Фатих џамија
| Фатих џамија | |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Истанбул, Турција |
| Координати | |
| Религија | Ислам |
| Округ | Фатих |
| Осветен | 1463 |
| Архитектонски опис | |
| Архитект | Атик Синан |
| Архитектонски тип | џамија |
| Завршено | 1771 |
| Карактеристики | |
| Дијаметар на купола (однадвор) | 26 метри |
| Минаре/иња | 2 |
| Материјали | гранит, мермер |
Фатих џамија (турски Fatih Camii) е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Таа била изградена од страна на Мехмед II во период од 1463 до 1470 година на местото на поранешната црква Свети Апостоли. Во моментот џамијата вклучува осум минариња, библиотека, болница, караван сарај, маркет, хамам (турска бања). Џамијата била разрушена од земјотрес на неколку пати: во 1509 година и 1766 година. Целосно била направена од страна на Мустафа II.
Содржина |
Историја [уреди]
Џамијата била изградена по заповед на османлискиот султан Мехмед II Фатих во периодот од 1463 до 1470 година[1], на местото каде некогаш се наоѓала византиската црква посветена на светите апостоли. Црквата била разрушена по зазимањето на градот, и дел од нејзините рушевини биле користени за изградба на џамијата. Главен архитект на новиот муслимански храм бил Атик Синан, за кој освен неговото име, друго не е познато.
Првиот пан на муслиманскиот комплекс претставувал комплекс од згради околу храмот. Комплексот вклучувал осум медреси, библиотека, болница, каравансарај, хамам, основно училиште и имарет. Подоцна, кон комплексот биле изградени и неколку турбета. Имал зафатнина од 325 квадратни метри.
Првата џамија била разрушена во 1509 година по еден силен земјотрес. По земјотресот таа била реконструирана, но во текот на својата историја, односно во 1557 и 1754 година, џамијата повторно била разрушувана од земјотрес. На 22 мај 1766 година се случил уште еден голем земјотрес во градот, па главната купола на муслиманскиот храм се срушила. Така, по земјотресот започнала целосна реконструкција на џамијата, и денешниот изглед на џамијата датира од 1771 година, од времето на султанот Мустафа III. За главен архитект бил избран Мимар Мехмед Тахир.
Видете исто [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Encyclopedia of the Ottoman Empire, Gábor Ágoston,Bruce Alan Masters, page 216
- Freely, John (2000). „Blue Guide Istanbul“. W. W. Norton & Company. ISBN 0393320146.
- Babinger, Franz (1992). „Mehmed the Conqueror and His Time“. Princeton University Press. ISBN 0691010781.
- Cruikshank, Dan (1996). „Sir Banister Fletcher's A History of Architecture.“. Architectural Press. ISBN 0750622679.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Фатих џамија“ |