Арсен Дедиќ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Арсен Дедиќ
Arsen Dedić

Арсен Дедиќ vo 2006
Роден(а) Арсеније Дедиќ
Занимање пејач
Активен период 1969–денес
Страница
Официјална страна (хрватски)

Арсен Дедиќ (хрватски: Arsen Dedić) е хрватски композитор, поет, флаутист, пејач, текстописец, аранжер, диригент и музички продуцент. Свири на клавир, гитара и флаута.

Роден е на 28 јули 1938 во Шибеник. Негова сопруга е познатата хрватска пејачка Габи Новак, со која заедно имаат изведено бројни свои композиции. Татко е на две деца - Сандра и Матија. Дедиќ гимназија завршил во родниот град, како и средно музичко училиште. Во Загреб започнал да студира право, но ги прекинал студиите и се запишал на Музичката академија на која дипломирал во 1964 година.

На почетокот од својата музичка кариера настапувал како пејач во повеќе вокални групи, свирел во ансмабли на популарна и џез музика, а напоредно пишувал и текстови за песни на други композитори и пејачи. На музичките фестивали во сите порашени југословенски простори започнал да учествува во 1963 година, кога се појавил како кантавтор на Сплитскиот фестивал. Веќе следната ги објавил антологоските песни „Куќа покрај морето“ и „Moderato cantabile“, а го приредил и својот прв рецитал.

Арсен Дедиќ се смета за еден од втемелувачите на Загребската школа на шансоната, а авторската песна претставува негов основен израз. Пишувал и шлагери, песни за деца, песни за далматински „клапи“ (групи), музика за телевизија, филм и театар, за рекламни спотови итн. Автор е на мјузиклот „Lady Šram“. Има одржано концерти во многу европски земји, во Северна и Јужна Америка, а бил на дури 9 турнеи низ Русија (најмногу во земји од поранешниот СССР). Добитник е на голем број награди од областа на популарната, сценската и филмската музика. Има добиено и награда на Хрватска за животно дело.

Член е на Хрватското друштво на композитори и на Хрватското друштво на писатели.

Има објавено десетина книги поезија, негови песни се преведени на повеќе странски јазици, а е застапен и во антологии на хрватската поезија. Книгата стихови „Брод во шише“, објавена во 1971 година, до денес е продадена во над 60.000 примероци. Објавил и две графичко- поетски мапи, а пишува често и за деца.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици