Портал:Биологија
Република Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Философија · Наука · Општество · Технологија
Б И О Л О Г И Ј А
Избрана слика
Биолог
Грегор Мендел (германски: Gregor Johann Mendel, 1822—1884) бил австриски свештеник, биолог, ботаничар и математичар, кој се смета за научник кој ги поставил темелите на класичната генетика.
Врв во кариерата достигнува во 1868 кога е избран за старешина на манастир и на тоа место останува се до смртта, а од страна на научниците не е признаен. Неговите дела, трудови и генијални заклучоци биле пред неговото време, кои на почетокот на 20 век биле повторно отркиени и станале основа на современата генетика. Три научници во 1900 година — Де Вриз (Холандија), Корене (Германија) и Греморк (Австрија) — незвисно еден од друг ги пронаоѓаат делата на Мендел и увиделе дека тој ги формулирал основите на генетиката и законитостите на истата. Дури 16 години по менделовата смрт, неговиот труд бил признаен, а неговите заклучоци добиле име кое им припаѓа: прв и втор Менделов закон за наследување. Прочитајте повеќе
Биопортали
Мултимедијална содржина
Избрана статија
Иглокожите (лат. Echinodermata — «игличеста кожа») се група на исклучиво морски животни кои живеат на дното од водениот екосистем и имаат егзоскелет (надворешен скелет) од варовникови плочки сместен под кожата. Плочките може да се фузирани една со друга, како кај морските ежови, потоа оретчени за да го забрзаат движењето, како кај морските ѕвезди, или редуцирани на ситни спикули во кожата, како што е кај морските краставици. Кожата обично има брадавичести проекции или игли или, пак и двете.
Иглокожите имаат петтозрачна радијална симетрија, што значи дека нивното тело може да се подели на пет повеќе или помалку слични делови околу централната оска. За разлика од другите радијално симетрични животни, овие се развиваат од билатерално симетрична ларва и зачувуваат дел од билатералноста и како возрасни единки. Прочитајте повеќе
Категории
Дали знаете дека...
- Сивиот сокол е најбрз жив организам и може да развие брзина до 320 km/h?
- Човекот заедно со човеколиките мајмуни припаѓаат во семејството на приматите?
- Сунѓерите се животни, а не растенија?
- Делфинот и китот се цицачи, а не риби?
- Лисјата на кактусот се преобразени во боцки, а функцијата на фотосинтеза ја врши неговото стебло?
- Најголем жив организам е синиот кит кој достигнува должина до 30m?
- Целосното име на ДНК е деоксирибонуклеинска киселина?
- Наследните особини кај организмите ги пренесуваат гените и хромозомите?