Дирк Новицки

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Дирк Новицки

Дирк Вернер Новицки (роден на 19 јуни 1978 Вирцбург, Германија) е германски професионален кошаркар кој настапува за тимот на Далас Маверикс во НБА лигата. Висок е 213 цм и тежи 111 кг. Кариерата ја започнува играјќи во локалниот кошаркарски клуб ДЈК Вирцбург. Новицки е селектиран како 9 пик од страна на тимот на Милвоки Бакс во 1998 НБА Драфтот. Истиот ден беше трејдуван во тимот на Далас Маверикс каде игра и до денешен ден.[1]

Новицки е десеткратен учесник на Ол-стар натпреварите и четири пати е избран во првиот тим на НБА. Тој е единствениот Европеец кој ја има освоено МВП наградата за најкорисен играч во сезоната 2006-2007. Негов најголем дострел со тимот на Далас Маверикс беше учество во НБА Финалето во 2006 год. каде загуби од екипата на Мајами Хит со 4-2 во серијата.

Забележителни успеси постигнува и со репрезентацијата на Германија. На Светското кошаркарско првенство во 2002, Германија го освојува третото место, а Новицки беше прогласен за МВП на турнирот. Три години подоцна во 2005 на Европското кошаркарско првенство со Германија беше поразен во финалето од Грција, a како утешна награда го доби МВП трофејот и на ова натпреварување.

[уреди] Наводи

  1. Дирк Новицки – Биографија, nba.com, accessed January 6, 2008
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици