Црна Гора на Евровизија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црна Гора

Знаме

Медиумски организатор Радио Телевизија Црна Гора
Национален избор Монтенегросонг
Број на учества 5 (0 пати квалификувана во финале)
Прво учество 2007
Најдобар пласман 11 место, во полуфинале 2009
Најлош пласман 22 место, во полуфинале 2007

Црна Гора по стекнувањето на независност и спроведувањето на Референдумот за независност, се стекна со право да учествува на Евровизија како самостојна држава. Црна Гора дебитираше на Евровизија 2007 во Хелсинки, која беше одржана во мај 2007, кога ги претставуваше Стеван Феди.

Црна Гора на Песна на Евровизија учествуваше во периодот помеѓу 2007–2009. Сепак црногорските претставници не се пласираа во Евровизиското финале, во сите три обиди. Радио-телевизија Црне Горе (РТЦГ) не се пријави за учество на Евросонг 2010, поради финансиски проблеми.[1] Црна Гора повторно се врати на Евросонг 2012, во Баку, Азербејџан, кога ги претставуваше Рамбо Амадеус со песната "Еуро Неуро".

Претходните учества на црногорски изведувачи имаше на Евровизија 1983 и Евровизија 1984 во составот на СФРЈ и на Евровизија 2005 во состав на државната заедница Србија и Црна Гора (СЦГ).

РТЦГ ја испрати апликацијата за учество на Евросонг 2011 во Дизелдорф, Германија. Од потенцијалниот претставник за Црна Гора беше побарано самиот да најде спонзор за да го финансира учеството во Германија.[2] Во декември 2010, РТЦГ одлучи да не учествува на Евросонгот во Дизелдорф, поради финансиски причини.

Учесници[уреди]

Година Изведувач(и) Песна Финале Поени Полуфинале Поени
2007. Стеван Феди 'Ајде, крочи X X 22 33
2008. Стефан Филиповиќ Заувјек волим те X X 14 23
2009. Андреа Демировиќ[3][4][5] -{Just Get Out of My Life}-[3][4][5] X X 11 44

Историја на гласање[уреди]

Црна Гора најмногу поени му дала (до 2008):

Ранг Држава Поени
1  Србија 24
2  Босна и Херцеговина 17
3  Русија 14
4 Македонија Македонија 10
5  Словенија 8

НАПОМЕНА: Вкупниот број на поени во горенаведените табели се однесува само на поените од финалето, додека полуфиналните поени не се прикажани .

Црна Гора најмногу поени му дала на

Ранг Држава Поени
1  Босна и Херцеговина 29
2  Србија 24
3  Албанија 14
=  Русија 14
5  Хрватска 10
= Македонија Македонија 10
=  Норвешка 10
8 Израел Израел 10

Референци[уреди]

  1. http://www.esctoday.com/news/read/14738
  2. Hondal, Victor (4 декември 2010). „Montenegro applied for Eurovision 2011“. ESCToday. http://www.esctoday.com/news/read/16300. конс. 4 декември 2010. 
  3. 3,0 3,1 „EUROSONG 2009“. RTCG. 23. 01. 2009.. http://www.rtcg.cg.yu/index.php?emisija=6. конс. 23. 01. 2009.. 
  4. 4,0 4,1 Klier, Marcus (23. 01. 2009.). „Montenegro: Andrea Demirovic to Eurovision“. ESCToday. http://www.esctoday.com/news/read/13012. конс. 23. 01. 2009.. 
  5. 5,0 5,1 van Tongeren, Mario (23. 01. 2009.). „Montenegro: Andrea Demirovic to Moscow!“. Oikotimes. http://www.oikotimes.com/v2/index.php?file=articles&id=4894. конс. 23. 01. 2009..