Мафија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Мафија е италијански збор, кој се користи за означување на организирани криминални банди, гангстери, поточно за таквите организации од островот Сицилија. Сицилијанската мафија исто така е позната како „Коза Ностра“ (Cosa Nostra) односно „Наша работа“ и се појавила во XIX век. Тоа е лабава асоцијација на криминални групи кои споделуваат заедничка организациска структура и код на однесување. Секоја група, позната како „семејство“ или „фамилија“, „здружение“, „клан“ или „коска“ (cosca) смета дека има суверенитет врз територијата на која рекетира - обично град или село или населба (borgata) од поголем град.
Гранки на мафијата се појавиле во САД во текот на доцниот XIX век, по брановите италијанска емиграција, како и во Канада и Австралија.[1] Терминот „Мафија“ исто така се користи за организациите од сличен тип што работат под слична структура, без разлика дали се од Сицилија или не, како Камора, ’Ндрангета, Стида или Сакра Корона Унита, како и неиталијански организирани групи.
Во цел свет зборот мафија е синоним за организирани криминални структури тесно поврзани со крупниот бизнис и со владејачките структури. Оваквата спрега е позната за буквално секоја земја во денешно време, освен[се бара извор] Куба, Кина, Виетнам, Северна Кореја. До крајот на 90-тите години на минатиот век организирани криминалци не постоеја[се бара извор] ниту во поранешните комунистички земји во Европа : СССР, ЧССР, Бугарија, Романија, Унгарија, Полска, СФРЈ.
Арно ама Џовани Фалконе, антимафијашкиот судија убиен од Мафијата, се спротивставуваше на инфлацијата на користењето на терминот „Мафија“ за сите видови организиран криминал: „На времето луѓето се плашеа да го изговорат зборот ’Мафија‘, а денес луѓето се отидени во сосем спротивна насока што веќе премногу се употтребува... Јас веќе не ја прифаќам навиката за Мафијата да се зборува на десктриптивен и сеопфатен начин со што се овозможува да се трупаат феномени кои навистина се сродни со полето на организиран криминал, но кои имаат малку или ништо заедничко со Мафијата.“ Според најшироко прифатената дефиниција, Мафија се однесува на регионалниот криминалитет на Сицилија.[2]
[уреди] Извори
- ↑ Omerta in the Antipodes, Time, 31 January 1964.
- ↑ Lupo, The History of the Mafia, pp. 1-3