Жарко Чабаркапа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жарко Чабаркапа
Позиција Крилен центар
Висина 211 цм
Тежина 107 кг
Роден 21 мај 1981
Националност Црногорец, Србин
Професионална кариера 1997–сѐ уште
Поранешни тимови Беопетрол (1997–2001)
Будуќност Подгорица (2001–2003)
Феникс Санс (2003–2005)
Голден Стејт Вориорс (2005–2006)
Будуќност Подгорица (2009)
Медали
Натпреварувач за  Југославија
World Championship
Злато 2002 Indianapolis National team

Жарко Чабаркапа (роден на 21 мај 1981 година, во Зрењанин, СР Србија, СФР Југославија) е црногорски кошаркар на позиција крилен центар.

Кариера[уреди]

Пред да замина за САД, Чабаркапа играше за КК Беопетрол и КК Будуќност Подгорица(во тим со неговиот сонародник во НБА, Александар Павловиќ) во Југославија. Играјќи таму, Жарко во просек постигнуваше 8.6 поени, 3.8 скока и 1.5 асистенции по натпревар.

Чабаркапа беше избран од страна на Феникс Санс во првиот круг(вкупно 17-ти) на НБА-драфтот во 2003 година. Во неговата дебитантска сезона, тој беше повреден, ограничувајќи го на само 49 натпревари таа сезона. Во 2005 година, “Сонцата” го разменија во Голден Стејт Вориорс во замена за два пика во вториот круг на драфтот. Со Вориорс-и, Жарко играше на 37 натпревари во сезоната 2004-05 и 61 натпревар во сезоната 2005-06. Жарко имаше проблеми со повреда на грбот, и неговиот договор со Вориорс-и заврши во 2006 година.

По заминувањето од НБА во 2006 година, Чабаркапа престана да игра активно кошарка на возраст од 25 години, заради заздравување од повредите. При крајот на ноември во 2008 година, беше изјавено дека Жарко се приклучува на својот поранешен клуб КК Будуќност Подгорица, но само на тренинзите, гледајќи да се врати себеси во натпреварувачка форма. На 16 јануари, 2009 година, Чабаркапа потпиша со КК Будуќност подгорица. Два дена покасно, на 18 јануари, Жарко го одигра својот прв професионален натпревар по повеќе од две години, настапувајќи 4 минути на дерби-дуелот во Јадранската лига, дома против КК Цибона. Жарко постигна 2 поени, без скокови и без асистенции.

Надворешни врски[уреди]