Гајда

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гајдаџија во стар сокак

Гајда — двогласен македонски народен дувачки инструмент кој се состои од:

  • гајдарка, која се прави од дреново дрво. Гајдарката има седум дупки на лицето и една дупка за палецот на опачината; на крајот на цевката се прикачува славец,
  • брчало, бучало или рог кое е направено од три дела кои се спојуваат; истото произведува континуиран тон (вториот глас),
  • дувало поврзано со мевот,
  • мев, направен од штавена овча или козја кожа.

Пред свирење гајдата се штима. Ова се изведува со свирење на петтиот тон на гајдарката (додека погорните дупки се затворени) и со прилагодување на должината на брчалото, така што истото свири две октави пониско.

Гајдата се држи под рака (мевот се дополнува со воздух од време-на време). Гајдарката се држи со двете раце, така што прстите од левата рака работат со долните 4 дупки, додека горните три и палечната дупка се работат со прстите од десната.

Брчалото се префрла преку рамо, преку десната рака или може да виси.

Гајдата може да свири 9 дијатонички и 2-3 хроматички тонови. Најкористените клучеви се B и A, но и подолните клучеви исто така можат да се употребуваат. Репертоарот за гајдата се состои од народни ора и песни, кои се изведуваат за време на празници. Гајдата се изведува соло и како дел од ансамбл во изведба на ора и инструментални импровизации.

Malzvucnik.pngЕпска орска импровизација за гајда во изведба на мајстор Пеце Атанасовски