Антитело

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Антителата се серумски гликобелковинии т.е. белковини кои се образуваат по навлегувањето на антиген во организмот и можат посебно да се поврзуваат со него.

Тие се специфични бидејќи препознаваат само одреден антиген, и таа реакција на сврзување на антиген со антитело е наречена антиген-антитело реакција. При оваа реакција опасниот антиген се уништува, а човечкиот организам долго време е заштитен.

Антителата припаѓаат на гама глобулините. Тие се создаваат и секретират од активираните B-лимфоцити - плазмоцити кои даваат одговор на антигенски стимул. Се содржат во крвниот серум, во лимфата, во минимални количини во меѓуклеточните простори или урината. Се наоѓаат и на површината на циркулирачките В-лимфоцити.

[уреди] Класи

Има 5 класи на имуноглобулини (Ig) - IgA, IgD, IgE, IgG и IgM.

[уреди] Типови и реакции

  • Антитоксини - неутрализираат отрови на инфективни агенси;
  • Аглутини - предизвикуваат аглутинација (слепување) на туѓи клетки;
  • Опсонини - ги прават инфективните агенси почувствителни на фагоцитоза;
  • Лизини - ги отстрануваат инфективните агенси по пат на растворање (лизија);
  • Преципини - преципитират (таложат) туѓи материи.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици