Портал:Србија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
уреди  

С Р Б И Ј А

2006 Serbia-CIA WFB Map.png
Србија (српски: Србија или Srbija) е држава во југоисточна и средна Европа (Панонска Низина). На север Србија граничи со Унгарија, на исток со Романија и Бугарија, на југ со Македонија и Косово, на југозапад со Црна Гора, и на запад со Босна и Херцеговина, и Хрватска.

Корените на српската држава датираат од првата половина на 9 век. Кралството Србија е основано во 11 век, а во 13 век тоа еволуира во Српска Империја. По 1918 година, Србија е основачка членка на Југославија во нејзините различни форми (Кралство Југославија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузна Република Југославија). Од 2003 таа била составен дел од државната заедница Србија и Црна Гора сè до распадот на истата на 3 мај 2006.

На територијата на Србија без автономните покраини, доминантно мнозинство се Србите (88-90%), а од националностите се застапени Ромите и Бугарите во југоисточните краеви на Србија.

уреди  

Избрана статија

Battle on Kosovo1389.jpg
Косовска битка исто така и: Битка на Косово Поле или Косовски бој (срп. Косовска битка, Бој на Косову Пољу) е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии. Според историските извори, но и народните преданија, битката се одиграла на Видовден - 15 јуни според јулијанскиот, односно на 28 јуни 1389 година според григоријанскиот календар во месноста Газиместан на Косово Поле, северно од Приштина. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија. Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. По оваа битка Османлиите го зацврстиле своето господство над централниот Балкан кое ќе го имаат сѐ до Балканските војни т.е. до 1912.
уреди  

Избрана слика

Белградска Арена (трибини)

Белградска арена е голема сала во Нов Белград наменета за спортски настани, концерти, саеми, конгреси и др. Изградена е од 1991 година, а свеченото отварање било во 2004 год. Вкупната цена на изградбата достигнала до 70 милиони евра. Комплексот се состои од голема сала, мала сала и паркинг.

уреди  

Категории


уреди  

Што можеш да направиш

Доколку се одлучите да напишете некоја статија поврзана со Србија, во случај да сметате дека истата не е потполна, ставете го шаблонот {{Србија-никулец}} на крајот на текстот. Доколку постои шаблон поврзан со темата што ја пишувате, искористете го него.

уреди  

Други портали

Албанија • Босна и Херцеговина • Бугарија • Грција • Косово • Македонија • Молдавија • Романија • Словенија • Србија • Хрватска • Црна Гора • Турција