Бо Мекејлеб

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лестер Мекејлеб)
Скокни на: содржини, барај


Лестер Мекејлеб
Lester McCalebb
Прекар(и) „Бо“, „Бошко“, „Борче“, „МекГалеб“
Позиција бек
Висина 1,83 м
Тежина 82 кг
Лига Серија A,
Евролига
Екипа Монтепаски Сиена
Број 4
Роден 4 мај 1985 (1985-05-04) (27 г.)
Њу Орлеанс, САД
Националност Американец
Македонец
Колеџ Универзитет на Њу Орлеанс
Драфт недрафтуван
Проф. кариера 2008–
Натпрев. историја КК Мерсин (2008–09)
КК Партизан (2009-10)
KK Монтепаски Сиена (2010- )

Лестер „Бо“ Мекејлеб (англ. Lester "Bo" McCalebb, р. 4 мај 1985, Њу Орлеанс, САД) е професионален македонски кошаркар од американско потекло.

Моментално настапува за Монтепаски Сиена. Учел во Пери Вокер во Њу Орлеанс. Додека студирал играл кошарка за екипата на Њу Орлеанс Приватиерс, цели 5 години.

Содржина

[уреди] Професионална кариера

МекКејлеб ја помина сезоната 08/09 во Турција и беше успешен во КК Мерсин со 17,4 поени и 4,6 асистенции на натпревар. Исто така беше лидер на украдени топки во Турската лига таа сезона. на 16 октомври 2009 потпиша за КК Партизан од Белград. Имаше успешна сезона во КК Партизан водејќи ги до Фајнал Фор на Евролигата. Во јуни 2010 потпиша тригодишен договор со Монтепаски Сиена. Во првата сезона во Италија имаше уште поголеми успеси, повторно го одведе својот тим во Фајнал Фор на Евролигата. Поради неговата константно одлична игра се смета за еден од најблескавите плејмејкери во европската кошарка.

[уреди] Македонска репрезентација

Мекејлеб одлучи да игра за репрезентацијата на Македонија, и притоа доби македонски пасош. Тој е клучниот играч во нашата екипа заедно со капитенот Перо Антиќ и Тодор Гечевски. Македонскиот МВП како што го нарекуваат Македонците е втор стрелец за квалификациите за европското првенство во Литванија оваа година. Се покажа како неверојатен играч во мечот против Велика Британија против НБА ѕвездата Луол Денг.

[уреди] ЕвроБаскет 2011

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Евробаскет 2011.

На 1 септември 2011 постигна 19 поени со кои го заслужил епитетот „играч на мечот“ во кој Македонија ја победи Хрватска. На 3 септември 2011 против Грција постигна 27 поени во победата на Македонија со 72-58, 18 против Финска во победата со 72-70 и 22 поени бротив Босна и Херцеговина. Потоа на 8 септември (Ден на независноста на Македонија) постигнува 19 поени за македонската победа над Словенија, и 16 во драматичниот пораз од Русија. На 14 септември, Македонија ја порази домаќинската екипа на Литванија со што репрезентацијата се пласираше во полуфиналето на ЕвроБаскет. Мекејлеб постигна 23 поена. Досегашниот просек му е 21 поени, 4 асистенции, 3 украдени топки и 3 скока по натпревар.

[уреди] Награди

[уреди] Тимски

  • Јадранска лига:1
Партизан Белград: 2009-2010
  • Шампионат на Србија:1
Партизан Белград: 2009-2010
  • Куп на Србија: 1
Партизан Белград: 2010
  • Фајнал Фор на Евролига: 2
Партизан Белград: 2009-2010
Монтепаски Сиена: 2010-2011
  • Supercoppa di pallacanestro.svg Суперкуп на Италија: 1
Монтепаски Сиена: 2010
  • Куп на Италија: 1
Монтепаски Сиена: 2011
  • Scudetto.svg Шампионат на Италија: 1
Монтепаски Сиена: 2011

[уреди] Индивидуални

  • FIP најдобар играч на италијанскиот суперкуп: 1
Монтепаски Сиена: 2011
  • FIP најдобар играч во финале во машка кошарка: 1
Монтепаски Сиена: 2011

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Извори

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици