Машка кошаркарска репрезентација на Србија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Србија Србија

Србија

Ранг листа на ФИБА: 8-ма
Член на ФИБА од: 1936
ФИБА зона ФИБА Европа
Национална федерација: Кошаркарски сојуз на Србија
Тренер: Србија Душан Ивковиќ
Прекар: „Орли“
Олимписки игри
Учества 3
Медали Silver medal.svg сребро: 1996
Светско првенство
Учества 4
Медали Gold medal with cup.svg злато: 1998, 2002
Евробаскет
Учества 8
Медали Gold medal europe.svg злато: 1995, 1997, 2001

Silver medal europe.svg сребро: 2009

Bronze medal europe.svg бронза: 1999

Дресови
Kit body thinsidesonwhite.png
Светли jersey
Kit shorts blanksides2.png
Team colours
Светли
Kit body thinredsides.png
Темни jersey
Kit shorts redsides.png
Team colours
Темни


Машката кошаркарска репрезентација на Србија е националниот тим кој ја претставува државата на меѓународните кошаркарски натпреварувања. Репрезентацијата е предводена од Кошаркарскиот сојуз на Србија, кој е член на ФИБА Европа. Србија била дел од неколку репрезентации во минатото. До 1991 година таа била дел од СФРЈ, од 1991 до 2006 била дел од СР Југославија (Србија и Црна Гора) и од 2006 учествува самостојно. Србија се смета за наследник на СР Југославија (Србија и Црна Гора), но не и за наследник на СФРЈ.[1] Србија има 8 учества на Евробаскетот, од кои има три злата, едно сребро и една бронза. Понатака, Србија има три учества на олимписките турнири со едно сребро и четири учества на светските првенства со две злата.

Состав[уреди]

Составот на Србија во 2011 година бил:

позиција стартни замени замени
центар Ненад Крстиќ Коста Перовиќ Бобан Марјановиќ
напад Душко Савановиќ Милан Мачван
напад Марко Кешељ Немања Бјелица
бек Миленко Тепиќ Александар Рашиќ Иван Пауниќ
бек Милош Теодосиќ Стефан Марковиќ

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]