Предраг Стојаковиќ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Предраг Стојаковиќ
Peja Stojakovic Mavs.jpg
Прекар Пеџа
Позиција Крило
Висина 208 цм
Тежина
Лига НБА
Тим Далас Маверикс
Роден 3 февруари 1968
Славонска Пожега, Југославија
Националност Србин
Професионална кариера 1992–сѐ уште
Поранешни тимови Југославија Југославија Црвена Звезда
 Грција ПАОК
Flag of the United States.svg САД Сакраменто Кингс
Flag of the United States.svg САД Индијана пејсерс
Flag of the United States.svg САД Њу Орлеанс Хорнетс
Flag of the United States.svg САД Торонто репторс
Flag of the United States.svg САД Далас маверикс
Награди Три пати учесник на Ол стар натпревар
Најкорисен играч Евробаскет 2001.
Медали
Натпреварувач за  Југославија
World Championship
Злато 2002 Indianapolis National team
European Championship
Бронза 1999 France National team
Злато 2001 Turkey National team

Предраг Стојаковиќ (роден 9 јуни 1977 год.), исто така познат по својот прекар Пеџа, е српски професионален кошаркар кој игра за НБА- тимот Далас Маверикс. Со висина од 2.08м., Стојаковиќ игра на позицијата ниско крило. Познат по своите шутирачки способности, Пеџа беше два пати победник во натпреварот за тројки на НБА Ол-стар викендот, станувајќи со тоа прв играч од Европа кој победил во еден од натпреварите на Ол-стар викендот. Во моментов, Стојаковиќ е четврти на листата на сите времиња за дадени тројки во регуларниот дел од сезоната.

Играјќи претходно за КК Црвена Ѕвезда и кошаркарскиот клуб ПАОК, Стојаковиќ беше драфтуван(избран) вкупно како 14 пик на НБА- драфтот во 1996 година од страна на Сакраменто Кингс. После две поминати сезони на клупа, Пеџа имаше пробивна сезона во 2000-01 година, постигнувајќи во просек 20.4 поени и 5.8 скока при што шутирајќи со 40% од линијата за три поени во неговата прва сезона како стартер. Пеџа заврши втор во гласањето за наградата играч со најголем напредок во 2001 година. Трикратен Ол-стар и член на втората најдобра петорка во НБА во 2004 година, Стојаковиќ уживаше во успехот со Кингс-и, достигнувајќи го конференциското финале на Западот во 2002 година. Пеџа, исто така, играше за Индијана Пејсерс, Њу Орлеанс Хорнетс и Торонто Репторс.

Стојаковиќ ја предводеше Југословенската репрезентација, освојувајќи златни медали на Европското првенство во 2001 година и ФИБА Светското првенство во 2002 гидина. Често сметан за еден од најуспешните српски кошаркари, Пеџа беше именуван за Оскар за Европски кошаркар на годината од страна на италијанскиот весник “Gazzetta dello Sport” и два пати Мистер на Европа Европски кошаркар на годината од страна на италијанскиот спортски весник Супербаскет.

Професионална кариера[уреди]

Стојаковиќ е роден од страна на српските родители, Миодраг и Бранка Стојаковиќ, во Славонска Пожега, СР Хрватска, СФР Југославија, но неговото семејство побегна во Белград за време на југословенските војни. Стојаковиќ одигра две силни сезони со српскиот гигант Црвена Ѕвезда, а го освои и националниот шампионат. Пеџа се стекна со грчко државјанство во 1993 година, кога тој се приклучи на ПАОК во Грција. Пеџа заврши втор во гласањето за наградата играч со најголем напредок во 2001 година.

ПАОК (1994-1998)[уреди]

Пеџа, како што беше наречен за време на неговиот престој во ПАОК, постигна незаборавна тројка во последната секунда против Олимпијакос во Пиреја во полуфиналната серија во грчкиот плеј-оф во 1998 година, добивајќи го натпреварот 58-55 за ПАОК. Оваа победа, со кое заврши петгодишното владеење на Олимпијакос како грчки шампион, овозможувајќи му на ПАОК да се соочи со Панатинаикос во финалната серија, иако клубот имаше недостаток на домашни натпревари и на крајот загуби во серијата(и лигата) 3-2. Стојаковиќ беше внимателно чуван во текот на серијата од неговиот иден тренер во Њу Орлеанс, Бајрон Скот, кој ја запечати својата кошаркарска кариера, како најдобар играч на Панатинаикос, и не играше на неговото нормално ниво. Во неговата последна сезона со ПАОК, Стојаковиќ имаше во просек 23.9 поени, 4.9 скокови, 2.5 асистенции и 1.2 украдени топки.

Сакраменто Кингс (1998-2006)[уреди]

2.08 метри високиот Стојаковиќ беше избран од страна на Сакраменто Кингс во првиот круг(вкупно 14 пик) на НБА- драфтот во 1996 година додека играше во Грција. Пеџа продолжи да игра таму се додека Кингс-и не потпишаа со него во сезоната 1998-99, сезона која беше скратена поради штрајкот на американските професионални кошаркари. После две поминати сезони на клупа со Сакраменто, Пеџа имаше пробивна сезона во 2000-01 година, постугнувајќи во просек 20.4 поени и 5.8 скока при што шутирајќи со 40% од линијата за три поени во неговата прва сезона како стартер. Пеџа заврши втор во гласањето за наградата играч со најголем напредок во 2001 година.

Во сезоната 2001-02, Пеџа играше на НБА Ол-стар натпреварот за прв пат. Неговиот поентерски просек се зголеми на 21.2 поени по натпревар(ппн), и тој достигна најмногу за него во кариерата, шутирајќи 48.4% прецизно и 41.6% прецизно за три поени. Неговиот поентерски просек бележи мал пад во сезоната 2002-03, постигнувајќи 19.2 ппн, но Пеџа играше повторно на Ол-стар натпреварот. Во двете сезони, Пеџа победи во натпреварот за тројки одржан за време на Ол-стар викендот.

Во сезоната 2003-04, Стојаковиќ беше повторно избран за Ол-стар, и заврши на второ место во лигата за поентирање со за него најмногу во кариерата 24.2 ппн. Пеџа го освои четвртото место во гласањето за МВП и беше избран во втората најдобра петорка во НБА. Пеџа, исто така, беше прв во процентот на погодени слободни фрлања(93.3%) и во дадени тројки во сезоната(240). Во сезоната 2004-05, Пеџа пропушти 16 натпревари поради повреда, и играше малку отежнато во неколку натпревари, но сепак во просек постигна 20.1 ппн.

Индијана Пејсерс (2006)[уреди]

На 25 јануари, 2006 година, Стојаковиќ беше разменет во Индијана Пејсерс во замена за крилото Рон Артест, завршувајќи го неговиот осумгодишен престој со “Кралевите”. Сепак, тој пропушти четири натпревари од нивниот прв круг во плеј-оф серијата со Њу Џерси Нетс, сите порази.

Њу Орлеанс Хорнетс (2006-2010)[уреди]

Во текот на летото, 2006 година, Пеџа повторно потпиша со Пејсерс, само за да биде разменет во замена за драфт-правата на Ендрју Бетс со тогашниот Њу Орлеанс/Оклахома Сити Хорнетс. На 14 ноември, 2006 година, Стојаковиќ постигна за него највисоки во кариерата 42 поени против Шарлот Бобкетс, и стана првиот играч во историјата на НБА што го отворил натпреварот со 20 едноподруго(врзани) поени за својот тим. Пеџа беше набрзо надвор од тимот во наредните неколку месеци поради повреди, вклучувајќи ја операцијата на грбот, како резултат за неговото отсуство во поголемиот дел од сезоната 2006-07.

Торонто Репторс (2010-2011)[уреди]

На 20 ноември, 2010 година, Стојаковиќ беше разменет во Торонто Репторс заедно со Џерид Бејлс во замена за Џерет Џек, Маркус Бенкс и Дејвид Андерсен. После појавувањето на само два натпревари, на 20 јануари, 2011 година, Стојаковиќ беше ослободен од страна на Репторс-и. Пеџа пропушти 26 натпревари поради повреда на левото колено.

Далас Маверикс (2011-сегашност)[уреди]

На 24 јануари, 2011 година, Пеџа потпиша договор со Далас Маверикс.

Трансфери во кариерата[уреди]

  • 26 Јуни, 1996 година: Избран како вкупно 14 пик на НБА-драфтот во 1996 година од страна на Сакраменто Кингс.
  • 15 Јуни, 1998 година: Потпишува со Сакраменто.
  • 25 Јануари, 2006 година: Разменет од Сакраменто во Индијана Пејсерс за Рон Артест.
  • 12 Јули, 2006 година: Потпишува и е разменет од страна на Индијана во тогашниот Њу Орлеанс/Оклахома Сити Хорнетс во замена за драфт-правата на Ендрју Бетс.
  • 20 Ноември, 2010 година: Разменет од страна на Њу Орлеанс во Торонто заедно со Џерид Бејлс во замена за Џерет Џек, Маркус Бенкс и Дејвид Андерсен.
  • 20 Јануари, 2011 година: Ослободен од Торонто.
  • 24 Јануари, 2011 година: Потпишува со Далас.

Меѓународна кариера[уреди]

Како член на српската репрезентација, Пеџа освои златни медали Европското првенство во 2001 година(Евробаскет), одржано во Турција, и на ФИБА Светското првенство во 2002 година, одржано во Индијанаполис, Индијана. Пеџа, исто така учествуваше на Летните Олимписки игри во 2000 година. Стојаковиќ беше МВП на Европското првенство во 2001 година, и беше член на најдобрата петорка на турнирот во Индијанаполис во 2002 година, заедно со останатите НБА-ѕвезди Ману Џинобили, Дирк Новицки и Јао Минг, како и на Нов Зеланд, Перо Камерон.

Приватен живот[уреди]

Стојаковиќ, исто така, има грчко државјанство и е во брак со грчкиот модел Алека Камила. Брачниот пар има две деца. Пеџа, исто така служел во грчката армија, обврска која мора да ја исполнуваат сите машки граѓани во Грција.

Статистика во НБА-кариерата[уреди]

ЛЕГЕНДА
ОН Одиграни натпревари ЗН Започнати натпревари МПН Минути по натпревар
 % ОП Процент од поле  % 3П Процент за три поени  % СФ Процент за слободни фрлања
СПН Скокови по натпревар АПН Асистенции по натпревар УПН Украдени топки по натпревар
БПН Блокади по натпревар ППН Поени по натпревар Bold Најмногу во кариерата

Регуларен дел од сезоната[уреди]

Година Тим ОН ЗН МПН  % ОП  % 3П  % СФ СПН АПН УПН БПН ППН
1998–99 Сакраменто 48 1 21.4 37.8% 32% 85.1% 3.0 1.5 0.8 0.2 8.4
1999–00 Сакраменто 74 11 23.6 44.8% 37.5% 88.2% 3.7 1.4 0.7 0.1 11.9
2000–01 Сакраменто 75 75 38.7 47% 40% 85.6% 5.8 2.2 1.2 0.2 20.4
2001–02 Сакраменто 71 71 37.3 48.4% 41.6% 87.6% 5.3 2.5 1.1 0.2 21.2
2002–03 Сакраменто 72 72 34.0 48.1% 38.2% 87.5% 5.5 2.0 1.0 0.1 19.2
2003–04 Сакраменто 81 81 40.3 48% 43.3% 92.7% 6.3 2.1 1.3 0.2 24.2
2004–05 Сакраменто 66 66 38.4 44.4% 40.2% 92% 4.3 2.1 1.2 0.2 20.1
2005–06 Сакраменто 31 31 37.0 40.3% 39.7% 93.3% 5.3 2.2 0.6 0.1 16.5
2005–06 Индијана 40 40 36.4 46.1% 40.4% 90.3% 6.3 1.7 0.6 0.2 19.5
2006–07 ЊО/Оклахома Сити 13 13 32.7 42.3 % 40.5% 81.6% 4.2 0.8 0.6 0.3 17.8
2007–08 Њу Орлеанс 77 77 35.2 44% 44.1% 92.9% 4.3 1.2 0.7 0.1 16.4
2008–09 Њу Орлеанс 61 59 34.2 39.9% 37.8% 89.4% 4.3 1.2 0.8 0.0 13.3
2009–10 Њу Орлеанс 62 55 31.4 40.4% 37.5% 89.7% 3.7 1.5 0.8 0.1 12.6
2010–11 Њу Орлеанс 6 0 14.8 42.4 % 44% 85.7% 1.0 1.0 0.3 0.0 7.5
2010–11 Торонто 2 0 11.0 70% 66.7% 100% 1.5 0.5 0.0 0.0 10.0
2010–11 Далас 25 13 20.2 42.9% 40% 93.8% 2.60 0.9 0.44 0.08 8.6
Вкупно 804 665 33.5 45% 40.1% 89.5% 4.7 1.8 0.9 0.1 17.0
Ол-стар 3 0 14.7 36.4% 38.5% 0% 2.0 1.0 0.3 0.0 7.0

Плеј-оф[уреди]

Година Тим ОН ЗН МПН  % ОП  % 3П  % СФ СПН АПН УПН БПН ППН
1998–99 Сакраменто 5 0 21.6 34.6% 21.4% 100% 3.8 0.4 0.6 0.0 4.8
1999–00 Сакраменто 5 0 25.8 40% 46.2% 66.7% 3.4 0.6 0.8 0.0 8.8
2000–01 Сакраменто 8 8 38.4 40.6% 34.6% 96.8% 6.4 0.4 0.6 0.4 21.6
2001–02 Сакраменто 10 7 33.8 37.6% 27.1% 89.7% 6.3 1.0 0.5 0.0 14.8
2002–03 Сакраменто 12 12 40.5 48% 45.7% 85% 6.9 2.5 0.8 0.4 23.1
2003–04 Сакраменто 12 12 43.1 38.4% 31.5% 89.7% 7.0 1.5 1.8 0.2 17.5
2004–05 Сакраменто 5 5 40.4 47% 36.7% 95.5% 5.2 1.4 0.8 0.2 22.0
2005–06 Индијана 2 2 25.5 44.4% 0.0% 85.7% 4.5 2.0 0.5 0.5 11.0
2007–08 Њу Орлеанс 12 12 37.9 43.6% 54.9% 92.6% 5.4 0.5 0.5 0.1 14.1
2008–09 Њу Орлеанс 5 5 32.4 36.7% 30.8% 92.3% 2.8 0.4 0.8 0.2 11.2
Вкупно 76 63 36.3 41.9% 37.6% 90.4% 5.7 1.1 0.8 0.2 16.2

Награди и достигнувања[уреди]

  • Најдобра петорка во НБА
  • Втора најдобра петорка: (2004)
  • Трикратен НБА Ол-стар: (2002, 2003, 2004)
  • Двократен шампион во натпревар за тројки: (2002, 2003)
  • 4-ти во историјата на НБА во процент на погодени слободни фрлања со 89.5%
  • 4-ти во историјата на НБА во дадени тројки со 1,760
  • 6-ти во историјата на НБА плеј-офот во процент на погодени слободни фрлања со 90.3%
  • 5-ти во историјата на НБА во обиди за тројки со 4,392
  • Прв играч во историјата на НБА кој стартувал со 20 врзани поени за својот тим.
  • Пеџа и Стив Неш од Феникс се единствените играчи кои беа рангирани во најдобрите 25 во процентот и на погодени слободни фрлања и на погодени тројки во текот на сезоните ’04-05’ и ’05-06’.
  • МВП во грчката лига во 1998 година
  • Ја освои наградата Европски оскар, посветена на најдобриот европски кошаркар од страна на италијанскиот весник “La Gazzetta dello Sport”.
  • Именуван за Мистер Европа играч на годината во 2001 и 2002 година од страна на италијанскиот неделник Супербаскет.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]