Предраг Самарџиски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Предраг Самарџиски
ПозицијаЦентар
Висина2,15 м
Тежина125 кг
ЛигаПрва српска лига
КлубОКК Белград
Роден11 април 1986(1986-04-11)(37 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Драфт2008 / Не драфтуван
Проф. кариера2004–
Клубови
2004–2005Партизан
2005–2010ФMП
2010–2011Ескишехир (Олин Едрене)
2011–2013Лијетувос Ритас
2013Црвена Ѕвезда
2013–2014Мерсин
2014ТЕД Анкара
2014–2015МЗТ Аеродром
2015Мега
2015–2016Бујукчекмеџе
2017–2018Мега
2019МЗТ Аеродром
2019-2021ЕуроНикел 2005
2021–2022Самсунспор
2022-денесОКК Белград
Репрезентација

Предраг Самарџиски (р. 11 април 1986 во Скопје) — македонски кошаркар и член на ОКК Белград. Тој е висок 215 см и тежок 125 кг, а игра на позицијата центар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Предраг Самарџиски е син на познатите кошаркари Бобан и Рената Самарџиски, негова сестра е Бојана Самарџиска, која исто така е репрезентативка на Македонија. Самарџиски настапувал за сите младински репрезентации на Македонија.

Женет е со белграѓанката Тамара Самарџиски (родена Абрамовиќ) со која на 7 мај 2018 ја добиваат ќерката Зара.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Во својата професионална кариера, Самарџиски настапувал за повеќе клубови, како: КК Партизан (2004-2005), ФМП Железник и Црвена ѕвезда од Србија, (2005-2009), КК Олин (2010-2011), Литувос Ритас од Литванија и МЗТ Аеродром. Во сезоната 2014/2015, Самарџиски играл за МЗТ Аеродром, а по завршувањето на Европското првенство, во септември 2015 година, потпишал кусорочен договор со српскиот клуб „Мега лекс“.[1]

Во јануари 2019 година, односно за време на полусезоната од сезоната 2018/19, Самарџиски по вторпат го облекол дресот на МЗТ Аеродром. Првата полусезона бил слободен агент.[2][3] Таа сезона, Самарџиски со МЗТ го освои македонското првенство.

Потоа кариерата ја продолжи во турската лига во тимот на Самсунспор сѐ до 2021 година.

Истата 2021 година потпиша за тимот на ЕуроНикел 2005 кој е во првата Македонска лига со кој играа во плејофот.

Оваа 2022 година се врати во Првата српска лига во тимот ОКК Белград.

Репрезентативни настапи[уреди | уреди извор]

Со репрезентацијата на Македонија, Самарџиски играл на Европските првенства во 2009, 2011 и 2013 година, по што се повлекол од натамошните настапи за репрезентацијата. Сепак, во јуни 2015 година, тој повторно се вратил во репрезентацијата[4] и настапил на Европското првенство, во групата во Загреб. За време на завршниот турнир 2015, Самарџиски бил шестиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 36 бода на пет натпревари (7,2 по натпревар).[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Самарџиски потпиша за Мега лекс“, Дневник, година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 22.
  2. „Самарџиски се врати во МЗТ“. ekipa.mk. 6 јануари 2019. Посетено на 6 јануари 2019.
  3. „Самарџиски повторно во дресот на МЗТ“. sportmedia.mk. 6 јануари 2019. Посетено на 6 јануари 2019.
  4. „Самарџиски се враќа во репрезентацијата“, Дневник, година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 26.
  5. Accumulated Stats Архивирано на 10 септември 2015 г. eurobasket2015.org