Сабрина
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Sabrina“ | |
ДВД обвивка |
|
| Режирано од | Били Вајлдер |
|---|---|
| Продуцент | Били Вајлдер |
| Сценарист | Семјуел Тејлор (претстава) Били Вајлдер Ернест Леман |
| Настапуваат | Хемфри Богарт Одри Хепберн Вилијам Холден |
| Музика | Фредерик Холандер |
| Кинематографија | Чарлс Ланг |
| Дистрибутер | Paramount Pictures |
| Премиера | 9 септември 1954 (Лондонска премиера) |
| Времетраење | 113 минути |
| Држава | |
| Јазик | Англиски |
Сабрина е филм од 1954 година режиран од Били Вајлдер. Во главните улоги се појавуваат Хемфри Богарт, Одри Хепберн и Вилијам Холден.
Содржина |
Кратка содржина [уреди]
Сабрина Ферчајлд (Хепберн) е младата ќерка на фамилијарниот возач на семејството Лараби, Томас (Џон Вилијамс) и е вљубена во Дејвид Лараби (Холден) целиот нејзин живот. Дејвид пак, е мрзлив плејбој, луд за жени, кој никогаш не ја забележува Сабрина. Откако Сабрина посетува кулинарска школа во Париз, се враќа како многу атрактивна и софистицирана жена и Дејвид веднаш е привлечен од неа. Линус (Богарт), Дејвидовиот брат кој е зависник од работа, го забележува ова и е уплашен дека венчавката на брат му со една многу богата жена што наскоро треба да се случи може да биде загрозена. А ако венчавката се откаже, тогаш отпаѓа и големата зделка со нејзиното семејство. Така, Линус се обидува да ја заведе Сабрина, но во текот на овој процес чија единствена цел е да ја одвои од брат му, тој се вљубува во неа.
"La vie en rose" [уреди]
Во овој филм, Хепберн ја пее "La vie en rose" што во превод од француски значи "Живот во розово", најпознатата песна на француската пеачка Едит Пјаф. Мигот кога ја пее е непосредно по нејзиното враќање од Париз кога нејзиниот живот навистина станува порозов.
Зад сцената [уреди]
Кери Грант бил првобитно повикан да ја игра улогата на Линус, но поради неговиот згуснат распоред, Хемфри Богарт ја наследил истата.
Во текот на продукцијата на филмот, Хепберн и Холден биле дел од една кратка, но страсна и медиумски покриена афера. Богарт пак се жалел дека на Одри ѝ се потребни многу снимања за да го изведе правилно својот дијалог, пред се како плод на нејзиното неискуство. А сепак, како што подоцна се дознава, однесувањето на Богарт спрема Хепберн било многу подобро во споредба со неговото однесување спрема останатите холивудски ѕвезди.
Иако Едит Хед за костумите во филмот ќе добие оскар, всушност, најголем дел од фустаните се креирани од страна на Хуберт де Живанши и избрани од самата Одри Хепберн. Од овој филм започнува нивната долгогодишна соработка.
Награди и признанија [уреди]
Сабрина е номиниран за шест оскари.
Освоени:
Важни Номинации:
- Оскар за најдобар режисер - Били Вајлдер
- Оскар за најдобра актерка - Одри Хепберн
Надворешни врски [уреди]
- Сабрина на IMDb (англиски)
- Reel Classics - вклучува и постер од Сабрина како и слика на Хепберн во филмот
Филмови: Холандски во 7 лекции (1948) • Смеа во Рајот (1951) • Приказната на младите сопруги (1951) • Еден див овес (1951) • Толпата на Лавендер Хил (1951) • Монте Карло, злато (1951) • Ќе одиме во Монте Карло (1952) • Таинствени луѓе (1952) • Празник во Рим (1953) • Сабрина (1954) • Војна и мир (1956) • Смешно лице (1957) • Љубов на пладне (1957) • Зелени палати (1959) • Приказната за калуѓерката (1959) • Непростено (1960) • Појадок кај Тифани (1961) • Час за децата (1961) • Шарада (1963) • Париз, кога врне (1964) • Мојата убава дама (1964) • Како да се украде милион (1966) • Двајца за патот (1967) • Почекај додека се стемни (1967) • Робин и Мериан (1976) • Крвна линија (1979) • Сите се смееја (1981) • Секогаш (1989) (камео)
Телевизија: Маерлинг (1957) • Љубов меѓу крадци (1987) • Светските градини со Одри Хепберн (1993)