Најкорисен играч на НБА
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Најкорисен играч на НБА (англиски: NBA Most Valuable Player Award или скратено NBA MVP) е награда која лигата НБА ја додеделува секоја сезона од 1955-56. Наградата е наречена „Морис Подолоф трофеј“, именувана по првиот комесар на НБА (од 1946 до 1963 година).
[уреди] Основите
Добитникот на наградата е одбран од спортски новинари и коментари ширум САД и Канаде, пред крајот на регуларниот дел на сезоната. 125 „судии“, бираат по 5 играча, и им доделуваат различен број на бодови. Во последните 25 години, само играчи чии тимови освојуваат 50 победи (сезоната има 82 мечеви) или повеќе, што нагласува избор на играч од добар тим, не само добар играч. Карим Абдул-Џабар ја има освоено оваа награда 6 пати, а Бил Расел и Мајкл Џордан се близу зад него со по 5 титули. Германецот Дирк Новицки е првиот Европеец кој ја има добиено наградата. Актуелен победник е ЛеБрон Џејмс кој го освои второто последователно признание.