Непростено

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Непростено“
ДВД обвивка
РежисерЏон Хјустон
ПродуцентЏејмс Хил
СценаристАлан ЛеМеј (роман)
Бен Медоу (сценарио)
Главни улогиБарт Ланкастер
Одри Хепберн
МузикаДимитри Тјомкин
КинематографијаФранц Планер
МонтажаРасел Лојд
ДистрибутерUnited Artists
Премиера1960
Времетраење125 минути
Земја САД
ЈазикАнглиски
Бруто заработка$3,200,000[1]

„Непростено“ (англиски: The Unforgiven) — американски вестерн филм од 1960 година. Филмот е режиран од Џон Хјустон, а главните улоги ги играат: Берт Ланкастер, Одри Хепберн, Оди Марфи, Џон Саксон, Чарлс Бикфорд и Лилијан Гиш.

Филмот не бил толку значаен во кариерите на филмските ѕвезди кои настапуваат во него, но тој оставил длабоки траги во нивните животи. Така, во 1959 година, снимањето било запрено бидејќи Хепберн го повредила грбот откако паднала од коњот при снимањето на една сцена. Иако постепено се опоравила, несреќата била виновна за нејзиниот подоцнежен спонтан абортус. Според неколку биографи на Хепберн, Хјустон се обвинувал себеси за несреќата и поради тоа во еден момент се откажал од филмот, а потоа го продолжил снимањето дури откако Хепберн се чувствувала доволно добро.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во Тексас по Граѓанската војна. Семејствата Закари и Ролинс одржуваат блиски односи. Меѓутоа, кога едно момче од семејството Ролинс ќе почне да ѝ се додворува на Рејчел Закари, девојката која е посвоена, семејството остро се противи на таа врска. Уште повеќе, во местото почнуваат да се шират гласови дека Рејчел има индијанско потекло, а тоа предизвикува општо негодување...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Rental Potentials of 1960", Variety, January 4, 1961, p 47.
  2. РТС Непомирљиви (пристапено на 13.5.2022)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]