Гаел Монфис

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Гаел Монфис

Гаел Монфис (1 септември 1986 во Париз) (француски: Gaël Monfils) е француски професионален тенисер роден во Париз на 01.09.1986 година.По потекло е од Гвадалупе,а неговиот татко Руфин е поранешен фудбалер и сегашен агент во францускиот телеком.Неговата мајка Силвиет пак е по потекло од Мартиниг и е преселена во Франција пред многу години,а истотака има и помал брат Дерил.Неговиот прекар е La Monf ,а живее во Швајцарија.Навива за фудбалските тимови Арсенал и Париз-сент-жермен.

Содржина

[уреди] Почетокот на кариерата

Монфис својата тениска кариера ја започна во 2003 година.Таа година Гаел играше во финалето на Оринџ Боул турнирот број еден по важност за тениските јуниори.(загуби од Багдатис).Истата година тој стигна и до четвртфиналето на Австралијан Опен.Сезоната ја заврши на позицијата број 21 најдобар светски јуниор.

[уреди] 2004-година на пробивот во светскиот тенис

Во 2004 година Монфис и официјално станува професионалец.Таа година тој беше убедливо најдобриот јуниор победувајќи на 3 од 4 Гренд слем турнири (за јуниори)и завршувајќи на позицијата број еден јуниор во светот.Тој победи на Австралијан Опен (го совлада Уана во финалето),Роланд Гарос (Кузнетсов) и Вимблдон (Касри),но на патот да ги освои сите четири гренд слем турнири го спречи србинот Виктор Троицки кој го совлада во третото коло на ЈуЕс Опен. Истата година тој го одигра и својот прв турнир во сениорска конкуренција во Мец каде доби вајлд карта за настап и дојде до четвртфиналето.Ги победи Ксавиер Малис и Оливиер Патионс,а загуби од Ришар Гаске.Тој играше уште неколку турнири од челенџер серијата каде имаше солидни резултати.Најдобар резултат оствари во Гренобл каде стигна до четвртфиналето.

[уреди] 2005

Монфис 2005 година ја започна околу 200-тата позиција.Тој за првпат дебитираше на еден гренд слем на Австралијан Опен во Мелбурн.Тој во првото коло беше подобар од Роби Џинепри и со тоа дојде до својата прва гренд слем победа(загуби во второто коло од О.Рокус). Добрите резултати во првите три месеци од годината го однесоа уште 100 места нагоре.Тој го освои челенџер турнирот во Бенсакон(Франција-го победи К.Рокус во финалето)во фебруари и дојде до осминафиналето на многу јакиот турнир од мастер серијата во Мајами каде загуби од Хрбати,но претходно го совлада Николај Давиденко(15 на АТП листата).Тој беше првиот играч рангиран во најдобрите 20 кој Монфис го совлада.Крајот на април Монфис освојува уште еден челенџер турнир овојпат во Тунис кога го победи својот сонародник Фабрис Санторо.Оваа титула му даде доволно поени за Монфис првпат да влезе во 100-те најдобри светски тенисери.Во меѓувреме тој првпат игра на Гренд слем турнирите Роланд Гарос и Вимблдон.Пред домашната публика Монфис губи во првата рунда но на Вимблдон доаѓа до својата втора гренд слем победа.Ги победи Окун и Хрбати загуби од хрватот Марио Анчиќ во третото коло.После Вимблдон играше неколку турнири на земја а во Сопот , Полска доаѓа до својата прва АТП титула.Таму ги победи Х.А.Марин,Хуан Монако,Виктор Ханеску,Потито Стараче и Флоријан Мајер.Со оваа победа дебитира во 50-те најдобри тенисери.До крајот на годината Монфис игра уште две АТП финалиња.Во Мец е поразен од Иван Љубичиќ,а во Лион од Енди Родик.Ја завршува годината како трет најдобар Французин(Зад Гаске и Грожан).

[уреди] 2006

На почетокот од оваа година тој нема добри резултати освен во Доха каде го игра своето 4-то АТП финале и губи од Роџер Федерер.Во мај играше полуфинале на мастерс турнирот во Рим(з.Надал).Пред домашната публика на Роланд Гарос го оствари својот најдобар пласман на гренд слем турнирите осминафинале(з.Џоковиќ).Потоа разочара на Вимблдон и на ЈуЕс Oпен каде загуби во раните рунди а и на другите турнири немаше добри резултати.Сезоната ја заврши на 46-тото место,а најдобро беше пласиран на 21-то место во мај.

[уреди] 2007

Оваа година Монфис дојде до 3-тото коло на Австралијан Опен(з.Гаске).Во второто коло го совлада финалистот од претходната година на турнирот Маркос Багдатис со 7–6 (7–5) 6–2 2–6 6–0.Потоа тој продолжи со една серија лоши резултати со исклучок на 3-тата челенџер титула во Санраис,Флорида.На крајот на мај тој дојде до своето 5-то АТП финале во Австријски,Першчак каде загуби од Хуан Монако.Тоа му помогна колку толку да ја подобри формата успеа да стигне до 3-тата рунда во Роланд Гарос и Вимблдон.Во јули беше полуфиналист во Вашингтон(з.Иснер) и во Букурешт истотака (з.Ханеску).Тој не играше на ЈуЕс Опен поради повреда.

[уреди] 2008

Монфис 2008 година ја започна во март месец поради повреда го пропушти Австралијан Опен и цел месец фебруари.Во мај освои уште една челенџер титула во Маракеш во Мароко.Негов најдобар резултат во годината беше полуфиналето на Роланд Гарос.Ги совлада Клеман,Хорна,Мелцер,Љубичиќ и Ферер,а загуби од светскиот рекет број еден Роџер Федерер.Тоа беше најдобриот резултат за него на гренд слем турнирите.Поради повреда пропушти неколку турнири меѓу кој и Вимблдон но се врати за Олимписките игри во Пекинг.Дојде до четвртфиналето каде загуби од Џоковиќ.Неколку недели подоцна на ЈуЕс Опен го направи својот најдобар резултат на овој турнир.Дојде до осминафиналето со победи над Пабло Куевас,Евгени Королев и Давид Налбандијан загуби од домашниот тенисер Марди Фиш.Во октомври играше финале во Виена загуби од Петчнер.Сезоната ја заврши во најдобрите 20.Од турнирот во Торонто тој ја започна соработката со Роџер Рашид кој и ден денеска е негов тренер.

[уреди] 2009

Како 13-ти играч Монфис ја започна годината во Доха како 5-ти носител го совлада светскиот рекет број еден Рафаел Надал во четвртфиналето.Во полуфиналето загуби од Енди Родик.На Австралијан Опен тој го оствари својот најдобар резултат на овој турнир дојде до осминафиналето.Во фебруари продолжува да игра одлично дојде до полуфиналето во Ротердам и финалето во Акапулко.На почетокот од март тој го има својот најдобар ранкинг 9-то место.На Роланд Гарос дојде до четвртфиналето и повторно подобар од него беше Роџер Федерер.Поради повреда втора година по ред тој го пропушти Вимблдон но играше на ЈуЕс Опен стигна до осминафиналето каде загуби од Рафаел Надал.Во октомври тој доаѓа до својата втора АТП титула откако во финалето во Мец го победи Филип Колшрајбер од Германија.Во финишот од годината во Ноември стигна за првпат на еден АТП Мастерс турнир до финале.Беше тоа во Париз-Берси загуби од Џоковиќ со 6-2 5-7 7-6 (3).

[уреди] 2010

Ја започна со полуфинале во Бризбејн и трето коло на Австралијан Опен.Во февруари Монфис игра полуфинале во Јоханесбург и четвртфинале во Ротердам и Марсеј поразен е од Фелисиано Лопез,Михаел Јужни и Жулиен Бенето. Во Мадрид дојде до четвртфиналето поразен е од Рафаел Надал и во Ница истотака тука загуби од Потито Стараче.На Роланд Гарос во еден прекрасен меч што траеше два дена(прекинат поради мрак) тој загуби од италијанецот Фабио Фоњини во пет сета.По две години Монфис повторно игра на Вимблдон.Поставен за 21 носител тој лесно ги совлада Леонардо Мајер и Карол Бек,a во третото коло го чекаше поранешниот шампион на овој турнир Лејтон Хјуит.Мечот се играше на централниот терен во All England клубот но и покрај добрата игра Монфис е поразен во три сета 6-3 7-6 6-4.Во месец Јули Монфис е прв рекет на Францускиот Дејвис куп тим кој го совлада актуелниот шампион Шпанија со 5-0.Монфис на својата земја и го донесе првиот поен со победа во пет сета над Давид Ферер 7-6 6-2 4-6 5-7 6-4.Следната недела тој стигнува до своето прво АТП финале во сезоната во Штутгарт на земја.Тој ги победи Пабло Андухар,Флоријан Мајер и Даниел Химено Травер сите во три сета,но во финалето поради повреда нa десната рака тој го предаде мечот на шпанецот Алберт Монтанес.Поради оваа повреда мораше да откаже неколку турнири,но тој се опорави навреме за американската турнеја турнири на тврда подлога.Во Торонто стигна до осминафиналето каде загуби од Енди Мареј,а во Синсинати загуби уште во првата рунда.Овие резултати многу не ветуваа,но Монфис направи извондреден резултат на ЈуЕс Опен.Таму тој стигна до четвртфиналето совладувајќи ги Роберт Кендрик,Игор Андреев,Јанко Типсаревиќ и Ришар Гаске пред да загуби од третиот носител Новак Џоковиќ.Со овој резултат тој освои 360 поени и се врати во најдобрите 15 на АТП листата.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици