулин, резултирајќи со гестациски дијабетес.

Мускулоскелетни промени[уреди]

Во текот на бременоста, промени настануваат и во држењето на телото. Карлицата се накривува, а грбот на жената се свиткува за да одржува рамнотежа. Неправилната положба на телото во бременоста е природна поради растегнување на стомачните мускули на жената со растењето на фетусот. Овие мускули се помалку способни да се стегаат и да го држат долниот дел од грбот во соодветна положба. Бремената жена има посебен начин на движење. Со развој на бременоста, чекорот на жената се издолжува како резултат на зголемената тежина и промените кои се однесуваат на држењето на телото. Во просек, стапалото на жената во бременоста може да се зголеми за половина број но и повеќе. Покрај тоа, зголемената телесна тежина, ретенцијата ( задржување) на течноста, и покачување на тежината го намалуваат свиткувањето на стапалото што и понатаму придонесува до продолжување и проширување на истото. Влијанието од зголемените хормони како естроген и релаксин, предизвикуваат ремоделирање на меките ткива, 'рскавицата, и лигаментите. Оделни скелетни зглобови како пубисна симфиза и сакроилијачниот зглоб се прошируваат или имаат зголемена изместеност (при движењето).

Физички промени[уреди]

Една од најзабележителните промени за време на бременоста е зголемување на тежината. Поради проширување на матката, развивање на фетусот, плацентата и амниотичната течност, таложење на мастите и задржување на водата доаѓа до зголемување на телесната тежината. Зголемувањето на тежината за време на бременоста е различно кај сите жени, и може да биде од 2,3 кг. до над 45 кг. Во Америка, докторите советуваат дека идеалната граница на зголемување на тежината за време на бременоста е од 11кг. до 16кг.помалку ако жената има одвишок тежина, или повеќе (до 18 кг.) доколку жената има помала телесна тежина.

Друга физичка промена која настанува за време на бременоста е зголемување на дојките, т.е. зголемување на градникот за два броја. Исто така, челото и образите (познати како ,,маска на бременоста") потемнуваат поради зголеменото производство на меланин.[39]

Со развојот на фетусот, телото на жената трпи многу промени, како што е илустрирано и покажано во ова видео за бременост. Две жени во различни месеци од бременоста покажуваат какви промени настануваат во нивните тела.

Кардиоваскуларни промени[уреди]

Во првите две тримесечја, волуменот на крв се зголемува за 40%. Ова настанува поради зголемување на волуменот на плазмата, вклучувајќи го зголемувањето на хормонот алдостерон. Прогестеронот, исто така може да влијае врз рецепторот на алдостерон, со што го зголемува неговото ниво. Поради зголеменото ниво на еритропоетин, доаѓа до зголемување на бројот на црвените крвни зрнца.

Функцијата на срцето, исто така се променува. Срцевиот пулс се зголемува, како и волуменот на крв испумпана од срцевата артерија со секое отчукување. Причината за ова е намалување на импулсите од вагусот( кој предизвикува потиснување на пулсот на срцето) и зголемување на симпатичниот тон (се однесува на нервниот систем симпатикус). Според правилото, односно механизамот на Старлинг, волуменот на крв, исто така влијае врз зголемување на количеството крв испумпана од левата комора на срцето при секое отчукување. По породувањето, промената на волуменот на крв испумпана од (левата артерија на) срцето со секое отчукување, не се враќа во правобитната состојба. Во второто тримесечје, волуменот на крв, испумпана од секоја артерија на срцето за минута време, се зголемува од 4 на 7 литри.

Крвниот притисок, исто така се менува. Обично, во првото тримесечје, бремените жени имаат низок крвен притисок. Воглавно, ова е резултат на намалената чувствителност на ангиотензин, како и вазодилатација (проширување на крвните садови) предизвикана од зголемениот волумен на крв. Како и да е, нискиот крвен притисок во подецнежната бременост е резултат на намалената резистенција на зголемената плацента.

Респираторни промени[уреди]

Се забележува намален преостанат функционален капацитет, обично опагајќи од 1,7 литри на 1,35 литри, поради притисокот кој го врши матката врз дијафрагмата. Волуменот на кислород којшто е потребен за еден нормален респираторен циклус ( вдишување и издишување), се зголемува од 0.45 на 0.65 литри, со што се зголемува и белодробната респирација. Ова е потребно за да се задоволи зголемената потреба на телото од кислород, којшто достигнува 50 мл/мин. од кои 20 мл. кислород е потребен за репродуктивните ткива.

Прогестеронот може централно да влијае врз хеморецепторите за повторно да се воспостави оптималната состојба на понизок парцијален притисок на јаглерод диоксид. Со ова се задржува зголемениот степен на респирација и во случај на намалено ниво на јаглендиоксид.

Метаболични промени[уреди]

Поради развојот на фетусот и таложењето на мастите, се зголемува и потребата од хранливи материи. Промените се причинети поради стероидните хормони, лактоген и кортизол.

Поради резистенција на инсулин кај мајката, може да се појави гестациски дијабетес. Исто така, се забележува забрзан метаболизамот на црниот дроб, со зголемување на глуконеогенезата за да се зголеми нивото на гликоза кај мајката.

Бубрежни промени[уреди]

Протокот на крвната плазма во бубрезите се зголемува исто како и нивото на алдостеронот и еритропоетин, како што е претходо наведено. Тубуларниот максимум на шеќер, којшто може да ја забрзи појавата на гестациски дијабетес, се намалува.

Контрола на бременоста[уреди]

Пренаталната медицинска нега има призната вредност во светот. Дополнителната консумација на фолна киселина, еден месец пред забременувањето и во текот на првите три месеци од бременоста, има докажана делотворност.

Исхрана[уреди]

Главен напис: Исхраната и бременоста

Хранливо-балансираната исхрана има значајна улога за здравата бременост. Водењето на здрава диета, балансираната консумација на јаглехидрати, масти и протеини, како и консумирањето на овошје и зеленчук, вообичаено претставува добра исхрана. Жените кои се на диета поради проблеми со здравјето, верски потреби, или етнички верувања подобро е да се консултираат со соодветен професионалец за посебни совети.

Соодветното консумирање на фолна киселина (исто така позната како фолат или Витамин Б9) е потвредно за ограничување на дефекти на нервните туби за заштита од спина бифида (вродена расцепеност на завршетокот на 'рбетниот столб), многу сериозна вродена мана. Овие нервни туби се развиваат во првите 28 дена од бременоста, со што се објаснува потребата од соодветно внесување на фолна киселина.[40][41] Фолната киселина (од folia, лист) ја има во изобилство во спанаќот (свеж, замрзнат, или конзервиран), исто така ја има во зелениот зеленчукот, зелените салати, цитрони и дињата, леблеблија и во јајцата. Во Соединетите Американски Држави и Канада на повеќето житни производи (брашно, фиде) им се додава фолна киселина.[42]

DHA Омега 3 е главна структурна масна киселнина на мозокот и мрежницата. Природно ја има во мајчиното млеко. Многу е важно, мајката за време на бременоста да консумира соодветни вредности на DHA, и додека се храни да води сметка за благосостојбата и здравјето на своето дете. Кај децата DHA не се произведува ефикасно, тие мора да ја примат оваа витална хранлива материја преку плацентата од мајката за време на бременоста и по пордувањето, преку доењето. [43]

Неколку микронутриенти се есенцијални за здравјето на развиениот фетус, особено во оние делови од светот во кои преовладува недоволната исхрана.[44] Во развиените земји, како што се Западна Европа и Соединетите Американски Држави на одредени хранливи материи како што се Витамин Д и калциум, кои што се потребни за развојот на коските, може им е потребно додавање на фолна киселина.[45][46][47]

Храната може да биде контаминирана од страна на опасни бактерии или паразити, особено листерија и токсоплазмоза, т.е. токсоплазмозен агенс. За да се избегнат овие патогени, овошјето или свежиот зеленчук треба внимателно да се измие пред употреба, за остатоците од храна, месо или конзервираното месо, потребна е целосна термичка обработка. Свежото сирење исто така може да содржи листерија. Ризикот може да биде поголем доколку млекото е пресно. Изметот од мачката, претставува посебен ризик од токсоплазмоза. Бремените жени, исто така, повеќе може да бидат склони кон бактеријата салмонела од јајцето или пилешкото месо, коешто мора наполно да се подготви. Примената на добра хигиена во кујната може да го намали ризикот од овие бактерии.[48]

Тежината за време на бременоста[уреди]

За да се обезбеди соодветен развој на фетусот, консумирањето на храна богата со калории мора да се зголеми. Зголемувањето на телесната тежина за време на бременоста е различно кај жените. Националната Здравствена служба советува дека за време на 9 месечниот период, идеално е жената да се здебели од 10 до 12 кг. доколку својата бременост ја започнала со нормална тежина.[49] Недоволно зголемената тежина за време на бременоста, може да го изложи на ризик здравјето на фетусот. Жените кои се плашат од прекумерно зголемување на својата телесна тежина или пак имаат проблеми со исхраната, може да се консултираат со соодветен професионалец, за да се осигурат дека бременоста нема да и предизвикува проблеми со исхраната. Исто така, прекумереното зголемување на тежината може да претставува ризик за жената и фетусот. Жените кои се склони кон дебелеење, потребно е да водат здрава диета и да вежбаат со цел да ја намалат својата телесна тежина.

Имунолошка толерантност[уреди]

Главен напис : Пре-еклампсија

Истражувањата на имунолошка основа за пре-екламсија, покажаа дека постојаното изложеност на спермата од мажот има силно заштитно влијание против пре-еклампсија, главно поради апсорпцијата на неколку имуни модулирачки фактори присутни во семената течност.[50] Студиите исто така покажаа дека долгите периоди на сексуално вонбрачните односи со истиот партнер кој е татко на детето на жената значително ги намалува нејзините шанси за прееклампсија.[51] Други студии, неодмана иследија дека кај жените кои примиле трансфузија на крв од страна на нејзините партнери, склоноста кон прееклампсија значително се намалува, како и кај оние кои подолго време имале секс без контрацепции и оние кои редовно имале орален секс,[52] со една студија, заклучувајќи дека воведувањето на алогенска толерантност во ХЛА молекулите од таткото на фетусот, може да биде исклучително важно. Собраните информации цврсто сугерираат дека изложеноста на спермата а особено оралното изложеност на растворливите хуман леукоцитни антигени од семето, може да причини трансплантациона толерантност."[52]

Трети студии кои ја проучуваа улогата на семето во женскиот репродуктивен тракт кај глувци, покажаа дека инсеминацијата потикнува воспаливи промени во женските репродуктивни ткива,"[53] заклучувајќи дека промените најверојатно доведуваат до имунолошки зародиш на антигени кај таткото или може да влијаат врз последиците од бременоста.

Слична серија на студии покажува дека значајноста на имунолошката модулација кај женката-глушец, преку апсорпција на специфични имунолошки фактори во семето, вклучувајќи ги TGF-Бета, чиј недостаток исто така се проучуваше како причина за спонтан абортус кај жената и неплодност кај мажот.

Во согласност со оваа теорија, прееклампсијата често е предизвикана од откажување на имунолошкиот систем на жената да го прифати фетусот и плацентата кои содржат ,, непознати ˝ протеини од гените на таткото. Постојаното изложеност на семето на таткото го потикнува имунолошкиот систем на жената да создаде толерантност на антигените од таткото, процес кој значително го подржуваат дури 93 моментално идентификувани имунолошки регулирачки фактори во семената течност.[54][55] По забележување на важноста на имунолошката толерантност на жената во врска со гените на фетусот од таткото, неколку Германски биологисти чиј интерест е репродуктивностa, одлучија чекор напред да го продолжат своето истражување. Во согласност со фактот дека човечкиот имунолошки систем подобро ги толерира нештата внесени во телото преку устата, Германските научници направија низа истражувања кои изненадувачки ја потврдија силната врска помеѓу намалената стапка на појава на прееклампсија и примената на орален секс, забележувајќи дека заштитните ефекти се посилни доколку жената го голтне семето на партнерот.[56]

Истражувачите заклучија дека доколку било каква изложеност на семето на партнерот за време на сексуална активност, ѓи намалува шансите на жената за различни имунолошки проблеми кои може да се јават за време на бременоста. Имунолошката толерантност најбрзо може да се воспостави преку орално внесување и гастроинтестинална апсорпција на семето. Признавајќи дека некои студии, потенцијално го вклучуваат присуството на збунувачки фактори, како што се веројатноста дека жената која што постојано имала орален секс и го проголтнувала семето, може исто така што имала и почести вагинални односи. Истражувачите, исто така, забележале дека податоците на секој начин сѐ уште убедливо ја подржуваат главната теорија за разлика од сите други студии- дека постојаната изложеност на семето ја утврдува имунолошката толерантност на мајката, потребна за безбедна и успешна бременост.

Лекарства за време на бременоста[уреди]

Главен напис: Лекарства за време на бременоста

Лековите кои се користат за време на бременоста може да имаат привремени или постојани ефекти врз фетусот. Затоа повеќето лекари претпочитаат да не препишуваат лекарства на бремена жена, поради тератогеното (штетно) дејствување на истите. Ова резултира со несоодветен третман за бремената жена. Како и да е, употребата на лекови за време на бременоста не секогаш е погрешна. На пр. Високата температура е штетна за фетусот во првите месеци од бременоста. Меѓутоа, во соодветни случаи, подобро е да се земе парацетамол отколку никаков третман. Исто така, за дијабетес мелитус за време на бременоста, може да е потребна интензивна терапија со инсулин. Лекарствата се класифицирани во 5 групи (А, Б , Ц , Д и Х ) врз основа на системот на Управата за храна и лекарства, кој овозможува терапевски совети базирани врз потенцијалната корист или фетални ризици. Лековите како мултивитамините, кои не претставуваат фетален ризик, според контролираните студии за човекот се класифицирани како категорија А. Од друга страна, лекарствата како талидомид со докажани фетални ризици кои ја отежнуваат бременоста се класифицирани како категорија Х.[57]

Сексот за време на бременоста[уреди]

Повеќето жени уживаат во сексот за време на бременоста. Истражувањата покажуваат дека за време на бременоста, желбата за секс, како и фрекфентноста на сексуални односи е намалена.[58][59] [60] [61]

Во врска со намалената желба за секс, некои студии покажаа зголемена сексуална желба во второто тримесечје. Како и да е намалената желба за секс не е и универзална: значителен број на жени изјавиле поголемо сексуално задоволство за време на бременоста.

Сексот за време на бременоста е ниско ризичен, освен ако лекарите советуваат за одбегнување на сексуални односи, коишто во некои случаи може да резултираат со сериозни компликации за бременоста или проблеми со здравјето, односно голем ризик за предвремено породување или пукање на водењакот. Ваквото решение може да биде базирано врз историја на компликации од претходно породување.

Некои психолошки истражувања во 1980/90 година тврдат дека корисно е за жената да остане сексуално активна за време на бременоста, особено забележувајќи дека целосното сексуално задоволство е поврзано со чувството да се биде бремена, односно во подоцнежната бременост, жената се чувствува попривлечна отколку порано и доживува оргазам. Исто така, како начин за подготовка на предизвикано породување, препорачливо за бремените жени е да бидат сексуално активни; некои веруваат дека природното количество на простагландин во семената течност влијае врз процесот на созревање на цервиксот, правејќи го пофлексибилен, за полесно и побрзо ширење и намалување на цервиксот. Како и да е, ефикасноста на сексуалната активност во текот на бременоста, како агент за подготвка за породување останува несигурна.[62]

За време на бременоста фетусот е заштитен од длабокото продирање на амниотичната течност во матката и со абдоменот на жената.[63]

Сексот по породувањето претставува проблем за повеќе двојки. За водењето љубов да биде успешно, потребно е двајцата партнери да се чувствуваат подготвено. Како и да е, некои од нив немаат сексуален однос до шестата недела од породувањето, кога жената треба да го изврши и првиот гинеколошки преглед и да се консултира со својот матичен лекар за соодветни прашања.[39]

Абортус[уреди]

Главен напис: Абортус

Абортусот претставува отстранување или испуштање на ембрионот или фетусот од матката. Абортусот може да биде спонтан или случаен, односно со пометнување или предизвикан од страна на доктор, оператор или слично.

Тегоби за време на бременоста[уреди]

Види исто така: Компликации во бременоста

За време на бременоста може да се јават следните тегоби:

  • Болка во грбот. Обична болка, особено во третото тримесечје кога центарот на гравидитетот/тежина на бремената жена се менува.
  • Констипација (тврда столица). Овој проблем во бременоста го причинува намалената подвижност на цревата во споредба со зголеменото ниво на прогестерон (што е нормално за време на бременоста), кое доведува до зголемена абсорпција на вода.
  • Брeкстон Хикс контракции (лажни контракции). Повремени, нееднакви, и често пати безболни контракции кои се случуваат неколку пати во текот на денот.
  • Хидропсија (потеченост). Чест проблем за време на бременоста е хидропсијата која е причинета од згуснување на долната шуплива вена и вените на малата карлица од страна на матката со што доаѓа до зголемен хидростатичен притисок во долните екстремитети.
  • Подригнување, киселини во стомакот, и гадење. Обична тегоба која е причинета од Гастроезофагеалната рефлуксна болест. Оваа болка е утврдена со попуштање на долниот сфинктер на хранопроводот и зголеменото време на задржување на храната во желудникот (што е нормално во бременоста).
  • Хемороиди. Во подецнежната бременост, повеќето жени имаат проблеми со хемороидите, но истите може да се јават и за време на самото породување. Хемороидите се причинети поради зголемување на венските перничиња и поради компресија на долната шуплива вена која доведува до конгестија (блокираност) на венскиот систем, заедно со зголемениот стомачен притисок во споредба со зафатениот простор од матката и констипација.
  • Болка во карличниот појас е комплексно и мултифакторијално нарушување и обично се појавува во серии на подгрупи со различни основни болки од периферниот до централниот нервен систем, [64] , променета опуштеност на мускулите,[65] од опуштеност или повреда на структурата на лигаментите до лош прилагодлив механизам на телото. Мускуло-скелетните механизми при одењето и други активности може да бидат од умерено и големо нарушување. Карличната болка во половината може да се јави пред и по породувањето. Oбични тегоби се болка, нестабилност и нарушена функција на пубисната симфиза и/или сакролијачните зглобови поради преголемо напрегање или повреда за време на бременоста или породувањето. (како што е Диастазична пубисна симфиза)
  • Често мокрење. Поради зголемениот интраваскуларен волумен, покачената стапка на гломеруларна филтрација и компресија на мочниот меур од страна на зголемената матка, доаѓа до зголемување на потребата од мокрење за време на бременоста.
  • Проширени вени. Претставуваат чест проблем за време на бременоста, причинет од опуштање на венскиот мазен мускул и зголемениот интраваскуларен притисок.

Контекст[уреди]

Помеѓу концептот на оплодување и актуелната состојба на бременост, која што започнува со всадувањето, т.е.имплантацијата, постојат суптилни разлики. Во нормална бременост, оплодувањето на јајце клетката, вообичаено се случува во јајцеводите или во матката.(Една јајце клетка, често пати може да е оплодена но, да не биде всадена во матката) Ин витро оплодувањето се врши во епрувета или во чаша, на кое му следи почеток на бременоста, односно всадувањето на еден или два зигота по преместувањето во матката на жената од страна на лекар.

Во врска со политичката дебата која се однесува на сопствена дефиниција за живот, терминологијата на бременоста може да биде збунувачка. Медицинскиот и политички неутрален термин едноставно останува ,,бременост,, и покрај тоа што може да биде проблематичен доколку индиректно се однесува само на ембрионот или фетусот. Де Креспигни смета дека јазикот на докторите има силно влијание врз начинот на размислување на пациентите. Според тоа предлага дека интересите на пациентите најдобро би биле задоволени преку употребата на неутрален јазик кој ја подржува независноста на пациентот.[66]

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Definition of gravida“. „The Free Dictionary/Medical Dictionary“. Farlex, Inc. http://medical-dictionary.thefreedictionary.com/gravida. конс. 17 јануари 2008. 
  2. „Definition of gravida“. „The Free Dictionary“. Farlex, Inc. http://www.thefreedictionary.com/gravida. конс. 17 јануари 2008. 
  3. [medical-dictionary.thefreedictionary.com/nulligravida The American Heritage Medical Dictionary Copyright] (definition of nulligravida).
  4. Merriam-Webster's Medical Dictionary (definition of nulligravida).
  5. „Nulliparous Definition“. „MedicineNet.com“. MedicineNet, Inc. http://www.medterms.com/script/main/art.asp?articlekey=15259. конс. 17 јануари 2008. 
  6. Шаблон:Cite-TMHP, page 596.
  7. „Embryo Definition“. „MedicineNet.com“. MedicineNet, Inc. http://www.medterms.com/script/main/art.asp?articlekey=3225. конс. 17 јануари 2008. 
  8. „Fetus Definition“. „MedicineNet.com“. MedicineNet, Inc. http://www.medterms.com/script/main/art.asp?articlekey=3424. конс. 17 јануари 2008. 
  9. „Trimester Definition“. „MedicineNet.com“. MedicineNet, Inc. http://www.medterms.com/script/main/art.asp?articlekey=11446. конс. 17 јануари 2008. 
  10. http://www.euro.who.int/document/e68459.pdf
  11. 11,0 11,1 Norwitz, MD, PhD, Errol R (September 2007). „Patient information: Postterm pregnancy“. „UpToDate“. UpToDate, inc.. http://patients.uptodate.com/topic.asp?file=pregnan/5708. конс. 16 јануари 2008. 
  12. „Definitions“. „Saskatchewan Prevention Institute.“. http://www.preventioninstitute.sk.ca/home/Program_Areas/Maternal__Infant_Health/Definitions/. конс. 16 јануари 2008. 
  13. The American College of Obstetricians and Gynecologists (April 2006). „What To Expect After Your Due Date“. „Medem“. Medem, Inc.. http://www.medem.com/MedLB/article_detaillb.cfm?article_ID=ZZZRDLPH97C&sub_cat=2005. конс. 16 јануари 2008. 
  14. Royal College of Obstetricians and Gynaecologists (2001). „Royal College of Obstetricians and Gynaecologists Induction of labour Evidence based Guideline“ (PDF). „Royal College of Obstetricians and Gynaecologists“. Royal College of Obstetricians and Gynaecologists. http://www.rcog.org.uk/resources/public/pdf/rcog_induction_of_labour.pdf. конс. 18 јануари 2008. 
  15. Stovall, M.D., Thomas G. (23 март 2004). „Postdate Pregnancy“. „Durham Obstetrics and Gynecology“. Durham Obstetrics and Gynecology. http://www.durhamobgyn.com/viewArticle?ID=336380. конс. 18 јануари 2008. 
  16. „Definition of Premature birth“. „Medicine.net“. http://www.medterms.com/script/main/art.asp?articlekey=11895. конс. 16 јануари 2008. 
  17. Lama Rimawi, MD (22 септември 2006). „Premature Infant“. „Disease & Conditions Encyclopedia“. Discovery Communications, LLC.. http://health.discovery.com/encyclopedias/illnesses.html?article=2728. конс. 16 јануари 2008. 
  18. Dr Sally Tracy, Having a Great Birth in Australia ed. David Vernon, Australian College of Midwives, 2005, p22
  19. 19,0 19,1 „Early symptoms of pregnancy: What happens right away“. Mayo Clinic. February 22, 2007. http://www.mayoclinic.com/health/symptoms-of-pregnancy/PR00102. конс. 22 август 2007. 
  20. 20,0 20,1 „Pregnancy Symptoms - Early Signs of Pregnancy : American Pregnancy Association“. http://www.americanpregnancy.org/gettingpregnant/earlypregnancysymptoms.html. конс. 16 јануари 2008. 
  21. „BestBets: Serum or Urine beta-hCG?“. http://www.bestbets.org/bets/bet.php?id=936. 
  22. Nguyen, T.H.; et al. (1999). „Evaluation of ultrasound-estimated date of delivery in 17 450 spontaneous singleton births: do we need to modify Naegele's rule?“ (abstract). „Ultrasound in Obstetrics and Gynecology“ 14 (1): 23–28. doi:10.1046/j.1469-0705.1999.14010023.x. http://www.blackwell-synergy.com/doi/abs/10.1046/j.1469-0705.1999.14010023.x. конс. 18 август 2007. 
  23. Odutayo, Rotimi (20 август 2014). „Post Term Pregnancy“. http://hygeia.org/poems23.htm. конс. 18 август 2007. 
  24. Early pregnancy: Morning sickness, fatigue and other common symptoms
  25. „Pregnancy video“. Channel 4. 2008. http://sexperienceuk.channel4.com/education/about/pregnancy. конс. 22 јануари 2009. 
  26. Iams JD; Romero R, Culhane JF, Goldenberg RL (12 January 2008). „Primary, secondary, and tertiary interventions to reduce the morbidity and mortality of preterm birth“. „Lancet“ 371 (9607): 164–75. doi:10.1016/S0140-6736(08)60108-7. PMID 18191687. 
  27. Q&A: Miscarriage. (August 6 , 2002). BBC News. Retrieved 2007-04-22:“The risk of miscarriage lessens as the pregnancy progresses. It decreases dramatically after the 8th week.”
    Lennart Nilsson, A Child is Born 91 (1990): at eight weeks, "the danger of a miscarriage … diminishes sharply."
    • “Women’s Health Information”, Hearthstone Communications Limited: “The risk of miscarriage decreases dramatically after the 8th week as the weeks go by.” Retrieved 2007-04-22.
  28. Prechtl, Heinz. "Prenatal and Early Postnatal Development of Human Motor Behavior" in Handbook of brain and behaviour in human development, Kalverboer and Gramsbergen eds., pp. 415-418 (2001 Kluwer Academic Publishers). Retrieved 2007-03-04.
  29. Zabinski, Mark. Forensic Series Seminar, Pastore Chemical Laboratory, University of Rhode Island (February 2003) (news report retrieved 2007-01-20).
  30. Illes, Judy. Neuroethics: Defining the Issues in Theory, Practice, and Policy (Oxford University Press 2006): "The first sign of electrical brain activity occurs at the end of week 5 and the beginning of week 6 (Brody 1975). This is far from the beginning of conscious brain activity; it is primitive neural activity. [...] synapses start forming during week 17 and multiply rapidly around week 28, continuing at a rapid pace up until 3-4 months after birth. However, despite all this amazing and rapid growth and development, it is not until week 23 that the fetus can survive, with major medical support, outside of the womb. Before this, the fetus is simply laying the foundations for a brain--a very different thing from having a sustainable human brain." Retrieved 2008-12-11.
  31. 3D Pregnancy (Image from gestational age of 6 weeks). Retrieved 2007-08-28. A rotatable 3D version of this photo is available here, and a sketch is available here.
  32. 3D Pregnancy (Image from gestational age of 10 weeks). Retrieved 2007-08-28. A rotatable 3D version of this photo is available here, and a sketch is available here.
  33. 3D Pregnancy (Image from gestational age of 20 weeks). Retrieved 2007-08-28. A rotatable 3D version of this photo is available here, and a sketch is available here.
  34. 3D Pregnancy (Image from gestational age of 40 weeks). Retrieved 2007-08-28. A rotatable 3D version of this photo is available here, and a sketch is available here.
  35. Dimitrova V, Markov D, Dimitrov R (2007). „[3D and 4D ultrasonography in obstetrics]“ (на Bulgarian). „Akush Ginekol (Sofiia)“ 46 (2): 31–40. PMID 17469450. 
  36. Sheiner E, Hackmon R, Shoham-Vardi I, et al. (2007). „A comparison between acoustic output indices in 2D and 3D/4D ultrasound in obstetrics“. „Ultrasound Obstet Gynecol“ 29 (3): 326–8. doi:10.1002/uog.3933. PMID 17265534. 
  37. Rados C (January-February 2004). „FDA Cautions Against Ultrasound 'Keepsake' Images“. FDA Consumer Magazine. http://www.fda.gov/FDAC/features/2004/104_images.html. 
  38. The Grin Before They Bear It; Peek-a-Boo: Prenatal Portraits for the Ultrasound Set
  39. 39,0 39,1 „Pregnancy video“. Channel 4. 2008. http://sexperienceuk.channel4.com/education/about/pregnancy. конс. 22 јануари 2009. 
  40. Klusmann A, Heinrich B, Stöpler H, Gärtner J, Mayatepek E, Von Kries R (2005). „A decreasing rate of neural tube defects following the recommendations for periconceptional folic acid supplementation“. „Acta Paediatr.“ 94 (11): 1538–42. doi:10.1080/08035250500340396. PMID 16303691. http://www.blackwell-synergy.com/openurl?genre=article&sid=nlm:pubmed&issn=0803-5253&date=2005&volume=94&issue=11&spage=1538. конс. 20 јануари 2008. 
  41. Stevenson RE, Allen WP, Pai GS, Best R, Seaver LH, Dean J, Thompson S (2000). „Decline in prevalence of neural tube defects in a high-risk region of the United States“. „Pediatrics“ 106 (4): 677–83. doi:10.1542/peds.106.4.677. PMID 11015508. 
  42. „Use of supplements containing folic acid among women of childbearing age--United States, 2007“. „MMWR Morb. Mortal. Wkly. Rep.“ 57 (1): 5–8. 2008. PMID 18185493. 
  43. Salem, Jr. N, et al. Mechanisms of action of docosahexaenoic acid in the nervous system. Lipids, 2001. 36:945-59.
  44. Haider BA, Bhutta ZA (2006). „Multiple-micronutrient supplementation for women during pregnancy“. „Cochrane Database Syst Rev“ (4): CD004905. doi:10.1002/14651858.CD004905.pub2. PMID 17054223. 
  45. Theobald HE (2007). „Eating for pregnancy and breast-feeding“. „J Fam Health Care“ 17 (2): 45–9. PMID 17476978. 
  46. Basile LA, Taylor SN, Wagner CL, Quinones L, Hollis BW (2007). „Neonatal vitamin D status at birth at latitude 32 degrees 72': evidence of deficiency“. „J Perinatol“ 27 (9): 568–71. doi:10.1038/sj.jp.7211796. PMID 17625571. 
  47. Kuoppala T, Tuimala R, Parviainen M, Koskinen T, Ala-Houhala M (1986). „Serum levels of vitamin D metabolites, calcium, phosphorus, magnesium and alkaline phosphatase in Finnish women throughout pregnancy and in cord serum at delivery“. „Hum Nutr Clin Nutr“ 40 (4): 287–93. PMID 3488981. 
  48. Tarlow MJ (August 1994). „Epidemiology of neonatal infections“. „J Antimicrob Chemother“ 34 (Suppl A): 43–52. doi:10.1093/jac/34.1.43. PMID 7844073. 
  49. How much weight will I put on during my pregnancy?
  50. Sarah Robertson. „Research Goals“. http://www.health.adelaide.edu.au/og/people/staff/robertsons.html. 
  51. Einarsson, Jon I. MD; Sangi-Haghpeykar, Haleh PhD; Gardner, Michael O. MD, MPH (2003). „Sperm exposure and development of preeclampsia“. „Journal of Obstetrics and Gynecology“ 188 (5): 1241–1243. doi:10.1067/mob.2003.401. 
  52. 52,0 52,1 Koelman CA, Coumans AB, Nijman HW, Doxiadis II, Dekker GA, Claas FH (2000). „Correlation between oral sex and a low incidence of preeclampsia: a role for soluble HLA in seminal fluid?“. „J. Reprod. Immunol.“ 46 (2): 155–66. doi:10.1016/S0165-0378(99)00062-5. PMID 10706945. 
  53. Martina Johansson, John J Bromfield, Melinda J Jasper, and Sarah A Robertson (2004). „Semen activates the female immune response during early pregnancy in mice“. „Journal of Immunology“ 112 (2): 290–300. doi:10.1111/j.1365-2567.2004.01876.x. 
  54. Burne, Jerome. „Give Sperm a Fighting Chance“, The Times, 2006-01-30 (конс. 16 ноември 2007).
  55. „Sex Primes Women for Sperm“, BBC News, 2002-02-06 (конс. 19 ноември 2007).
  56. Fox, Douglas. „Gentle Persuasion“, The New Scientist, 9 февруари 2002 (конс. 17 јуни 2007).
  57. Powerpoint on Drugs in Pregnancy & Teratogenicity,Reena Shaji,MD.Obstetrics & Gynecology
  58. M.P. Bermudez; A.I. Sanchez, G. Buela-Casal (2001). „Influence of the Gestation Period on Sexual Desire“. „Psychology in Spain“ 5 (1): 14–16. 
  59. Wing Yee Fok; Louis Yik-Si Chan, Pong Mo Yuen (10 2005). „Sexual behavior and activity in Chinese pregnant women“. „Acta Obstetricia et Gynecologica Scandinavica“ 84 (10): 934–938. doi:10.1111/j.0001-6349.2005.00743.x. PMID 16167907. 
  60. Reamy K; White SE, Daniell WC, Le Vine ES (June 1982). „Sexuality and pregnancy. A prospective study“. „J Reprod Med.“ 27 (6): 321–7. PMID 7120209. 
  61. Khamis MA; Mustafa MF, Mohamed SN, Toson MM (2007). „Influence of gestational period on sexual behavior“. „J Egypt Public Health Assoc. 2007“ 82 (1-2): 65–90. PMID 18217325. 
  62. Methods for Cervical Ripening and Induction of Labor - 15 мај, 2003 - American Family Physician
  63. The Joy of Sex During Pregnancy - March of Dimes
  64. Diagnosis and classification of pelvic girdle pain disorders—Part 1: A mechanism based approach within a biopsychosocial framework Manual Therapy, Volume 12, Issue 2, May 2007, Peter B. O’Sullivan and Darren J. Beales.
  65. European guidelines for the diagnosis and treatment of pelvic girdle pain.Eur Spine J. 2008 Feb 8 Vleeming A, Albert HB, Ostgaard HC, Sturesson B, Stuge B.
  66. de Crespigny L. (March 2003). „Words matter: nomenclature and communication in perinatal medicine“. „Clin Perinatol“ 30 (1): 17–25. doi:10.1016/S0095-5108(02)00088-X. PMID 12696783. 

Надворешни врски[уреди]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Бременост“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).