Македонски пасош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски пасош
Предни корици на петте варијанти на македонскиот биометриски пасош
Предни корици на петте варијанти на македонскиот биометриски пасош
Првата страница на македонски биометриски пасош
Првата страница на македонски биометриски пасош
Издава  Македонија
Тип пасош
Намена препознавање
Услови за добивање македонско државјанство
Истек 5 години за возраст до 27 г, 10 години за лица на 27 г. и постари. 2 години за деца до 4 г.

Македонскиот пасош е патна исправа која се издава на граѓаните на Република Македонија со цел да послужи за меѓународно патување. Важноста на пасошот е 5 години за лица под 27 години, и 10 години за лица над 27 години. За деца под четири години важноста на пасошот е ограничена на две години. Македонските пасоши се придржуваат кон препорачаните стандарди (т.е., големина, композиција, изглед, технологија) на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (IATA). Најновите македонски пасоши се биометриски пасоши.

Видови пасош[уреди | уреди извор]

Пасош Намена Важност
обичен пасош
тип А
обичен пасош кој се издава на сите државјани на Македонија. 10 години
лица над 27 год.
2300 ден.

5 години
4-27 год.
1700 ден.

2 години
0-4 год.
1600 ден.
обичен пасош
тип Б
обичен пасош со дополнителен натпис на албански јазик кој се издава по барање на подносителот.
дипломатски
пасош
се издава на службеници во МНР со дипломатски статус, дипломатски претставници, високи избрани и именувани лица и останати лица определени со закон. 5 години
службен
пасош
се издава на службеници во МНР кои немаат дипломатски статус, државни советници, раководни лица со посебни овластувања или задолжени за меѓународна соработка. 5 години
пасош
за странец
се издава на странски државјанин за напуштање на државата, кој за време на престојот во Македонија го има изгубено својот пасош, а нивната држава нема ДК претставништво. 1 месец

Визен режим за носителите на македонски пасош[уреди | уреди извор]

Визен режим на Република Македонија со други држави, специјални административни региони и субјекти и територијални власти непризнати како држави.

Визен режим за државите во светот

Европа[уреди | уреди извор]

Африка[уреди | уреди извор]

  •  Боцвана 90 дена
  •  Зелен ’Рт (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Комори (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Џибути 1 месец (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Кенија 3 месеци (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Мадагаскар 90 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Мозамбик 30 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Танзанија 3 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Того 7 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Тунис 3 месеци
  •  Уганда 3 месеци (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Зимбабве 3 месеци (визата се издава при пристигнувањето)

Америка[уреди | уреди извор]

Азија[уреди | уреди извор]

  •  Бангладеш 90 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Камбоџа 30 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Хонгконг- спец. административен регион на НР Кина 14 дена
  •  Иран 3 месеци [1] Архивирано на 20 февруари 2021 г.
  •  Израел 3 месеци [2]
  •  Јапонија 3 месеци Јапонија 3м
  •  Лаос 30 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Либан 3 месеци (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Макао 30 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Малезија 1 месец
  •  Малдиви 30 дена
  •  Монголија (визата се издава при пристигнувањето)
  •    Непал 60 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Оман 1 месец (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Сингапур 30 дена
  •  Шри Ланка 30 дена
  •  Сирија 15 дена (визата се издава при пристигнувањето)
  •  Источен Тимор 30 дена (визата се издава при пристигнувањето)

Океанија[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Македонските пасоши 1991 - денес
Новите биометриски пасоши со изменетиот македонски грб

Дизајнот и содржината на македонските пасоши се менувале со текот на годините. Првите пасоши биле издадени во 1991 и биле сини со натпис со сребрена боја, без македонскиот државен грб. Втората генерација на македонски пасоши имала златен натпис на корицата, а третата генерација го содржела и грбот на државата. Првите три генерации имале напишано само „Република Македонија“ и соодветниот превод на англиски „Republic of Macedonia“ на корицата.

Најновите, пасошите од четвртата генерација ја промениле својата боја во црвена, а исто така бил додаден и францускиот превод на официјалното име на републиката - „Republique De Macedoine“, како и натписот „Passeport“ под државниот грб. Пасошот е биометрички и содржи РФИД. Намената на овие чипови е складирање на биометрички и други податоци, кои може да се прочитаат од чипот. Издадените небиометрички се важечки сѐ до датумот на истекување на нивната важност.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

Предлошка:Пасоши