Џамија Бајазид II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џамија Бајазид II
Bayezid Mosque.jpg

Џамија Бајазид II во Истанбул

Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Координати 41°00′37″ СГШ 28°57′55″ ИГД / 
Религија Ислам
Осветен 1501
Архитектонски опис
Архитект Јакуб Сах Бин султан Сах
Архитектонски тип џамија
Завршено 1506
Карактеристики
Должина 40 метри
Ширина 40 метри
Купола/ли 1
Висина на купола (однадвор) 44 метри
Пречник на купола (однадвор) 17 метри
Минариња 2
Материјали гранит, мермер

Џамијата Бајазид II (турски: Beyazidye Camii) е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Џамијата била изградена во времето на отоманскиот султан Бајазит II. Во моментот се состои од два минариња.

Оваа џамија била изградена во времето на Бајазит II и претставува втора по големина императорска џамија која била изградена во градот по неговото заземање од Отоманците. Претходно, за една од првите џамии кои биле изградени во градот по 1453 година била Фатих џамија, која доживеала силен земјотрес. Поради овој податок, Бајазитската џамија денеска има големо историско и архитектонско значење.

За архитектот на џамијата е малку познато. Се знае дека неговото име е Јакуб Сах Бин султан Сах. Во 1509 година џамијата била погодена од земјотрес, а по ова започнала поправка на нејзината кула. Во времето на Мимар Синан, во текот на 1573 до 1574 година, џамијата била повторно реновирана. Во текот на 1683 и 1764 година, двете минариња биле опожарени. Еден натпис на влезот од дворот сугерира дека поправките на истите била спроведена во 1767 година.

Зад џамијата се наоѓа една мала градина, која содржи турбе или гробница на султанот Бајазит II и неговата ќерка Селчук Хатун, како и на Големиот Визер Коџа Решид паша.[1]. До градината се наоѓаат продавници, чии намена во почетокот била подршка на џамијата. Поранешните јавни кујни на џамијата биле претворени во библиотека во времето на султанот Абдул Хамид II во 1882 година.

Наводи[уреди]

  1. Freely, Blue Guide Istanbul pp. 151–153

Надворешни врски[уреди]