РНК

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

РНК или рибонуклеинска киселина е нуклеинска киселина изградена од една полинуклеотидна низа. Рибонуклеинските нуклеотиди содржат:

РНК молекулот се синтетизира на калапот од една ДНК низа (оттука и сличноста со ДНК). Според тоа, РНК - низата содржи комплементарен распоред на нуклеотидите во однос на матичната ДНК полинуклеотидна низа. Молекулите на РНК се доста различни. Така, во различни клетки на еден ист организам, па дури и во една клетка, застапени се различни видови на РНК. Во зависност од некои структурни особености и нивната специфична функција, се разликуваат повеќе видови на РНК:


  • Рибозомска РНК, (r-RNA) - ја претставува главната маса на РНК во клетката, бидејќи е застапена со повеќе од 50% од вкупната РНК во клетката. Служи за изградба на рибозомите (откаде и името доаѓа), а се синтетизира во хромозомите на јадрото.




  • Мали некодирачки РНК, snRNA (small noncoding RNA) - пример: miRNA (micro RNA), siRNA (short interfering RNA) кои ја регулираат генската екпресија на постранскрипциско ниво од трансферот на информациите од ген до протеин. Механизмот со кој се контролира генската експресија преку овие snRNA, е сечкање на зрелата mRNA и ултимативно доведува до синтетизирање на некомплетен и нефункционален протеин, кој бива лизиран.[1]
    1. Nature Reviews Molecular Cell Biology 4, 457 - 467 (01 Jun 2003), doi: 10.1038/nrm1129, Review

[уреди] Наводи

<1> "Killing the messenger: short RNAs that silence gene expression" Derek M. Dykxhoorn, Carl D. Novina, Phillip A. Sharp Nature Reviews Molecular Cell Biology 4, 457 - 467 (01 Jun 2003), doi: 10.1038/nrm1129, Review

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици