Бо Мекејлеб

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лестер Бо Мекејлеб)
Лестер Мекејлеб
Lester McCalebb
Прекар(и)„Бо“, „Бошко“, „Борче“, „МекГалеб“,"ТурБО"
Позицијабек
Висина1,83 м
Тежина82 кг
ЛигаСерија A,
Евролига
КлубМонтепаски Сиена
Број4
Роден4 мај 1985(1985-05-04)(38 г.)
Њу Орлеанс, САД
НационалностАмериканец
Македонец
ФакултетУниверзитет на Њу Орлеанс
Проф. кариера2008–
Клубови
КК Мерсин (2008–09)
КК Партизан (2009-10)
KK Монтепаски Сиена (2010-12)
КК Фенербахче Улкер (2012-14)
ФK Баерн Минхен (кошарка) (2014-)
Репрезентација
Награди
  • Најдобар кошаркар во странство за 2011 година[1][2][3]
Инфо од: 06.07.2017.

Лестер „Бо“ Мекејлеб (англ. Lester "Bo" McCalebb, р. 4 мај 1985, Њу Орлеанс, САД) — професионален македонски кошаркар од американско потекло.

Учел во Пери Вокер во Њу Орлеанс. Додека студирал играл кошарка за екипата на Њу Орлеанс Приватиерс, цели 5 години.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

МекКејлеб ја поминал сезоната 08/09 во Турција и бил успешен во КК Мерсин со 17,4 бода и 4,6 асистенции на натпревар. Исто така бил водач на украдени топки во Турската лига таа сезона. На 16 октомври 2009 потпишал за КК Партизан од Белград. Имал успешна сезона во КК Партизан водејќи го тимот до Фајнал Фор на Евролигата. Во јуни 2010 потпишал тригодишен договор со Монтепаски Сиена. Во првата сезона во Италија имал уште поголеми успеси, повторно го одвел својот тим во Фајнал Фор на Евролигата. Поради неговата константно одлична игра се смета за еден од најблескавите плејмејкери во европската кошарка.

Летото 2012 Сан Антонио Спарс биле заинтересирани да го земат во своите редови, но не можеле да постигнат договор со тогашниот клуб Монтепаски за кој Мекејлеб настапувал од 2010 година. Во Јули 2014 го раскинал 3 годишниот договор со КК Фенербахче Улкер за кој настапувал од Август 2012, по што станал слободен играч на пазарот. На 19 ноември 2014 потпишал 1 месечен пробен договор со ФК Баерн Минхен (кошарка), каде тренер му е Светислав Пешиќ и ќе настапува во AUDI dome во Минхен, спортски објект со капацитет од 6700 седишта.

Македонска репрезентација[уреди | уреди извор]

Мекејлеб одлучи да игра за репрезентацијата на Македонија, и притоа доби македонски пасош. Тој е клучниот играч во нашата екипа заедно со капитенот Перо Антиќ и Тодор Гечевски. Македонскиот МВП како што го нарекуваат Македонците е втор стрелец за квалификациите за европското првенство во Литванија оваа година. Се покажа како неверојатен играч во мечот против Велика Британија против НБА ѕвездата Луол Денг.

ЕвроБаскет 2011[уреди | уреди извор]

На 1 септември 2011 постигна 19 бода со кои го заслужил епитетот „играч на мечот“ во кој Македонија ја победи Хрватска. На 3 септември 2011 против Грција постигна 27 бода во победата на Македонија со 72-58, 18 против Финска во победата со 72-70 и 22 бода бротив Босна и Херцеговина. Потоа на 8 септември (Ден на независноста на Македонија) постигнува 19 бода за македонската победа над Словенија, и 16 во драматичниот пораз од Русија. На 14 септември, Македонија ја порази домаќинската екипа на Литванија со што репрезентацијата се пласираше во полуфиналето на ЕвроБаскет. Мекејлеб постигна 23 бода. Досегашниот просек му е 21 бод, 4 асистенции, 3 украдени топки и 3 скока по натпревар.

Награди[уреди | уреди извор]

Тимски[уреди | уреди извор]

  • Јадранска лига:1
Партизан Белград: 2009-2010
  • Првенство на Србија:1
Партизан Белград: 2009-2010
  • Куп на Србија: 1
Партизан Белград: 2010
  • Фајнал Фор на Евролига: 2
Партизан Белград: 2009-2010
Монтепаски Сиена: 2010-2011
  • Суперкуп на Италија: 1
Монтепаски Сиена: 2010
  • Куп на Италија: 1
Монтепаски Сиена: 2011
  • Првенство на Италија: 1
Монтепаски Сиена: 2011

Поединечни[уреди | уреди извор]

  • FIP најдобар играч на италијанскиот суперкуп: 1
Монтепаски Сиена: 2010
  • FIP најдобар играч во финале во машка кошарка: 2
Монтепаски Сиена: 2011, 2012

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Хет-трик на семејството Стојановски“. dnevnik.mk. 25 декември 2011. Посетено на 6 јули 2017.[мртва врска]
  2. „Војдан Стојановски и Елена Раденковиќ се кошаркари на годината“. dw.com. 25 декември 2011. Посетено на 6 јули 2017.
  3. „Војдан Стојановски и Елена Раденковиќ кошаркари на годината“. kajgana.com. 25 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-15. Посетено на 6 јули 2017.