Појадок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пржени парчиња леб и јајце.
Овие статии се дел од
темата oброци
Општопознати оброци...
ПојадокПојчек (Бранч)Mал ручек
ЧајРучекВечера
Останати оброци...
Втор појадок
Илевенсез
Тифин
Десерт
Ужина
Поврзано...

Кујна | Кујни


Појадокот е првиот оброк во денот, кој се конзумира наутро. Што точно вклучува еден појадок зависи од различните култури низ целиот свет. Но, најчесто вклучува житарки или ориз, овошје, а многу поретко зеленчук, белковински и млечни производи и пијалаци.

Појадокот се состои од поедноставна храна, односно храна која полесно ќе биде дигестирана, но сепак ќе ги содржи потребните енергетски состојки. Храната треба да содржи белковини, јаглехидрати, витамин А и витамин D, како и умерени количества на калциум и железо. Споменатите состојки служат како главни извори на енергија, и придонесуваат за нормален раст и обновување на ткивата.[1][2]

Појадокот освен што го снабуда телото со енергетски и хранливи состојки, истражувања покажуваат дека помага за одржување здрава тежина, ја зголемува концентрацијата и го подобрува помнењето.[3][4] Кај одредени делови од светот, кафето и чајот се неизоставни делови од појадокот, за кои исто така е докажано дека покрај недостатоците, кафето и особено зелениот чај служат како антиоксиданси, кои го намалуваат ризикот за заболувања.[2]

Типични појадоци по светски региони[уреди | уреди извор]

Африка[уреди | уреди извор]

Азија[уреди | уреди извор]

Јапонија[уреди | уреди извор]

Типичен јапонски појадок.

Еден традиционален јапонски појадок се состои од ориз, морска храна и ферментирана храна, кој во голем дел не се разликува од другите јадења јадени за време на други оброци во јапонската кујна. Исклучок е т.н. nattō (вид на ферментирана соја), која највеќе се јаде за појадок. Во еден типичен јапонски ресторан за појадок најчесто се нуди мисо супа, ориз со нори или со друг гарнир, nattō, овесна каша, риба испечена на скара, недоварено јајце и кисели краставички. Влијанието на јапонските патувачи го направиле овој традиционален појадок една стандардна опција на менијата на многуте висококласни хотели насекаде низ светот. Западните појадоци како тост и варени или пржени јајца се исто така доста јадени, како и житарките кои сè повеќе стануваат популарни. Типични пијалаци за појадок се зелениот чај (традиционален) и кафето (модерен).

Австралија и Нов Зеланд[уреди | уреди извор]

Европа[уреди | уреди извор]

Латино Америка[уреди | уреди извор]

Среден Исток[уреди | уреди извор]

САД и Канада[уреди | уреди извор]

Појадокот како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Со појадок до виткост“. kulinar.mk. 2009-07-05. Архивирано од изворникот на 2010-08-15. Посетено на 2010-08-31.
  2. 2,0 2,1 „Здрав појадок“. bluezone.com.mk. 2009-05.07. Посетено на 2010-08-31. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  3. „Why is breakfast the most important meal of the day?“. Mayo Clinic. Посетено на 2009-06-03.
  4. „Breakfast is 'most important meal'. BBC. 7 March 2003. Посетено на 2009-06-03.
  5. Discogs, Pink Floyd – Atom Heart Mother (пристапено на 2.3.2021)