Леонардо Мајер
Од Википедија, слободната енциклопедија
Леонардо Мајер е аргентински професионален тенисер, роден во Кориентес (Аргентина) на 15 мај 1987 година. Неговиот прекар во Аргентина е Лео. Неговиот татко работи во банка, а мајка му е наставничка. Има истотака двајца браќа Габриел и Валтер и сестра Вероника. Неговиот најдобар ранкинг на АТП листата е 51-ото место на кое се најде на 7 јуни 2010 година. Негова омилена подлога е земја. Досега нема освоено ниту една АТП титула, но во ноември 2008 ја освои својата единствена челенџер титула во Меделин во Колумбија.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |