Појадок кај Тифани
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Појадок кај Тифани“ | |
Филмски постер од 1961 |
|
| Режирано од | Блејк Едвардс |
|---|---|
| Продуцент | Мартин Џуроу и Ричард Шепард |
| Сценарист | Труман Капоти (роман) Џорџ Екслрод (сценарио) |
| Настапуваат | Одри Хепберн Џорџ Пепард Патриша Ник Бади Ебсен Мики Руни |
| Музика | Хенри Манчини |
| Кинематографија | Франц Планер и Филип Х. Лаптроп |
| Монтажа | Хауард А. Смит |
| Дистрибутер | Paramount Pictures |
| Премиера | 5 октомври 1961 |
| Времетраење | 115 минути |
| Држава | |
| Јазик | Англиски |
| Буџет | $2,500,000 |
Појадок кај Тифани е филм-оскаровец 1961 година, во кој Одри Хепберн и Џорџ Пепард се појавуваат во главните улоги. Режиран е од Блејк Едвардс. Портретот на Холи Голајтли како наивен, ексцентричен социјалит најчесто се смета дека е најпознатата и најнезаборавната улога на Одри Хепберн. И самата таа ќе рече дека била најпредизвикувачката улога во нејзината кариера, бидејќи иако е интроверт требала да игра екстроверт. Песната "Moon River" која во филмот ја пее Одри Хепберн, ќе му помогне на Хенри Манчини да го добие оскарот за најдобра композиција, а на Џони Мерсер за најдобар текстописец.
Содржина |
Кратка содржина[уреди]
Филмот ја обработува приказната за Холи Голајтли, млада жена која живее хаотичен живот. Без стабилно детство, се венча на четиринаесет години, го поништува својот брак, се преселува во Холивуд со цел да започне филмска кариера, го напушта Холивуд и оди во Њујорк (каде заработува пари како кол герла и преку несвесно пренесување на кодирани пораки на еден затворен мафијашки бос), откаде планира да се пресели во Бразил, венчајќи се за еден од најбогатите луѓе во светот.
Главната сижејна линија на филмот се развива околу нејзината врска со соседот Пол Варџак, кој има и сопствени проблеми. Филмот завршува со познатата сцена на дождот, во мигот кога и Холи и Пол се откриваат себеси.
Хепберн во филмот ја пее "Moon River", песна на Хенри Манчини со текст на Џони Мерсер. Според Манчини и Едвардс, претставниците на студиото толку ја мразеле песната што барале веднаш да биде исфрлена од филмот; тогаш Хепберн, присутна во мигот кога е донесена оваа одлука, извикнува, "преку моето мртво тело."
Филмот останува запаметен уште по една работа: сламено-тенката Хепберн како Холи со носач на цигара во рака е несомнено една од иконските слики во американската филмска историја.
Улоги[уреди]
- Одри Хепберн: Холи Голајтли
- Џорџ Пепард: Пол "Фред" Варџак
- Патриша Нил: 2E
- Бади Ебсен: Док Голајтли
- Мартин Балсам: О. Џ. Берман
- Хосе Луис де Вилалонга: Хосе да Силва Переира
- Мики Руни: Г. Јуниоши
- Џон МекГивер: Продавачот во Тифани
- Алан Рид: Сали Томато
- Дороти Витни: Мег Вајлдвуд
- Стенли Адамс: Расти Тролер
- Клод Строд: Сид Арбак
- Оранжи: Мачката (трениран од Френк Ин)
Почести[уреди]
- Во 1995 година, тексашкиот бенд Deep Blue Something го создава хитот "Breakfast at Tiffany's." Песната е инспирирана од глумата на Хепберн во филмот Празник во Рим, но авторот, Тод Дејвис Пајпс, мислел дека најпознатиот филм на Одри би дал и подобар наслов.
- Во 605 епизода на Зајнфелд, наречена "Каучот", Џорџ се приклучува на еден читачки клуб и треба да ја прочита книгата Појадок кај Тифани. Но Џорџ наместо да ја чита книгата се обидува да го изнајми филмот.
- Втората епизода од третата сезона на Истрага на местото на злосторството:Њујорк, "Не е онака како што изгледа", се работи за три жени кои облечени како Холи Голајтли ја ограбуваат продавницата Кај Тифани.
Надворешни врски[уреди]
- Појадок кај Тифани на Интернет Филмската База на податоци.
- на Cast Album Database
- 1100 оригинални филмски постери posteryu.com
- Оригинален филмски постер Појадок кај Тифани
Филмови: Холандски во 7 лекции (1948) • Смеа во Рајот (1951) • Приказната на младите сопруги (1951) • Еден див овес (1951) • Толпата на Лавендер Хил (1951) • Монте Карло, злато (1951) • Ќе одиме во Монте Карло (1952) • Таинствени луѓе (1952) • Празник во Рим (1953) • Сабрина (1954) • Војна и мир (1956) • Смешно лице (1957) • Љубов на пладне (1957) • Зелени палати (1959) • Приказната за калуѓерката (1959) • Непростено (1960) • Појадок кај Тифани (1961) • Час за децата (1961) • Шарада (1963) • Париз, кога врне (1964) • Мојата убава дама (1964) • Како да се украде милион (1966) • Двајца за патот (1967) • Почекај додека се стемни (1967) • Робин и Мериан (1976) • Крвна линија (1979) • Сите се смееја (1981) • Секогаш (1989) (камео)
Телевизија: Маерлинг (1957) • Љубов меѓу крадци (1987) • Светските градини со Одри Хепберн (1993)
