Марко Јариќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марко Јариќ
Марко Јариќ играјќи за Сиена Монтепаски во 2011 година.
Марко Јариќ играјќи за Сиена Монтепаски во 2011 година.
Марко Јариќ играјќи за Сиена Монтепаски во 2011 година.
Позицијабек
Висина201 см
Тежина102 кг
ЛигаСерија А
ТимМонтепаски Сиена
Роден12 октомври 1978
Националност Србин, Грк
Професионална кариера1995–сѐ уште
Поранешни тимови KK Раднички Београд (1995-96)
Перистери (1996-98)
Фортитудо Болоња (1998-00)
Виртус Болоња (2000-02)
Лос Анџелес Клиперс (2002-05)
Минесота Тимбервулфс (2005-08)
Мемфис Гризлис (2008-09)
Реал Мадрид (2009-10)
Марко Јариќ
Медали
Натпреварувач за  Југославија
World Championship
Златен медал - прво место 2002 Indianapolis National team
European Championship
Златен медал - прво место 2001 Turkey National team

Марко Јариќ (роден 12 октомври 1978 година во Белград, СР Србија, СФР Југославија) е српски пензиониран професионален кошаркар. Марко бил оженет со бразилскиот модел Адријана Лима.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Јариќ е единствениот играч кој го освоил италијанското првенство две години по ред со два различни тима. Тој го освои во 2000 година со Фортитудо Болоња и во 2001 година со Виртус Болоња.

Јариќ беше избран вкупно како 30-ти пик на НБА-драфтот во 2000 година од страна на Лос Анџелес Клиперс. Марко беше разменет на Минесота Тимбервулфс заедно со Лајонел Чалмерс од страна на Клиперс-и на 12 август 2005 година, во замена за Сем Касел и иден пик на драфтот во првата рунда. Марко беше разменет на Гризлис на 26 јуни 2008 година во зделка од осум играчи меѓу кои беа вклучени и дебитантот, плејмејкерот О. Џ. Мејо и дебитантот, центарот Кевин Лав.

За НБА сезоната 2009-10, Марко Јариќ и Мемфис Гризлис заеднички се договорија, Јариќ да не присуствува(учествува) во камп за обука или кој било во подготвителниот дел од сезоната. Јариќ доби дозвола да побара нов тим и можен договор за откуп на преостанатите 2 години и 15 милиони долари од неговиот договор. Марко тогаш потпиша со Реал Мдрид на 22 декември 2009 година. На 14 јануари 20011 година, Марко потпиша со Монтепаски Сиена до крајот на сезоната 2010-11.

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Како играч за јуниорската репрезентација, Јариќ го освои златниот медал на ФИБА Европското првенство до 20 години во 1998 година. Како член на сениорската кошаркарска репрезентација на ФР Југославија, Јариќ освои златни медали и на Европското првенство во 2001 година и на ФИБА Светското првенство во 2002 година.

Лични информации[уреди | уреди извор]

Марко Јариќ е син на Среќко Јариќ, пензиониран српски професионален кошаркар. Марко, исто така, има грчко државјанство, под презимето “Latsis”.

На 12 јуни 2008 година, Јариќ се сврши со бразилскиот супермодел Адријана Лима, откако ја запроси на нејзиниот 27 роденден. Двојката се венча во долината Џексон, во Вајоминг, САД, за Денот на вљубените, во 2009 година. Во недела, на 15 ноември 2009 година, во градот Њујорк, Јариќ и Лима му посакаа добродојде на нивното прво дете, ќерка по име Валентина Лима Јариќ. Се разведе со Адријана Лима на 14 март 2016 година во Њујорк.

Статистика во НБА-кариерата[уреди | уреди извор]

ЛЕГЕНДА
ОН Одиграни натпревари ЗН Започнати натпревари МПН Минути по натпревар
% ОП Процент од поле % 3П Процент за три бода % СФ Процент за слободни фрлања
СПН Скокови по натпревар АПН Асистенции по натпревар УПН Украдени топки по натпревар
БПН Блокади по натпревар ППН Бодови по натпревар Bold Најмногу во кариерата

Регуларен дел од сезоната[уреди | уреди извор]

Година Тим ОН ЗН МПН % ОП % 3П % СФ СПН АПН УПН БПН ППН
2002–03 Л.А.Клиперс 66 12 20.9 40.1% 31.9% 75.2% 2.4 2.9 1.5 0.2 7.4
2003–04 Л.А.Клиперс 58 50 30.3 38.8% 34% 73.3% 3.0 4.8 1.6 0.3 8.5
2004–05 Л.А. Клиперс 50 41 33.1 41.4% 37.1% 72% 3.2 6.1 1.7 0.3 9.9
2005–06 Минесота 75 49 28.0 39.9% 30.1% 68.8% 3.1 3.9 1.4 0.3 7.8
2006–07 Минесота 70 13 22.2 41.8% 37.6% 76.1% 2.6 2.1 1.1 0.2 5.3
2007–08 Минесота 75 56 29.2 43% 36.2% 74.2% 3.0 4.1 1.3 0.4 8.3
2008–09 Мемфис 53 0 11.4 33.1% 39.3% 70.7% 1.2 1.4 0.6 0.2 2.6
Вкупно 447 221 25.2 40.4% 34.4% 73% 2.7 3.6 1.3 0.2 7.1

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]