Џек Сок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џек Сок
Jack Sock
Земја Flag of the United States.svg САД
Место на живеење Оверланд Парк, Канзас
Роден на 24 септември 1992 (1992-09-24) (21 г.)
Роден во Линколн, Небраска
Висина &100000000000001850000001,85 м
Професионалец 2011
Игра со десна рака (дворачен бекхенд)
Заработка $345,945
Синглови
Победи-порази 9–14
Титули 0
Највисок дострел No. 121 (1 април 2013)
Моментално место No. 121 (1 април 2013)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен -
Ролан Гарос -
Вимблдон -
УС Опен 3R (2012)
Во двојки
Победи-порази 9-9
Титули во кариера 1
Највисок дострел No. 97 (19 март 2013)
Моментално место No. 100 (1 април 2013)
Резултати на Гренд Слемови
УС Опен 2R (2012)
Ажурирано на: 9 април 2013.

Џек Сок (роден на 24 септември 1992) е американски професионален тенисер. Тој ја освоил титулата на ЈуЕс Опен 2011 во мешни двојки играјќи во пар со неговата сонародничка Мелани Аудан, како и јуниорската титула на истиот турнир во 2010 година.

Личен живот[уреди]

Сок дипломирал на Blue Valley North High School средното училиште во Оверленд Парк, Канзас.

Јуниорска кариера[уреди]

Сок го одиграл својот прв Ај-Ти-Еф јуниорски турнир во октомври 2008 година, на возраст од 16, на Пан Американското првенство. На ЈуЕс Опен 2009, неговиот трет јуниорски турнир, тој стигнал до полуфиналето во двојки со Метју Кандат и до третото коло во сингл.

Сок играл релативно ретко на јуниорскиот тур, сепак, играл само уште на два турнира: на Оринџ Боул во 2009 година и на јуниорскиот ЈуЕс Опен во 2010. На овој турнир, тој добил вајлд-карта за влез, но стигнал до финалето. Таму, тој го поразил неговиот сонародник Денис Кудла, СО 3-6, 6-2, 6-2, за да стане првиот американски шампион на јуниорскиот ЈуЕс Опен уште од Енди Родик кој тоа го сторил во 2000 година. Тој триумфирал и на Јуниорското тениско национално првенство на САД во 2010 и 2011 година, заработувајќи вајлд-кард за да се најде во главниот жреб на сениорскиот ЈуЕС Опен.

Сок дипломирал на Blue Valley North High School средното школо во Оверленд Парк, Канзас на 22 мај 2011 година. Тој имал 80-0 во тениската кариера на Канзас 6А средното училиште, освојувајќи четири последователни државни првенства.

Професионална кариера[уреди]

Почетокот на кариерата[уреди]

Сок започнал да игра професионално настапувајќи на фјучерси турнири во 2009 година, освојувајќи го својот прв сениорски турнир на турнејата во ноември 2011 година. Тој влегол во квалификациите за неговиот прв АТП турнир играјќи на Мастерсот во Мајами во 2010. Неговиот прв натпревар на АТП турнирите дошол на Ју-Ес Опен 2010, каде што загубил од Марко Киудинели во првото коло. Сок ја завршил сезоната 2010 рангиран на 878-то место на светската ранг-листа.

Во 2011 година, тој го постигнал својот најдобар резултат досега на фјучрс турнирите, достигнувајќи до финалето на САД F3 турнирот. Тој започнал да игра и на неколку турнири од Челинџер серијата, каде својот најголем успех го прави со достигнувањето во четвртфиналето на турнирот во Далас. Тој, исто така, се натпреварувал во главниот жреб на турнирот во Мајами 2011. Како јуниорски шампион на САД во 2010 година, тој добил вајлд-кард за настап на ЈуЕС Опен 2011, победувајќи го во првото коло Марк Жикел со 6-4, 6-3, 1-6 , 6-4. Тоа била неговата прва победа на АТП турнирите. Во следното коло тој се сретнал со својот идол Енди Родик, сограѓанин од Небраска. Тој загубил од Родик со 3:0 по сетови 3-6, 3-6, 4-6. Вистинскиот пробив на Сок дошол на истиот турнир но во мешани двојки, каде што тој стигнал до финалето заедно со Мелани Аудан, победувајќи ги бранителите на насловот Боб Брајан и Лизел Хубер во второто коло. Во финалето, Сок и Аудан ги победиле Жизела Дулко и Едуардо Шванк со 7-6, 4-6, [10-8].

По освојувањето на својата прва гренд слем титула, Сок се вратил да се натпреварува на Челинџер турнирите. Неговиот најуспешен турнир бил Сакраменто Челинџер, во кој стигнал до четвртфиналето во сингл и му бил партнер на Николас Монро, во финалето на турнирот во двојки. Сок ја завршил 2011 рангиран на 381-то место во сингл, и на 370-то место во двојки.

Во 2012 година, Сок освоил фјучерс турнир во Плантејшн, Флорида, но го загубил финалето во двојки. На челенџерот во Хонолулу, тој стигнал до четвртфиналето во сингл, а како партнер на Ник Монро уште еднаш тие двајца стигаат до финалето на турнирот во двојки.

Џек играл на АТП турнирот во Њупорт, каде загубил во второто коло од Изак ван ден Мерве. Следниот турнир на Сок бил уште еден од АТП серијата сега во Атланта. Тој го изненадил носителот бр. 7 на турнирот, Алекс Богомолов јуниор. Сок стигнал до четврт-финалето, каде што загубил од Џон Изнер. На ЈуЕс Опен, Сок го поразил 22-иот носител, Флоријан Мајер, во првото коло со: 6-3, 6-2, 3-2 пред Мајер да му го предаде мечот. Тој потоа продолжил понатаму во второто коло за да го порази светскиот рекет број 85 Флавио Чипола од Италија со чисти 3:0 во сетови, поставувајќи го така својот најддобар резултат на гренд слем турнирите. Во третата рунда се сретнал со 11-тиот носител Николас Алмагро. Алмагро го победил него со 7-6, 6-7, 7-6, 6-1 во 4 сета. Во последните два месеци од сезоната 2012 Сок стигнал до неговите први финалиња на турнирите од Челинџер серијата, победувајќи на Челинџерот во Тибурон во октомври, и завршил, како финалист во ноември на Челинџерот во Шампаињ. Овие финалиња му помогнале да влезе меѓу 150-те најдобри тенисери за прв пат во неговата кариера.

Надворешни врски[уреди]

Џек Сок АТП профил