Евровизија 2007

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Евровизија 2007
Датум 10 мај (ПФ) 12 мај 2007(Финале)
Презентери Јана Пелконен
Мико Лепилампи
Крис Салмимен
Домаќин Финска YLE
Локација Хартвал Арена, Хелсинки, Финска
Победничка песна  Србија Molitva, Марија Шерифовиќ
Гласачки систем Гласањето се врши во секој земја учесник преку телевотинг или смс. Секоја земја доделува поени од 1-8, 10 и 12.
Број на земји 42 (28 во полуфинале, 24 во финале)
Земји кои прв пат настапуваат  Чешка
Црна Гора Црна Гора
 Грузија
 Србија
Земји кои се вратиле Австралија Австралија
 Унгарија
Земји кои се откажале  Монако
Нула поени непознато
Настап во интермецо Apocalypta
Настап кој го отвора натпреварот Лорди

Евровизија 2007 беше 52 издание на „Песна на Евровизија“. Победник беше Србија и беше одржана во Хартвол Арена во Хелсинки, Финска од 10 (полуфинале) до 12 мај (финале). Финска доби предност на одржување на Евровизија, заблагодарувајќи им се на хеви метал бендот Лорди, кои победија на Евровизија 2006, што се одржа во Атина, Грција. Водители на оваа манифестација беа Јана Пелконен и Мико Лепилампи, со Крис Салминен во зелената соба.

Темата на оваа Евровизија, Финска одлучи да биде „Вистинска фантазија“. Хартвол Арената е најголема финска арена за хокеј на мраз, којашто беше главен фаворит за одржување на Евровизија.

Рекордниот број на земји учесници беше 42. Како нови земји учесници се појавија: Србија, Чешка, Црна Гора и Грузија. А земји кои се вратија после неколку години беа: Австрија и Унгарија.

Во финалето, резлутатите од секоја земја беа прикажани од 1-7 поени автоматски се појавија на екранот, и само 8, 10 и 12 беа читани од говорникот од секоја земја. За прв пат победникот после Евровизијата имаше промоција околу светот, со концерти во Данска, Шпанија, Шведска, Холандија, Грција и Германија. Турнејата беше одржана од 16 мај до 21 мај.

Полуфинале[уреди]

На полуфиналето што се одржа на 10 мај, 2007, настапија за прв пат 28 земји.

Редослед на земјите, поени, место кое го освоија и земји кои заземаа место во финалето:

Финале[уреди]

Победникот Марија Шерифовиќ изведувајќи ја песната Молитва

Финалето се одржа на 12 мај, 2007. Во него учествуваа 10 најдобри песни од полуфиналето, плус големата четворка (Франција, Велика Британија, Германија и Шпанија) и плус земјите коишто минатата година заземале место во финалето.

Редослед на земјите, поени, местото што го освоија и земјата победник: