Истрага на местото на злосторството: Њујорк
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| CSI: New York | |
| 250px Логото на серијата во четвртата сезона |
|
| Формат | криминална драма |
|---|---|
| Создадена од | Ентони Цукер Керол Менделсон Ен Донахју |
| Настапуваат | Гери Синис Мелина Канакаредес Кармин Џовинацо Ана Белнап со Хил Харпер и Еди Кахил |
| Најавна песна | The Who: "Baba O'Riley" |
| Земја на потекло | |
| Број на сезони | 4 |
| Број на епизоди | 92 (Листа на епизоди) |
| Продукција | |
| Времетраење | 40–45 минути |
| Емитување | |
| Канал на емитување | CBS CTV |
| Формат на слика | 480i (SDTV), 1080i (HDTV) |
| Емитување | 17 мај 2004 (во ЦСИ: Мајами) 22 септември 2004 – денес |
| Хронологија | |
| Поврзани серии | ЦСИ: Мајами ЦСИ: Лас Вегас |
|
|
|
Истрага на местото на злосторството: Њујорк или ЦСИ: Њујорк (англиски: CSI: NY) е американска полициска телевизиска серија која започна да се емитува на 22 септември 2004 и сѐ уште се снима. Ова е вториот спин-оф од ЦСИ: Лас Вегас, а ликовите за првпат се појавија во епизода на ЦСИ: Мајами.
Во Македонија, серијата се емитува на А1 телевизија.
[уреди] Синопсис
Шеф на тимот во Њујорк е Мек Тејлор. Мек го има главниот збор во тимот и тој секогаш е прв на местото на злосторството. Мек се води по старото венецијанско правило: сѐ е поврзано и ништо не е случајно.
Нему му помагаат Стела Бонасера, главен советник на Мек и специјалист за случаите на психолошка тортура, силување и киднапирање, Дон Флек специјалист за огнено оружје кој и самиот пораснал меѓу криминалците во Њујорк, Дени Месер задолжен за доказите кои тимот ги анализира на лице место, д-р Шелдон Хокс шеф на одделот за аутопсија и Линдзи Монро задолжена за испитување на осомничените.
Од епизода во епизода, тимот се соочува со фактот дека Њујорк полека станува град во кој не е сигурно да се живее. На секој чекор се наоѓаат криминалците, а најголем проблем им се мистериозните убиства во кои нема многу докази.
Мек и неговиот тим и самите ќе станат мета на криминалците, но нивниот најголем адут е лабораторијата, во која е возможно да се направат и реконструкции на човечки лица и тела и да се најдат докази за нивната смрт.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
- CBS CSI: NY официјално веб-место
- Watching CSI
- CSI: New York на Јаху ТВ
- „CSI: NY“ на TV.com (англиски)
- Цели епизоди