Николај Давиденко
| Земја | |
|---|---|
| Место на живеење | Волгоград, Русија |
| Роден на | јуни 2 1981 |
| Роден во | Северодонецк, Украина |
| Висина | 1,78 м |
| Професионалец | 1999 |
| Игра со | десна рака |
| Заработка | $14,397,570 |
| Синглови | |
| Победи-порази | 413–258 |
| Титули | 21 |
| Највисок дострел | No. 3 (6 ноември 2006) |
| Моментално место | No. 27 (20 јуни 2011) |
| Резултати на Гренд Слемови | |
| Австралијан Опен | QF (2005, 2006, 2007, 2010) |
| Ролан Гарос | SF (2005, 2007) |
| Вимблдон | 4R (2007) |
| УС Опен | SF (2006, 2007) |
| Други турнири | |
| Tour Finals | W (2009) |
| Олимписки игри | 2R (2008) |
| Во двојки | |
| Победи-порази | 51–56 |
| Титули во кариера | 1 |
| Највисок дострел | No. 31 (13 јуни 2005) |
| Last updated on: 25 април 2011. | |
Николај Давиденко (руски: Николай Владимирович Давыденко) е шпански тенисер, роден на 2 јуни 1981 во Северодонецк. Моментално се наоѓа на 27 место според АТП листата.
Со тенис Давиденко започнал да се занимава кога имал седум години. На 11 години ја напуштил Украина и заминал за Русија во Волгоград. На 15 години заминал за Германија, а подоцна добил руско државјанство. Во 2000 година ги освоил првите титули. Следната 2001 година дебитирал на Гренд Слем турнирите во Австралија и Франција, каде бил елиминиран во вториот круг. На Отвореното првенство во САД отпаднал во третиот круг, а следната 2002 во Лондон уште во првиот круг.
Во текот на 2004 година победил на турнирите во Минхен и Москва. Во 2005 година стигнал до полуфинале на Ролан Гарос, Хамбург Мастерс и Мастерс Куп, како и до четвртфинале во Австраија, Синсити и Париз.
Првата титула од сериите МАстерс ја освоил во Париз во 2006 година. Истата година бил дел од екипата на Русија која го освоила Дејвис куп. Најдоброрангиран бил во 2006 година, и тоа на трето место.