Бранко Радичевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бранко Радичевиќ (српски: Бранко Радичевић; Славонски Брод, 28 март 1824 - Виена, 1 јули 1854) - српски поет од времето на романтизмот.

Бранко Радичевиќ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Радичевиќ е роден во Славонски Брод на Сава 28 март 1824 во семејство на Тодор и Ружа Радичевиќ, ќерка на богат вуковарски трговец Јанко Михајловиќ. Бидејќи е роден ден во очи свети Алексиј, по него го добил и името кога е крстен утредента. Пред објавувањето на својата прва книга, своето име ќе го промени во Бранко. Бранковиот татко Тодор бил чиновник, но исто така се занимавал и со литература и го превел од германски јазик Шилеровиот „Вилијам Тел“. Бранко имал брат Стеван и сестра Амалија, која умрела во втора година од животот. Неговото потекло било предмет на расправи, а по едно предание предци му се од Зетеа. Неговото семејство 1830 се преселува во Земун, каде Бранко завршил пет одделенија српска (1830—1832) и германска (1832—1835) основна школа. Во гимназијата во Сремски Карловци се запишал 1836. Сремски Карловци и околното Стражилово имале големо влијание на Бранковите подоцнежни дела, од кои најпознати се „Ученичка разделба“(„Ђачки растанак“), во кој ја израѕува својата желба да биде тука и погребан. По завршено шесто одделение во Сремски Карловци, седмо и осмо одделение е завршил во Темишвар, каде татко му бил преместен 1841 година. Во Темишвар починал брат му Стеван. Година 1843 запишал студии по право во Виена, но после три години студирање се откажува од факултетот. Старото пријателство на семејството Радичевиќ со Вук Караџиќ било најдобрата препорака на Бранко за стапување во кругот на Вуковите соработници и пријатели. Кога му починал братот Стеван, Бранко се збратимил со друг млад Вуков следбеник Ђуро Даничиќ.

Бранко Радичевиќ бил следбеник на идејата на Вук Караџиќ. Својата збирка под наслов „Песни“(„Песме“) ја напишал на народен јазик. Бранко Радичевиќ пишувал љубовни и родољубиви песни. Кога се разболел, почнал да пишува тажни песни (елегии).

Првите стихови Бранко ги напишал уште додека учел во карловачката гимназија, а одушевен од Вуковите реформи поинтензивно почнал да се занимава со книжевна работа. Првата книга песни ја објавил во Виена 1847 година, на чист народен јазик во духот на модерната европска романтичарска поезија. Истата година се објавени и Вуковиот превод на Новиот завет, Даничиќевата „Војна за српски јазик и правопис“(„Рат за српски језик и правопис“) и Његошевиот „Горски венец“(„Горски вијенац“), така што таа година се смета како година на незваничната Вукова победа.

Поради револуцијата која ја зафатила Хабсбуршката монархија, Радичевиќ го напуштил Виена и живеел во разни места во Срем. Славата која му ја донеле првите песни била голема и во Кнежевство Србија, во кое доаѓал неколкупати. Во страв неговото присуство да не предиѕвика немири помеѓу училишната младина, властите го протерале од Белград.

Во тоа време почнал да се разболува од туберкулоза. Се вратил во Виена 1849 и запишал студии по медицина, но продолжил да се занимава со книжевност и 1851 година објавил уште една збирка песни.

Радичевиќ починал на 1 јули 1853 во бечката болница на рацете на Вуковата жена Ана. Имал 29 години. Посмртно збирката песни ја објавил неговиот татко 1862. Српската младина ја исполнила песниковата желба и 1883 године ги пренела неговите остатоци од Виена на Стражилово.

По него се викаат плоштадите во Сремски Карловци и Земун.

Творештво[уреди | уреди извор]

Поради краткиот живот, творештвото на Радичевиќ е скромно по обем и се состои од збирките:

Влијание[уреди | уреди извор]

Јован Дучиќ смета дека Радичевиќ засекогаш ќе остане како поет кој луѓето го читаат на возраст од дваесетина години, зашто тој ги опеал страстите и идеите на младиот свет.[1] По повод преселувањето на посмртните останки на Радичевиќ во Стражилово (според неговата лична желба), српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај ја напишал песната „Бранковата желба“ (Бранкова жеља).[2] Исто така, и српскиот поет Бранко Миљковиќ напишал песна во чест на Радичевиќ, со наслов „Бранко“.[3] Денес, неговото име го носат плоштадите во Сремски Карловци и во Земун, како повеќе училишта во Србија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 293.
  2. Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 155-158.
  3. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, култура, Македонска книга, 1988, стр. 25.