Хрватска на Евровизија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хрватска

Знаме

Медиумски организатор ХРТ
Национален избор Dora
Број на учества 18
Прво учество 1993
Најдобар пласман 4 место, 1996, 1999
Најлош пласман 16 место (ПФ), 2007

Хрватска за прв пат, на Песна на Евровизија настапуваше во 1993 година и досега има испратено осумнаесет претставеници (заклучно со 2010). Тие заедно со Шпанија (невклучувајќи ги новите земји претставнички) се двете земји кои досега никогаш не го пропуштиле своето учевство уште од денот кога за прв пат се појавиле на сцената.

Хрватскиот претставник за Евровизија се одбира на традиционалниот музички фестивал наречен Дора, годишен избор кој е организиран од националната телевизија Хрватска радио телевизија

Историја[уреди]

Хрватска исто така има учевствувано на Евровизија помеѓу 1961 и 1991 година кога беа дел од Југославија. Хрватска беше најуспешната република од Југославија на Евровизија, со вкупно 13 од 26 југословенски претставници. Исто така тие за прв пат го однесија овој натпревар во Загреб кој се оддржа во 1991, а тоа беше резултат на победата на групата Рива со песната "Rock me".

По распадот на Југославија во 1991, Хрватска како независна држава се појави на овој музички натпревар во 1993 година. Првиот претставник како независна држава им беше бендот Put со песната "Don't ever cry", која и покрај англискиот наслов, беше изведувана на хрватски. Нивниот најдобар резултат е четврто место, кое го освоија во 1996 со Маја Благдан и песната "Sveta ljubav", и во 1999 кога Дорис Драговиќ ја испеја "Marija Magdalena".

Познатата хрватска пејачка Тереза Кесовија го претставуваше Монако на Евровизијата во 1996 година.

Натпреварувачи (2004 - )[уреди]

Година Пејач/ка Наслов Финале Поени Полуфинале Поени
2004 Ivan Mikulić You Are The Only One 12 50 9 72
2005 Boris Novković ft. Lado Members Vukovi umiru sami 11 115 4 169
2006 Северина Moja štikla 12 56 X X
2007 Dragonfly ft. Dado Topić Vjerujem u ljubav X X 16 54
2008 Kraljevi ulice & 75 Cents Romanca 21 44 3 112
2009 Igor Cukrov ft. Andrea Lijepa Tena 18 45 13 33
2010 Feminnem Lako je sve X X 13 33