Битка кај Ангора

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Битка кај Анагора)
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Анагора
Дел од Отоманско-тимурски војни
Battle of Ankara.jpg
Датум 20 јули, 1402
Место Чубук, блиску Анкара
Исход Тимурска победа
Завојувани страни
Timurid.svg Тимурска Империја Flag of the Ottoman Sultanate (1299-1453).svg Отоманска Империја
Grb Lazarevic.jpg Моравска Србија
Команданти и водачи
Тимур
Шах Рух
Калил Султан
Миран Шах
Абу Бакр
Султан Хусејн
Пир Мухамед
Бајазит I заробен
Стефан Лазаревиќ[1][2][3][4]
Сулејман Челебија
Сила
спорно спорно
  • 5,000 до 10,000 Срби
Жртви и загуби
15,000-25,000 убиени или заробени 15,000-40,000 убиени или заробени

Битката кај Анагора се водела помеѓу силите на Отоманската Империја која била предводена од страна на Бајазит I, и Тимурската Империја предводена од страна на Тимур. Битката се одвила на 28 јули 1402 година, во близина на денешниот гред Анкара.

Позадина[уреди]

Во времето на отоманскиот султан Бајазит, од исток се појавиле монголските освојувачи на чело со Тимур. Монголите започнале да им нанесуваат порази на Османлиите во Анадолија. Тимур бил најсилниот владетел на Централна Азија. Тој преку своите походи сакал да ја обнови Монголската Империја. Во 1390 година ја зазел Грузија и Азербејџан, и пристигнал до границите на Отоманската Империја. Бајазит упатил порака кон едно мало емиратство, кое било сојузник на Тимур, да му плаќа данок. По ова, Тимур повел поход кон империјата на Отоманците. Така, во 1400 година го зазел денешниот град Сивас. Во следните месеци, конфликтот се проширил на дипломатско ниво, помеѓу двата владетели. Така, во 1402 година Тимур со своите војски влегол во Анадолија, а од друга страна пак Бајазит со својата се патил за да го пресретне.

Битка[уреди]

Во таа битка учествувал и самиот Бајазит I, заедно со своите синови: Иса, Мехмед, Муса, Мустафа и Сулејман. Во таа битка на страната на Османлиите учествувале и вазалите Стефан Лазаревиќ и Ѓураѓ Бранковиќ, кои биле српски деспоти и учестувале со околу 5.000 оклопни коњаници. Во битката Монголите издвојувале голема победа. Во текот на битката, турските бегови од областите Ајдин, Сарухан, Ментеш и Караманија преминале на страната на Тимур и со тоа битката била решена. Со околу 10.000 јаничари, султанот во ноќта се обидел да побегне но во тоа не успеал па бил заробен од страна на монголската војска. Заедно со него бил заробен и сун му Муса. Другите негови синови се спасиле со бегство, освен Мустафа кој мистериозно исчезнал на бојното поле.

Последици[уреди]

Бајазит во битката бил заробен. Тој бил малтретиран и му служел на Тимур како стол за качување на коњот. Неговата сопруга, Деспина, била принудена гола да му служи на неговата маса. По осум месеци, Бајазит добил удар и починал во март 1403 година. Бурса била заземена и ограбена, како и Смирна од Малтешкиот ред. Многу бргу Тимур решил да се врати кон централна Азија и да ја нападне Кина. По патот, тој починал.

По смртта на Бајазит, во Отоманската Империја избувнала граѓанска војна помеѓу синовите на Бајазит I. Војната завршила во 1413 година, кога Мехмед Челебија се појавил како победник и тој бил прогласен за султан под името Мехмед I.

Наводи[уреди]

  1. Fine, John Van Antwerp, The Late Medieval Balkans, (University of Michigan, 1994), 499.
  2. Hildinger, Erik, Warriors of the Steppe, (Da Capo Press, 2001), 189.
  3. Kinross, John Patrick Douglas Balfour, The Ottoman Centuries, (William Morrow and Company Inc., 1977), 75.
  4. Grousset, Rene, The Empire of the Steppes, (Rutgers University Press, 1991), 451.