Евровизија 2011

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Евровизија 2011
Eurovision Song Contest 2011
570px-ESC 2011 Germany.svg.png
Презентери Анке Енгелке
Штефан Раб
Јудит Ракерс
Домаќин Германија ARD/NDR
Локација Есприт Арена,
Дизелдорф, Германија
Победничка песна Азербејџан Азербејџан

Running Scared

Број на земји 43
Земји кои се вратиле Австрија Австрија

Италија Италија
Сан Марино Сан Марино
Унгарија Унгарија

Евровизија 2011 беше 56. натпревар за најдобра песна на Европа. Се одржа во Германија, која победи на Евровизија 2010, со песната „Satellite“ во изведба на пејачката Лена Маер-Ландрут.

Официјалните датуми за полуфиналињата беа 10 мај и 12 мај 2011, а финалето се одржа на 14 мај 2011.[1]

Иако ЕБУ, како и минатата година работеше силно за да ги врати Италија, Австрија и Монако[2][3][4]повторно на сцена, Монако не испрати своја песна. Успехот на Германија во 2010 година, ја поттикна Австрија да направи враќање на Евровизија 2011.[5]

Историски факти[уреди]

2011 година беше 3 пат за Германија да биде домаќин на Евровизија, а прв пат таа да биде домаќин како обединета земја. Западна Германија ја организираше Евровизија во 1957[6] и 1983.[7]

Германија исто така е и првата земја од Големата четворка да победи на фестивалот од 2000 година, кога се направени и новите правила на Евровизија, кои дозволуваат четирите основачи на Евровизија - Германија, Франција, Велика Британија и Шпанија да се квалификуват директно во финалето, заедно со победникот од претходната година. Според правилата на ЕБУ во овој случај бидејќи Германија како дел од Големата четворка беше победник, имаше потреба и за 5 земја која би одела директно во финалето. Според ЕБУ, тоа беше Турција која заврши на 2-то место на Евровизија 2010.[8]

На 30 Август 2010 година беше објавено дека Сванте Стокселиус, супервизорот на Евросонг, ќе ја напушти оваа функција на крајот на 2010, што значеше дека друга личност ќе биде поставена да раководи со улогата на генерален супервајзер за Евросонгот 2011 во Германија.[9]

Град домаќин[уреди]

Првично, осум германски града пројавија интерес да бидат домаќин на Евровизија 2011.[10]вклучувајќи ги Берлин, Хамбург, Хановер, Гелзенкирхен,[11] Дизелдорф, Келн, Франкфурт и Минхен.[10]

На 21 август 2010 од германската телевизија НДР беше објавено дека четири од овие града официјално поднеле кандидатура за да бидат домаќини на Евросонг 2011 Берлин, Хамбург, Хановер, и Дизелдорф.[12]


ESC 2011 Potential host cities.svg

Берлин Red pog.svg
Red pog.svg Хамбург
Red pog.svg Хановер
Red pog.svg Диселдорф
  Емитувачка област на НДР

Планови каде би бил одржан фестивалот во секој град апликант:[13]

  Земји учеснички
  Земји што не се квалификуваа за финалето
  Земјишто порано учествувале, но не учествуваа на Евровизија 2011
  • да се одржува фестивалот во Есприт Арената во Дизелдорф
  • да се одржува фестивалот во егзибициска сала во Хамбург

Директорот на НДР Луц Мармор во интервју за весникот Хамбургер Абендблат на 31 септември истакна дека во почетокот на октомври е најверојатна дата за објавување на градот домаќин за Евросонг 2011.[14]

Учесници[уреди]

Четириесет и три држави го потврдија своето учество за Евросонг 2011, вклучувајќи ја Австрија, која се врати на фестивалот неколку години од кога последен пат учествуваше на Евросонг 2007 во Хелсинки. [15]На 28 Август 2010 година, на средба во Белград ЕБУ одлучи дека секоја држава мора да го одбере својот изведувач и песната пред 14 Март 2011 година. На 14 Март 2011, ждребката за редоследот беше одржана во градот домаќин.[16]

Полуфиналисти[уреди]

  • Двете полуфиналиња се одржаа на 10 и 12 мај 2011.
  • Сите земји учеснички, освен големата четворка мораа да се напреваруваат во едно од двете полуфиналиња.
  • Десетте држави од секое полуфинале со највисок врој на поени се квалификуваа во финалето.
  • Израел се натпреваруваше во второто полуфинале за да избегне неучествување поради религиски причини.[17]

Прво полуфинале[уреди]

ред.бр. Учесник Јазик Изведувач Наслов на песна Превод Поени Место
01  Полска Полски јазик Магдалена Тул Jestem Јас сум 18 19
02  Норвешка Англиски јазик, Свахили Стела Мванги Haba Haba Малку по малку 30 17
03  Албанија Англиски јазик, Албански јазик Aurela Gaçe Feel the passion Почувствувај ја страста 37 13
04  Ерменија Англиски јазик Еми Boom Boom 54 12
05  Турција Англиски јазик Јуксек Садакат Live It Up 47 14
06  Србија Српски јазик Нина Радојчиќ Čaroban(Чаробан) Магичен 67 8
07  Русија Англиски јазик Алекси Воробјов Get You 64 9
08  Швајцарија Англиски јазик Ана Росинели In Love for a While Вљубена на кратко 55 10
09  Грузија Англиски јазик Елдрин One More Day Уште еден ден 74 6
10  Финска Англиски јазик Paradise Oskar Da Da Dam 103 3
11  Малта Англиски јазик Глен Вела One Life Еден живот 54 11
12  Сан Марино Англиски јазик Сенит Stand By Застанат до 34 16
13  Хрватска Англиски јазик Дариа Кинзер Celebrate Прослава 41 15
14  Исланд Англиски јазик Sigurjón's Friends Coming Home Враќање дома 100 4
15  Унгарија Англиски јазик, Унгарски јазик Кати Волф What About My Dreams? Што со моите сништа? 72 7
16  Португалија Португалски јазик Homens da Luta A luta é alegria Борбата е радост 22 18
17  Литванија Англиски јазик Evelina Sašenko C'est ma vie Тоа е мој живот 81 5
18  Азербејџан Англиски јазик Ell и Nigar Jamal|Nikki Running Scared 122 2
19  Грција Англиски јазик, Грчки јазик Loukas Giorkas feat. Stereo Mike Watch My Dance Погледни го мојот танц 133 1
1. Вклучува две фрази на Француски јазик.

Второ полуфинале[уреди]

ред.бр. Учесник Јазик Исполнувач Песна Превод Поени Место
01  Босна и Херцеговина Англиски јазик, Босански јазик Дино Мерлин "Love in Rewind" 109 5
02  Австрија Англиски јазик Nadine Beiler "The Secret Is Love" Тајната е љубов 69 7
03  Холандија Англиски јазик 3JS "Never Alone" Никогаш сам 13 19
04  Белгија Англиски јазик Witloof Bay "With Love Baby" 53 11
05  Словачка Англиски јазик TWiiNS "I'm Still Alive" Сè уште сум жив 48 13
06  Украина Англиски јазик Mika Newton "Angels" Ангели 81 6
07  Молдавија Англиски јазик Zdob şi Zdub "So Lucky" Толку среќен 54 10
08  Шведска Англиски јазик Eric Saade "Popular" Популарен 155 1
09  Кипар Грчки јазик Christos Mylordos "San aggelos s'agapisa"
(Σαν άγγελος σ'αγάπησα)
I loved you like an angel
Те сакав како ангел
16 18
10  Бугарија Бугарски јазик Поли Генова "Na inat" (For spite) За инат 48 12
11  Македонија Македонски јазик, Англиски јазик Влатко Илиевски "Rusinka" (Russian girl) Русинка 36 16
12  Израел Хебрејски јазик, Англиски јазик Dana International "Ding Dong" 38 15
13  Словенија Англиски јазик Maja Keuc "No One" Никој 112 3
14  Романија Англиски јазик Hotel FM "Change" 111 4
15  Естонија Англиски јазик Getter Jaani "Rockefeller Street" 60 9
16  Белорусија Англиски јазик Anastasia Vinnikova "I Love Belarus" Ја сакам Белорусија 45 14
17  Латвија Англиски јазик Musiqq "Angel in Disguise" 25 17
18  Данска Англиски јазик A Friend In London "New Tomorrow" Ново утре 135 2
19  Ирска Англиски јазик Jedward "Lipstick" Кармин 68 8

Финале[уреди]

Победниците Елдар Гасимов-Ell и Нигар Џамал-Nikki
Влатко Илиевски на настапот во Дизелдорф
  • Финалето се одржа на 14 мај 2011.
  • Само државите кои ја формираат големата петорка автоматски се квалификуваат во финалето.
  • Од двете полуфиналиња на 10 и 12 мај 2011, дваесет држави се квалификуваа во финале. Вкупно дваесет и пет земји се натпреваруваа во финалето.[16]


ред.бр. Учесник Јазик Исполнувач Песна Поени Место
01  Финска Англиски јазик Paradise Oskar "Da Da Dam" 57 21
02  Босна и Херцеговина Англиски јазик, Босански јазик Дино Мерлин "Love in Rewind" 125 6
03  Данска Англиски јазик A Friend In London "New Tomorrow" 134 5
04  Литванија Англиски јазик Evelina Sašenko C'est ma vie 63 19
05  Унгарија Англиски јазик, Унгарски јазик Кати Волф What About My Dreams? 53 22
06  Ирска Англиски јазик Jedward "Lipstick" 119 8
07  Шведска Англиски јазик Eric Saade "Popular" 185 3
08  Естонија Англиски јазик Getter Jaani "Rockefeller Street" 44 24
09  Грција Англиски јазик, Грчки јазик Loukas Giorkas feat. Stereo Mike Watch My Dance 120 7
10  Русија Англиски јазик Алекси Воробјов Get You 77 16
11  Франција Корзикански јазик Amaury Vassili Sognu 82 15
12  Италија Италијански јазик, Англиски јазик Raphael Gualazzi "Madness of Love" 189 2
13  Швајцарија Англиски јазик Ана Росинели In Love for a While 19 25
14  Велика Британија Англиски јазик Blue "I Can" 100 11
15  Молдавија Англиски јазик Zdob şi Zdub "So Lucky" 97 12
16  Германија (Host) Англиски јазик Lena "Taken by a Stranger" 107 10
17  Романија Англиски јазик Hotel FM "Change" 77 17
18  Австрија Англиски јазик Nadine Beiler "The Secret Is Love" 64 18
19  Азербејџан Англиски јазик Ell и Nigar Jamal|Nikki Running Scared 221 1
20  Словенија Англиски јазик Maja Keuc No One 96 13
21  Исланд Англиски јазик Sigurjón's Friends Coming Home 61 20
22  Шпанија Шпански јазик Lucía Pérez "Que me quiten lo bailao" 50 23
23  Украина Англиски јазик Mika Newton "Angels" 159 4
24  Србија Српски јазик Нина Радојчиќ Čaroban (Чаробан) 85 14
25  Грузија Англиски јазик Елдрин One More Day 110 9

Прво учество[уреди]

  •  Лихтенштајн – Единствениот радиодифузен сервис на Лихтенштајн 1ФЛТВ (1 Fürstentum Liechtenstein Television) на 29 Јули 2010 испрати апликација за членство во ЕБУ. Ако апликацијата беше прифатена, Лихтенштајн ќе можеше да испрати песна на Евровизија 2011.[18][19]

Враќање[уреди]

  •  Унгарија – Дуна ТВ беше во преговори со ЕБУ за да учествува на Евросонг. Унгарија се повлече од Евросонг 2009, кога претходниот дифузер Маѓар Телевизио (Magyar Televízió), го напушти фестивалот поради финансиски причини[20]
  •  Италија – На прес конференција за четвртото издание на Италијанскиот Х Фактор, директорот на РАИ 2 Масимо Лиофреди најави дека победникот на натпреварувањето би можел да ја претставува Италија на Евровизија, наместо да учестува на Сан Ремо, како претходните години.[21][22] Со тоа што Италија одлучи да се врати на Евровизија, големата четворка стана голема петорка.[23]

Наводи[уреди]

  1. „ESC-Finale 2011 findet am 14. Mai statt“ (на German). „NDR“. 30 јуни 2010. http://eurovision.ndr.de/news/meldungen/terminesc100.html7. конс. 30 јуни 2010. 
  2. Phil Bosco expliqué a Eurovision info Eurovision Info
  3. Wrabetz will ORF-Antreten "sicher überdenken" (на German). Der Standard. 31 мај 2010. http://derstandard.at/1271377890195/Song-Contest-Wrabetz-will-ORF-Antreten-sicher-ueberdenken. конс. 31 мај 2010. 
  4. http://www.esctoday.com/news/read/12899
  5. Wrabetz will ORF-Antreten "sicher überdenken" (на German). Der Standard. 31 мај 2010. http://derstandard.at/1271377890195/Song-Contest-Wrabetz-will-ORF-Antreten-sicher-ueberdenken. конс. 31 мај 2010. 
  6. „Eurovision History by Year (1957)“. „EBU. http://www.eurovision.tv/page/history/by-year/contest?event=274. конс. 29 мај 2010. 
  7. „Eurovision History by Year (1983)“. „EBU. http://www.eurovision.tv/page/history/by-year/contest?event=299. конс. 29 мај 2010. 
  8. „Rules for the Eurovision Song Contest“. „EBU. http://www.eurovision.tv/upload/esc2010rules.pdf. конс. 31 мај 2010. 
  9. Bakker, Sietse (30 август 2010). „Svante Stockselius says Eurovision farewell“. EBU. http://www.eurovision.tv/page/news?id=19923&_t=Svante+Stockselius+says+Eurovision+farewell. конс. 30 август 2010. 
  10. 10,0 10,1 „GERMANY - Seven cities already declared interest“. Oikotimes. http://www.oikotimes.com/v2/index.php?file=articles&id=8300. конс. 31 мај 2010. 
  11. „Jetzt will auch Schalke den Grand Prix“ (на German). Bild.de. 1 јуни 2010. http://www.bild.de/BILD/unterhaltung/musik/grand-prix/2010/06/01/lena-titelverteidigung-song-contest-2011/hamburg-berlin-koeln-hannover-schalke-gelsenkirchen-grand-prix.html. конс. 1 јуни 2010. 
  12. Bakker, Sietse (21 август 2010). „Four cities in the running to host Eurovision 2011“. EBU. http://www.eurovision.tv/page/news?id=19833&_t=Four+cities+in+the+running+to+host+Eurovision+2011. конс. 20 август 2010. 
  13. „Eurovision Song Contest - Lenas großer Triumph“ (на German). Stern.de. 23 август 2010. http://www.stern.de/kultur/musik/bewerbung-um-den-eurovision-song-contest-2011-warum-ein-aussenseiter-gute-chancen-hat-1596112.html. конс. 10 септември 2010. 
  14. Renner, Von Kai-Hinrich (11 септември 2010). „Karriere eines Fernsehmannes - Der Alltag von NDR-Intendant Lutz Marmor - Kultur & Live - Hamburger Abendblatt“ (на German). Hamburger Abendblatt. http://www.abendblatt.de/kultur-live/article1628337/Der-Alltag-von-NDR-Intendant-Lutz-Marmor.html. конс. 13 септември 2010. 
  15. Siim, Jarmo (27 јули 2010). „Austria to pick in October?“. EBU. http://www.eurovision.tv/page/news?id=19383&_t=Austria+to+pick+in+October%3F. конс. 3 август 2010. 
  16. 16,0 16,1 Bakker, Sietse (28 август 2010). „Reference Group gathered in Belgrade“. EBU. http://www.eurovision.tv/page/news?id=19913&_t=Reference+Group+gathered+in+Belgrade. конс. 28 август 2010. 
  17. Barak, Itamar (21 септември 2010). „Israel to participate in 2nd semifinal of 2011“. ESCToday. http://esctoday.com/news/read/16139. конс. 21 септември 2010. 
  18. Hondal, Victor (30 јули 2010). „Liechtenstein: 1FL expects "good chances" for Eurovision debut“. ESCToday. http://www.esctoday.com/news/read/16032. конс. 30 јули 2010. 
  19. Klier, Marcus (31 јули 2010). „Al Walser to meet with 1FL“. ESCToday. http://esctoday.com/news/read/16034. конс. 31 јули 2010. 
  20. Klier, Marcus (12 август 2010). „Hungary will comeback with new broadcaster“. ESCToday. http://www.esctoday.com/news/read/16054. конс. 12 август 2010. 
  21. Victor, Hondal (6 септември 2010). „Italy might return to Eurovision in 2011“. ESCToday. http://www.esctoday.com/news/read/16102. конс. 6 септември 2010. 
  22. Conti, Andrea (6 септември 2010). „X Factor riparte da quattro giudici. Facchinetti: "Niente fango su Simona" - televisione -Tgcom - pagina 1“ (на Italian). Mediaset. http://www.tgcom.mediaset.it/televisione/articoli/articolo490216.shtml?1&fontsize=medium. конс. 6 септември 2010. 
  23. „Svante Stockselius meets members of OGAE Serbia“. Oikotimes. 22 јуни 2007. http://www.oikotimes.com/v2/index.php?file=articles&id=234. конс. 10 септември 2010. 

Надворешни врски[уреди]