Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, позната и како „Репрезентација А Мажи“, е спортска репрезентација којашто ја претставува Македонија во кошарка во машка конкуренција.
Репрезентацијата е под покровителство на Кошаркарската Федерација на Македонија (КФМ) и е членка на ФИБА од 1993 година. Најголем успех на репрезентацијата е учеството на Европското првенство во кошарка во 2011 година во Литванија, каде Македонија го зазеде 4-тото место. Поради овој успех, самопрегорноста во играта и афирмацијата на татковината во светот, екипата е одликувана со Медал за заслуги за Македонија од страна на претседателот на државата.[2]
Историја [уреди]
КФМ, раководното тело на кошаркарските репрезентации и екипи во Македонија, била создадена во 1992 година која една година подоцна била примена и во рамките на ФИБА Европа. Претходно, македонските машки и женски кошаркари биле дел од репрезентацијата на СФРЈ која своевремено била една од најголемите сили на светската кошаркарска сцена. По распадот на СФРЈ секоја поранешна југословенска република започна со нови кошаркарски федерации и репрезентации.
Југословенска екипа [уреди]
Европско првенство [уреди]
Летни Олимписки Игри [уреди]
Светско првенство [уреди]
Македонска екипа [уреди]
Евробаскет 1999 [уреди]
-
|
Првиот голем успех македонската кошаркарска репрезентација го забележала во 1999 година кога се пласира на завршницата на европското првенство во Франција. За време на ова првенство, Македонија биеше дел од групата А заедно со СР Југославија, Франција и Израел. Во оваа група, Македонија заврши последна со 3 бода и кош разлика од -21. Целосно гледано, на ова европско првенство Македонија заврши на 14 место пред само Босна и Херцеговина и последно пласираната Грција.
|
|
Евробаскет 2009 [уреди]
-
|
Следниот позначаен резултат Македонија го забележала после 10 години од првото учество на европското првенство, односно Македонија успеала да се пласира на завршницата на европското првенство во Полска во 2009 година. На завршницата Македонија дошла преку квалификациите кои траеле од 3 до 20 септември 2008 година. Македонија била дел од групата Б заедно со Летонија, Португалија и Естонија. На крај од квалификациската рунда Македонија како лидер во групата обезбедила место на завршницата во Полска. На самото европско првенство, Македонија била дел од групата А заедно со Грција, Хрватска и Израел. На ова европско првенство Македонија го има забележано до сега најголемиот успех, односно успеала да ја помине групата и на конечната листа да заврши на деветтото место. По поминувањето на групата Македонија била дел од групата Е заедно со Франција, Русија, Грција, Хрватска и Германија и завршила на претпоследното место кое гарантирало девето место на конечната ранг листа.На овој евробаскет Македонија го забележала успехот со победување на репрезентациите на Израел и Германија и со конечен рекорд 2-4
|
|
Евробаскет 2011 [уреди]
-
|
|
Македонија се пласирала на Евробаскетот 2011 во Литванија преку квалификациите. Во квалификицациите Македонија играла во група со Велика Британија, Босна и Херцеговина, Украина и Унгарија. Како второпласирана репрезентација во квалификациите, Македонија обезбедила учество на Евробаскетот, каде играла во групата C со Црна Гора, Хрватска, Грција, Босна и Херцеговина и Финска.
На Евробаскетот 2011 година Македонија го остварила до тогаш најголемиот успех. Имено, во прелиминарнара фаза Македонија завршила на прво место во групата C со 4 победи и еден пораз во продолжетоци, односно ги победила селекциите на Грција, Финска, Хрватска и Босна и Херцеговина, а забележала пораз од Црна Гора кој воедно бил прв натпревар во групата. Со тој резултат Македонија влегла во втората фаза од шампионатот, односно во групата F каде играла против Грузија, Словенија и Русија, а во таа група биле и репрезентациите на Финска и Грција.
|
По победата над Грузија, Македонија обезбедила пласман во четвртфиналето, што до тој момент бил најголем успех во македонската кошаркарска историја. Во претпоследното коло од втората фаза Македонија ја поразила Словенија, а во последното коло од втората фаза Македонија тесно изгубила од Русија на две секудни при крајот.
Како второпласирана во групата од втората фаза Македонија играла со третопласираната од другата група, односно Литванија.Така, во четвртфиналето Македонија играла против домаќинот Литванија, која Македонија ја совладала со два поени разлика и обезбедила учество во полуфиналето. Во полуфиналето селекцијата на Македонија се среќава со селекцијата на Шпанија, која во четвртфиналето ја поминала Словенија и ова до моментов е најголем успех на македонаката кошарка. Во полуфиналето на Евробаскетот 2011 Македонија загубила од Шпанија и со тоа Македонија разигрува за бронза со Русија, а Шпанија разигрува за златото со Франција. Во борбата за трето место Македонија загубила од Русија и завршила на четвртото место - најдобриот пласман во историјата на оваа репрезентација. Македонија се пласирала на Евробаскетот 2013 и на квалификацискиот турнир за Олимписките игри.
По завршувањето на првенството во Скопје е приредена голема прослава низ улиците и плоштадите, дополнета со пригодна програма.
Летни Олимписки игри 2012 [уреди]
Македонија, како четврто пласирана на Евробаскетот 2011, обезбедила пласман на квалификацискиот турнир за Летните Олимписки игри во Лондон 2012 година. Македонија ќе игра во групата Д против селекциите на Нов Зеланд и Ангола. Првите две пласирани екипи од оваа група ќе играат во четвртфиналето против првите две пласирани од групата Ц. Само три екипи обезбедуваат пласман на ЛОИ. Турнирот се одржувал во Венецуела, а првиот натпревар Македонија го играла на 3 јули против Нов Зеланд. Македонија не успеала да се квалификува за Олимписките игри бидејќи била поразена во четвртфиналето со пораз од Доминикана.
Евробаскет 2013 [уреди]
Македонија се квалификувала за Евробаскетот 2013 година, кој ќе се одржи во Словенија. При извлекувањето на групите, Македонија била во првиот шешир. Македонија ќе игра во групата B, заедно со селекциите на Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Латвија и Литванија. Групата Б ќе игра во Јесенице.[3]
Целосен состав [уреди]
Целосниот состав на машката кошаркарска репрезентација е следниот[4]:
|
Име и презиме |
Позиција |
Висина |
Датум на раѓање |
Место на раѓање |
|
Ефтим Богоев |
бек |
1,85 |
2 ноември 1980 |
Струмица |
|
Ивица Димчевски |
бек |
1,92 |
27 јуни 1989 |
Скопје |
|
Златко Гоцевски |
центар |
2,06 |
9 февруари 1982 |
Штип |
|
Маркиз Грин |
бек |
1,65 |
18 март 1982 |
Пенсилванија |
|
Бојан Крстевски |
крило |
2,05 |
4 јуни 1989 |
Скопје |
|
Јован Марковски |
крило |
1,98 |
28 март 1988 |
Скопје |
|
Џеремаја Мејси |
крило |
2,02 |
22 јули 1982 |
Мајами |
|
Кирил Николовски |
центар |
2,10 |
9 јуни 1988 |
Скопје |
|
Јане Петровски |
бек |
1,80 |
9 февруари 1985 |
Скопје |
|
Ристе Стефанов |
бек |
1,94 |
30 август 1981 |
Кавадарци |
|
Дариус Вашингтон |
бек |
1,88 |
6 декември 1985 |
Орландо, Флорида |
| 5 |
Димитар Мираковски |
бек |
1,78 |
14 мај 1981 |
Струмица |
| 6 |
Дарко Соколов |
бек |
1,90 |
8 мај 1986 |
Кочани |
| 7 |
Димитар Караџовски |
|
|
7 ноември 1984 |
Скопје |
| 8 |
Војдан Стојановски |
бек |
1,94 |
9 декември 1987 |
Охрид |
| 9 |
Дамјан Стојановски |
бек |
1,93 |
9 декември 1987 |
Охрид |
| 10 |
Александар Костоски |
бек |
1,88 |
5 март 1988 |
Скопје |
| 12 |
Перо Антиќ |
крило |
2,10 |
29 јули 1982 |
Скопје |
| 13 |
Марко Симоновски |
бек |
1,90 |
28 јуни 1989 |
Скопје |
| 14 |
Ѓорѓи Чековски |
крило |
2,02 |
11 декември 1979 |
Скопје |
| 15 |
Предраг Самарџиски |
центар |
2,15 |
11 април 1986 |
Скопје |
| 20 |
Лестер Бо МекКејлеб |
бек |
1,83 |
4 мај 1985 |
Њу Орлеанс |
| 16 |
Давид Настов |
бек |
1,78 |
26 февруари 1997 |
Велес |
Евробаскет 2011 [уреди]
На Евробаскетот 2011, македонската репрезентација била составена од[5]:
|
Име и презиме |
Позиција |
Висина |
Датум на раѓање |
Место на раѓање |
| 4 |
Димитар Мираковски |
плејмејкер |
1,78 |
14 мај 1981 |
Струмица |
| 5 |
Владо Илиевски |
плејмејкер |
1,87 |
19 јануари 1980 |
Струмица |
| 6 |
Дарко Соколов |
плејмејкер |
1,90 |
8 мај 1986 |
Кочани |
| 7 |
Лестер Бо Мекејлеб |
плејмејкер |
1,83 |
4 мај 1985 |
Њу Орлеанс |
| 8 |
Војдан Стојановски |
бек |
1,94 |
9 декември 1987 |
Скопје |
| 9 |
Дамјан Стојановски |
бек |
1,93 |
9 декември 1987 |
Скопје |
| 10 |
Марко Симоновски |
бек |
1,90 |
28 јуни 1989 |
Скопје |
| 11 |
Тодор Гечевски |
крилен центар |
2,08 |
28 август 1977 |
Кавадарци |
| 12 |
Перо Антиќ |
крилен центар |
2,10 |
29 јули 1982 |
Скопје |
| 13 |
Ивица Димчевски |
бек |
1,92 |
27 јуни 1989 |
Скопје |
| 14 |
Ѓорѓи Чековски |
крилен центар |
2,02 |
11 декември 1979 |
Скопје |
| 15 |
Предраг Самарџиски |
центар |
2,15 |
11 април 1986 |
Скопје |
|
Олимписки квалификациски турнир 2012 [уреди]
Составот на репрезентацијата на олимпискиот квалификациски турнир во Венецуела во 2012 бил:[6]:
|
Име и презиме |
Позиција |
Висина |
Датум на раѓање |
Место на раѓање |
| 4 |
Александар Костоски |
бек |
1,86 |
5 март 1987 |
Скопје |
| 5 |
Владо Илиевски |
бек |
1,87 |
19 јануари 1980 |
Струмица |
| 6 |
Дарко Соколов |
бек |
1,90 |
8 мај 1986 |
Кочани |
| 7 |
Лестер Бо Мекејлеб |
бек |
1,83 |
4 мај 1985 |
Њу Орлеанс |
| 8 |
Војдан Стојановски |
бек |
1,94 |
9 декември 1987 |
Скопје |
| 9 |
Дамјан Стојановски |
напад |
1,93 |
9 декември 1987 |
Скопје |
| 10 |
Марко Симоновски |
напад |
1,92 |
28 јуни 1989 |
Скопје |
| 11 |
Тодор Гечевски |
центар |
2,10 |
28 август 1977 |
Кавадарци |
| 12 |
Перо Антиќ |
напад |
2,11 |
29 јули 1982 |
Скопје |
| 13 |
Кирил Николовски |
напад |
2.11 |
9 јуни 1988 |
Скопје |
| 14 |
Ѓорѓи Чековски |
напад |
2,02 |
11 декември 1979 |
Скопје |
| 15 |
Предраг Самарџиски |
центар |
2,15 |
11 април 1986 |
Скопје |
|
|
|
Поранешни играчи [уреди]
Некои поуспешни поранешни кошаркари се:
|
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
Македонски спортски репрезентации
|
|
| Фудбал |
|
|
| Кошарка |
|
|
| Ракомет |
|
|
| Ракомет на плажа |
|
|
| Одбојка |
|
|
| Ватерполо |
|
|
| Пливање |
|
|
| Атлетика |
|
|
| Бадминтон |
|
|
| Карате |
|
|
| Куглање |
|
|
| Шах |
|
|
|
|
|
|
|
|
| Стандардни играчи |
|
|
|
| Тренери |
|
|
|
|
|
|
|
|
| Стандардни играчи |
|
|
|
| Тренери |
|
|
| Останати играчи |
|
|
|
|
|
|
|
|
| Стандардни играчи |
|
|
|
| Тренери |
|
|
| Останати играчи |
|
|
|
|
|