Перо Блажевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Перо Блажевски
ПозицијаБек / Крило (како играч)
Тренер
Висина1,99 м
Тежинакг
КлубРаботнички (младински екипи)
Роден28 септември 1972(1972-09-28)(51 г.)
СкопјеСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1990–2013
Клубови
Како играч:
1990-1995Работнички
1995-1997МЗТ Аеродром
1997-1998Работнички
1998-2000МЗТ Аеродром
2000-2001Никол Ферт
2001-2002Куманово
2002-2003Луситанија
2003-2004Сигал Приштина
2004-2005Хелиос Домжале
2005-2006Сигал Приштина
2006-2007Кастриоти Феризај
2007-2008Вардар
2008-2009МЗТ Аеродром
2009-2010Вардар Осигурување
2010-2011Работнички
2011-2012Торус
2012-2013Кожув
Како тренер:
2014–2015Струмица (помошник тренер)
2015Македонија (помошник тренер)
2015-2018Работнички (помошник тренер)
2018-2019Работнички 2018
2019-Работнички М18 и М16
Репрезентација
Инфо од: 13.04.2020.

Перо Блажевски (роден на 28 септември 1972 во Скопје) — поранешен македонски кошаркар и репрезентативец кој играл за повеќе македонски екипи како МЗТ Аеродром, Работнички, Куманово и многу други. Тој исто така бил член на Кошаркарската репрезентација на Македонија.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Блажевски сезоната 1994/95 ја поминал во Годел Работнички.[1] Следната сезона се преселил во МЗТ Аеродром и тогаш го освоил Купот 1996.

За сезоната 2010/11, Блажевски потпишал за Работнички по третпат во кариерата[2] Таа сезона, Блажевски го освоил Купот на Македонија 2011, каде и бил прогласен за најкорисен играч на финалето, а на крајот бил вицепрвак во Првенството.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

На 30 мај 1993 година, Блажевски го одиграл првиот натпревар за македонската репрезентација.[3]

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

За време на сезоната 2014/15, тој за првпат запливал во тренерските води како помошник тренер во КК Струмица.[4] На местото на Марјан Србиновски, кој претходно станал селектор на македонската репрезентација, Перо Блажевски го заменил него на функцијата помошник тренер во Работнички.[5] Во сезоната 2017/18, Блажевски со Работнички станал вицепрвак во Купот, додека во Првенството бил првак, за првпат како тренер. Во сезоната 2018/19, Блажевски станал тренер на "Б" екипата на Работнички, Работнички 2018, екипа која се натпреварувала во Втората лига.[6] Сезоните 2019/20 и 2020/21, бил тренер на двете младински екипи на Работнички до 18 години и на екипата до 16 години.[7][8][9]

Успеси[уреди | уреди извор]

Играчки титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Македонија Никол Ферт[уреди | уреди извор]

Србија и Црна Гора Сигал Приштина[уреди | уреди извор]

  • Суперлига на Косово (1) : 2005/06
  • Куп на Косово (1) : 2006

Македонија Вардар[уреди | уреди извор]

Тренерски титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Крило на сезоната 2006/07[10]
  • Прва најдобра петорка на сезоната 2006/07[10]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2006/07[10]
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2007/08[11]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2007/08[11]
  • Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2011[12]
  • Најдобра домашна петорка од сезоната (2011г.)[13]
  • Особен придонес во сезоната 2010/11[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. МТВ (9 април 2020). „GODEL RABOTNICKI - MZT“. канал MKD Video на Youtube. Посетено на 13 април 2020.
  2. „Работнички потпиша и со Димитровски“. gladijatori.com преку web.archive.org. 24 септември 2010. Архивирано од изворникот на 2020-04-03. Посетено на 4 април 2020.
  3. „Пред 25 години Давитков, Наумоски, Блажевски, Војновиќ првпат играа за Македонија!“. gol.mk. 30 мај 2018. Посетено на 5 јуни 2018.
  4. Перо Блажевски во стручниот штаб на КК Струмица ekipa.mk 7 октомври 2014
  5. Легендата повторно дома: Перо Блажевски ѝ се враќа на првата љубов – Работнички! sportmedia.mk 10 август 2015
  6. „Список на одобрени играчи и службени лица сезона 2018/19“ (PDF). Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. 25 јануари 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-13. Посетено на 13 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. „Список на одобрени играчи и службени лица сезона 2020/2021“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-03-13. Посетено на 13 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. „Список на одобрени играчи и службени лица сезона 2020/2021“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-03-13. Посетено на 13 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  9. „Список на одобрени играчи и службени лица сезона 2020/2021“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-03-13. Посетено на 13 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. 10,0 10,1 10,2 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2006-07“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  11. 11,0 11,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  12. Осма куп-титула за Работнички Архивирано на 10 мај 2012 г. novamakedonija.com.mk 29 март 2011
  13. 13,0 13,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]