Ивица Димчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивица Димчевски
ПозицијаБек
Висина1,95 м
Тежина93 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубГостивар
Број24
Роден27 јули 1989(1989-07-27)(34 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2007–
Клубови
2007–2010Вардар
2010–2012Торус
2012–2014Куманово
2014–2016Работнички
2016Струмица
2017Кожув
2017-Гостивар
Репрезентација
Инфо од: 12.06.2018.

Ивица Димчевски (роден 27 јуни 1989 во Скопје) — македонски кошаркар и бивш репрезентативец. Тој игра на бековската позиција во КК Еуро Никел 2005.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Димчевски својата кошаркарска кариера ја започнал во 2007 година во екипата на КК Вардар од Скопје. Во тимот на Вардар се задржал две сезони, а потоа се преселил во тимот на Торус каде настапил две сезони,[1] односно сè до распадот на клубот. Во 2012 година Ивица потпишал за Куманово, каде бил еден од главните столбови на играта. Пред почетокот на сезоната 2013/2014 година, Димчевски се здобил со тешка повреди, при што морал да паузира неколку месеци од кошарката.[2][3] Во март 2014 година, Ивица Димчевски го напуштил КК Куманово.[4] За сезоната 2014/15, Ивица Димчевски потпишал за Работнички.[5][6] Во 2015 година, со Работнички го освоил Купот на Македонија.[7][8] Со истата екипа, тој стигнал до полуфиналето во Првенството 2014/2015.[9][10] Во сезоната 2015/16, за време на последните тренинзи пред натпреварот од третото коло, Ивица Димчевски ги скинал лигаментите на коленото и лекарските прегледи потврдиле дека ќе ја пропушти целата сезона.[11][12][13][14] За сезоната 2016/17, Димчевски потпишал за Струмица.[15] Во јануари 2017 година, Димчевски се преместил во Кожув.[16] Во август 2017 година Димчевски потпишал за новиот прволигаш Гостивар.[17] За сезоната 2018/19, Димчевски продолжил во редовите на Гостивар.[18][19] Димчевски и Гостивар, во јули 2019 година, се договориле за уште една сезона.[20] За сезоната 2020/21, во средината на јуни 2020 година, тој потпишал двегодишен договор со кој ја продолжил соработката со Гостивар.[21][22]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Ивица Димчевски со Кошаркарската репрезентација на Македонија го освоил четвртото место на Европското Првенство кое се одржало во Литванија.[23] Ивица бил во поширокиот состав за предолимписките квалификации во Каракас.[24][25] Во 2014 година, Ивица учествувал со репрезентацијата во квалификациите за Евробаскетот 2015,[26] при што обезбедиле пласман.[27][28] Но во летото 2015 година, за време на подготовките Димчевски отпаднал од националниот состав.[29][30][31]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Дебитантска петорка на сезоната 2007/08[32]
  • Најдобар млад кошаркар за 2009 година[33]
  • Eurobasket.com - избран во втората најдобра петорка од лигата 2012/13
  • Eurobasket.com - избран во најдобрата домашна петорка од лигата 2012/13
  • Почесно споменување во сезоната 2017/18[34]
  • Почесно споменување во сезоната 2019/20[35]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Регистрирани играчи: Прва лига мажи - сезона 2011/12“ (PDF). Македонска кошаркарска федерација преку web.archive.org. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-08-10. Посетено на 19 јуни 2020.
  2. „Бизарна повреда на Ивица Димчевски“. ekipa.mk. 1 септември 2013.[мртва врска]
  3. „Димчевски опериран, следува рехабилитација“. idividi.com.mk. 4 септември 2013.
  4. „Заминаа Димчевски, Станимировиќ и Радуловиќ – нов капитен на КК Куманово е Урош Луковиќ“. kumanovskimuabeti.mk. 11 март 2014.[мртва врска]
  5. „Нов репрезентативец во Работнички, потпиша и Ивица Димчевски“. ekipa.mk. 6 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2016-05-13. Посетено на 2015-02-07.
  6. „Репрезентативецот Димчевски и официјално потпиша за Работнички!“. sportmedia.mk. 6 септември 2014.[мртва врска]
  7. Витрините во „Градски парк“ повторно се полнат Архивирано на 6 мај 2015 г. ekipa.mk 22 февруари 2015
  8. Центарска журка во Аеродром: Работнички доминантно до деветтиот пехар во Купот на Македонија! sportmedia.mk 22 февруари 2015
  9. Работнички на колена, Куманово е во финалето! Архивирано на 25 мај 2015 г. ekipa.mk 24 мај 2015
  10. Центарци „изгореа“: Куманово го „згази“ Работнички и се избори за втора шанса за прва титула! sportmedia.mk 24 мај 2015
  11. Удар за Работнички: Димчевски ги скина лигаментите Архивирано на 29 октомври 2015 г. ekipa.mk 27 октомври 2015
  12. Димчевски повторно ги скина лигаментите на коленото Архивирано на 5 март 2016 г. sport.com.mk 27 октомври 2015
  13. Димчевски ги скина лигаментите, ја пропушта цела сезона! Архивирано на 5 март 2016 г. vecer.mk 27 октомври 2015
  14. Димчевски ги скина лигаментите на коленото Архивирано на 5 март 2016 г. derbi.mk 27 октомври 2015
  15. „Димчевски продолжува со Струмица“. sportmedia.mk. 6 октомври 2016. Посетено на 10 октомври 2016.
  16. „Димчевски продолжува во Кожув“. sportmedia.mk. 1 февруари 2017. Посетено на 1 февруари 2017.
  17. „Димчевски: Го избрав Гостивар поради сериозноста на проектот“. ekipa.mk. 7 август 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  18. „Гостивар ги потпиша и Димчевски и Сегариќ“. ekipa.mk. 16 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  19. „Димчевски и Сегариќ парафираа нови договори со Гостивар“. sportmedia.mk. 16 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  20. „Димчевски и Костовски остануваат во Гостивар“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 19 јули 2019. Посетено на 20 јули 2019.
  21. „Гостивар ги задржува најдобрите, Димчевски останува уште две години“. gol.mk преку web.archive.org. 15 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-15. Посетено на 15 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  22. „Ивица Димчевски останува во Гостивар уште две сезони“. ekipa.mk преку web.archive.org. 15 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-15. Посетено на 15 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  23. „Македонија ги пречека момците со златно срце“. ilike.mk. 19 септември 2011.
  24. „Објавен списокот на кошаркари кои ќе се подготвуваат за олимписките квалификации“. hitportal.com.mk. 24 април 2012. Архивирано од изворникот на 2015-03-29. Посетено на 2015-02-07.
  25. „Македонските кошаркари во борба за Олимпијада“. kirilica.com.mk. 25 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-13. Посетено на 2015-02-07.
  26. „Денеска прва прозивка на репрезентацијата, на списокот на селекторот Џикиќ е и Перо Антиќ“. republika.mk. 1 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-17. Посетено на 2015-02-07.
  27. „Белорусите не ни се дораснати, Македонија е дел од Евробаскет 2015“. ekipa.mk. 27 август 2014.[мртва врска]
  28. „МАКЕДОНИЈА СО ПОБЕДА НАД БЕЛОРУСИЈА ДО НАСТАП НА ЕП“. telma.com.mk. 27 август 2014.
  29. „Србиновски го „избриша" Димчевски“. ekipa.mk. 7 август 2015. Архивирано од изворникот на 2015-08-09. Посетено на 2015-09-23.
  30. „Димчевски и Крстевски се првите „избришани" од списокот на селекторот Србиновски!“. sportmedia.mk. 7 август 2015.
  31. „Димчевски не патува на ЕП“. republika.mk. 7 август 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-09-23.
  32. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  33. „Тони Симиќ е кошаркар на годината“. vest.com.mk преку archive.li. 9 февруари 2010. Архивирано од изворникот на 2015-02-27. Посетено на 26 февруари 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  34. „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.
  35. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]