Бо Мекејлеб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лестер Мекејлеб
Lester McCalebb
Прекар(и) „Бо“, „Бошко“, „Борче“, „МекГалеб“,"ТурБО"
Позиција бек
Висина 1,83 м
Тежина 82 кг
Лига Серија A,
Евролига
Екипа Монтепаски Сиена
Број 4
Роден 4 мај 1985 (1985-05-04) (29 г.)
Њу Орлеанс, САД
Националност Американец
Македонец
Колеџ Универзитет на Њу Орлеанс
Драфт недрафтуван
Проф. кариера 2008–
Натпрев. историја КК Мерсин (2008–09)
КК Партизан (2009-10)
KK Монтепаски Сиена (2010-12)
КК Фенербахче Улкер (2012-14)
ФK Баерн Минхен (кошарка) (2014-)

Лестер „Бо“ Мекејлеб (англ. Lester "Bo" McCalebb, р. 4 мај 1985, Њу Орлеанс, САД) е професионален македонски кошаркар од американско потекло.

Учел во Пери Вокер во Њу Орлеанс. Додека студирал играл кошарка за екипата на Њу Орлеанс Приватиерс, цели 5 години.

Професионална кариера[уреди]

МекКејлеб ја поминал сезоната 08/09 во Турција и бил успешен во КК Мерсин со 17,4 поени и 4,6 асистенции на натпревар. Исто така бил лидер на украдени топки во Турската лига таа сезона. На 16 октомври 2009 потпишал за КК Партизан од Белград. Имал успешна сезона во КК Партизан водејќи го тимот до Фајнал Фор на Евролигата. Во јуни 2010 потпишал тригодишен договор со Монтепаски Сиена. Во првата сезона во Италија имал уште поголеми успеси, повторно го одвел својот тим во Фајнал Фор на Евролигата. Поради неговата константно одлична игра се смета за еден од најблескавите плејмејкери во европската кошарка.

Летото 2012 Сан Антонио Спарс биле заинтересирани да го земат во своите редови, но не можеле да постигнат договор со тогашниот клуб Монтепаски за кој Мекејлеб настапувал од 2010 година. Во Јули 2014 го раскинал 3 годишниот договор со КК Фенербахче Улкер за кој настапувал од Август 2012, по што станал слободен играч на пазарот. На 19 Ноември 2014 потпишал 1 месечен пробен договор со ФК Баерн Минхен (кошарка), каде тренер му е Светислав Пешиќ и ќе настапува во AUDI dome во Минхен, спортски објект со капацитет од 6700 седишта.

Македонска репрезентација[уреди]

Мекејлеб одлучи да игра за репрезентацијата на Македонија, и притоа доби македонски пасош. Тој е клучниот играч во нашата екипа заедно со капитенот Перо Антиќ и Тодор Гечевски. Македонскиот МВП како што го нарекуваат Македонците е втор стрелец за квалификациите за европското првенство во Литванија оваа година. Се покажа како неверојатен играч во мечот против Велика Британија против НБА ѕвездата Луол Денг.

ЕвроБаскет 2011[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Евробаскет 2011.

На 1 септември 2011 постигна 19 поени со кои го заслужил епитетот „играч на мечот“ во кој Македонија ја победи Хрватска. На 3 септември 2011 против Грција постигна 27 поени во победата на Македонија со 72-58, 18 против Финска во победата со 72-70 и 22 поени бротив Босна и Херцеговина. Потоа на 8 септември (Ден на независноста на Македонија) постигнува 19 поени за македонската победа над Словенија, и 16 во драматичниот пораз од Русија. На 14 септември, Македонија ја порази домаќинската екипа на Литванија со што репрезентацијата се пласираше во полуфиналето на ЕвроБаскет. Мекејлеб постигна 23 поена. Досегашниот просек му е 21 поени, 4 асистенции, 3 украдени топки и 3 скока по натпревар.

Награди[уреди]

Тимски[уреди]

  • Јадранска лига:1
Партизан Белград: 2009-2010
  • Шампионат на Србија:1
Партизан Белград: 2009-2010
  • Куп на Србија: 1
Партизан Белград: 2010
  • Фајнал Фор на Евролига: 2
Партизан Белград: 2009-2010
Монтепаски Сиена: 2010-2011
  • Supercoppa di pallacanestro.svg Суперкуп на Италија: 1
Монтепаски Сиена: 2010
  • Куп на Италија: 1
Монтепаски Сиена: 2011
  • Scudetto.svg Шампионат на Италија: 1
Монтепаски Сиена: 2011

Индивидуални[уреди]

  • FIP најдобар играч на италијанскиот суперкуп: 1
Монтепаски Сиена: 2010
  • FIP најдобар играч во финале во машка кошарка: 2
Монтепаски Сиена: 2011, 2012

Надворешни врски[уреди]

Извори[уреди]