Спортски центар Борис Трајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Координати: Erioll world.svg 42°0′20.64″N, 21°25′32.13″E

Спортски центар
„Борис Трајковски“
Надворешен изглед на салата

Место Скопје, Македонија
Започнат 2003
Отворен 2008
Сопственик Град Скопје
Играат/ле Kошаркарска репрезентација (мажи и жени), Ракометна репрезентација (мажи и жени), Одбојкарска репрезентација (мажи и жени)
Гледачи 8000¹
¹6,000 фиксни и дополнителни 2,000 мобилни седишта [1]

Спортски центар „Борис Трајковски“ е најголемата мултифункционална спортска сала во Македонија. Именувана е по покојниот македонски претседател Борис Трајковски. Нејзиното свечено отварање било на 22 мај кога настапиле кошаркарските егзибионисти Харлем Глоубтротерс. Салата има капацитет од 6,000 гледачи со дополнителни 2,000 мобилни седишта за максимален капацитет од 8.000 места. Салата беше домаќин на Европското првенство во ракомет за жени одржано во 2008. Таа е исто така дом на повеќе македонски национални репрезентации.

Технички спецификации[уреди]

Повеќенаменската сала “Борис Трајковски” е и најкомплексниот спортски објект што некогаш се изградил во Македонија. Во неа постојат две сали, една поголема која е и главна со максимален капацитет од 8.000 (за кошаркарски натпревари) и 10.000 за концерти и други културни манифестации, како и една помала со капацитет од 500 седишта која може да се користи за тренинзи и за помали натпревари. Комплексот располага со опрема и со реквизити за сите спортови што се играат во него, а е приспособен во него да се одржуваат и музички, културни и други манифестации. Мултифункционалноста на објектот се надополнува со изградбата на сауна, фитнес сала, кугларница, амбуланта и други. Во склоп на салата се наоѓаат и деловни простории во кои е сместено претпријатието што ја управува салата, а предвидени се и два ресторани и кафулиња, како и простори за продавници.[2]|[3]

Историја[уреди]

Салата започнала да се гради на почетокот на 2004, а инвеститор бил Град Скопје. Таа била најавувана како еден од капиталните проекти на поранешниот градоначалник Ристо Пенов. Првичниот рок што си го поставиле градските власти за завршување на изградбата бил една година, но тој бил повеќекратно пробиен поради проблемите кои се појавувалее при изградбата. Уште на почетокот, додека се копале темелите, избиле подземни води и целото градилиште се поплавило. Тоа донело дополнителни трошоци од околу еден милион евра На неколку наврати градската каса останувала без доволно средства, што довело неколку пати свечено да биде одбележувано продолжувањето на градежните работи по повторното изнаоѓање на материјални средства. По доаѓањето на Трифун Костовски на градоначалничката функција на Град Скопје, градот започнал преговори со Владата да го предаде објектот во нивна јурисдикција. Преговорите се воделе уште со претходната влада и завршиле безуспешно, по што во февруари 2007 градот и Владата потпишале договор за примопредавање. Било формирано заедничкото друштво „Борис Трајковски” кое раководи со објектот, и секој од инвеститорите добил соодветен број акции во него, според парите што ги вложил или што ќе треба да ги вложи во изградбата.

Дополнително се направени измени во вентилацискиот систем кој сега е способен да овозможува непречена вентилација за 10.000 посетители.

Галерија[уреди]

Белешки[уреди]

  • а  Капацитетот на салата дополнително беше зголемен во март 2009 година.На источната трибина беше изградена монтажна трибина од 250 седишта.